Според Црквата, ситуацијата со содржините на Интернет бара брза и одлучна акција (13.06.2012 21:19)
Неоходни се ефективни мерки за регулирање на содржините на Интернет, но во исто време треба да има баланс помеѓу контролата на онлајн-средината и слободата на нејзините корисници, рече претседателот на Синодскиот информативен оддел Владимир Легојда.
„И покрај непопуларноста и основаната загриженост во врска со изнаоѓањето на нови инструменти за контрола врз содржината на веб-сајтовите, ситуацијата на Интернет е толку непристојна, па затоа се потребни решителни мерки“, прокоментира претставникот на Московската Патријаршија за предлог-законот, согласно кој Интернет-ресурсите, кои содржат детска порнографија, пропагираат наркотици или повикуваат на самоубиство, можат да бидат затворени без судски налог.
Во согласност со измените на законот „За информации, информатичка технологија и информатичка безбедност“, предложени до Думата, сајтовите со забранети информации треба да се внесат во посебен регистар, за што ќе биде ангажиран „Државен извршен орган, овластен од страна на владата“.
В. Легојда признава дека таквите ограничувања, наметнати од владата, можат да бидат сфатени како прекумерна контрола и атак врз слободата на говорот. Сепак, тој мисли дека е важно да се запомни следното: „Мојата слобода завршува онаму каде што започнува болката на другиот“.
„Грубоста, а понекогаш и агресивното однесување кон ближниот не се дозволени во која било сфера од животот. Зошто интернет-сајтот треба да биде исклучок?“, изјави претставник на Црквата.
„Треба да се гонат сопствениците на сајтовите со непристојна содржина, а не само да се забрани пристапот до веб-страната, бидејќи утре може да се префрлат на друга адреса“, рече В. Легојда.
Извор: Православие.ру
Преземено од: МПЦ-ОА