Во шестата недела по Велигден која светата Црква ја посветува на слепородениот, веднаш по Светата Литургија се изврши Светата Тајна Крстевање над младенецот Антониј. Нашата Заедница под закрила на Мајката Божја која се наоѓа во Лос Ангелес е мала и крстевките се реткост. Затоа овој ден беше и радост на скоро сите членови во Црквата бидејки членството ни се зголеми со усте еден член. На таткото Љупчоо,мајката Весна и на нивните ќерки со кумот Пеце им го честитаме крстевањето на новородениот Антониј со желба да биде достоен член на Светата Христова Црква.
За Преминпортал од Лос Ангелес,
отец Ристо Ристовски