Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 2. дел!
На 21. јуни 2012 г. во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во рамките на „Седмицата посветена на Светото Писмо“ (18. – 24. јуни)
се одржа предавање: Толкување на Беседата на гората (вториот од трите делови на ова предавање). Предавач беше презвитер Ивица Тодоров. Во продолжение, учесниците можеа да поставуваат прашања.
Исус Христос за својата мисија на земјата вели – не сум дојден да ги поништам Тората и Стариот Завет туку да ги исполнам и усовршам. А исполнувањето се состои во надминувањето на ставот од Стариот Завет – не убивај; со ставот на Новиот Завет почитувај го ближниот или не носи дар на олтарот додека не си се помирил со соседот.
Со ова Христос го критикува формалното христијанство. Денес христијаните се збунети, а семејствата се распаѓаат. Ова е повик и до секој од нас поединечно да направиме исчекор во духовниот живот.
Денес страдаме од немање меѓусебна доверба. Исус Христос бара воопшто да не се колнеме, туку да одговараме само со ДА – НЕ и да имаме љубов кон непријателите. Оците на Црквата тврдат дека – колку бргу проштеваш, толку ти е повисоко и духовнот ниво.
Лето Господово 2012
-
Ратислав Кардалев
-
Ена Абјаниќ
Друго:
- Започнува седмицата посветена на Светото Писмо
- МЕСИЈАТА – очекуван од Старозаветниот народ Божји – Израелот и сведочен од Новозаветниот - Црквата
- Трибина: „Зошто голем процент од современите православни христијани НЕ ГО ЧИТААТ
- Предавање: ТОЛКУВАЊЕ НА БЕСЕДАТА НА ГОРАТА – 1. дел!