Тропар
глас четврти
Првомачениче Христов и апостоле, со добар подвиг
си се подвизувал, и си го изобличил безбоштвото на
мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на
беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините,
а на Бога Му се молеше, извикувајќи:
„Господе, не им го земај ова за грев!“
Денес, на празникот на светиот ѓакон и првомаченик Стефан, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот струмички г. Наум и Митрополитот г. Горазд во црквата на светиот великомаченик Георгиј во населбата Чаир во Скопје. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Најнапред спомни го Господи,
Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан,
кого го подари на Твојата Света Црква,
во мир, цел, чесен, здрав, долгоденствен,
правилно да управува со словото на Твојата Вистина.
На многу години, Блаженејши Владико Свет!
(од редакцијата на сајтот на МПЦ)
На многаја лета возљубен Владико Свет!
Од редакцијата на Преминпортал
Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Посети:{moshits}