На 21 мај 2012 г. кога Светата Црква ги прославува споменот на Светиот апостол и евангелист Јован; Преподобен Арсениј Велики; Света Емилија, во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје,отец Игор Калпаковски одслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Тропар, глас 2.
Апостоле, возљубен од Христа Бога, побрзај да ги избавиш љуѓето без одбрана, оти, оној што ти дозволи да се потслониш на неговите гради, ќе ти дозволи и даГо помолиш за нас. Него, моли Го, Богослове, да го растера темниот облак на незнабошците, просејќи за нас мир и милост голема.
Свето Евангелие од светиот апостол Јован 35
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „3а суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат слепите, а оние што гледаат, да станат слепи.” Го чуја тоа некои од фарисеите, што беа со Него, и Му рекоа: „3ар сме и ние слепи?” Исус им рече: „Да бевте слепи, грев немаше да имате; а сега велите оти гледате, затоа и гревот ви останува. Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а пресконува од другата страна, крадец е и разбојник; а кој влегува низ вратата, пастир е на овците; нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, и тој ги вика своите овци по име; и ги изведува. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, и овците одат по него, бидејќи му го познаваат гласот негов; а по туѓ човек не одат, туку бегаат од него, оти гласот на туѓиот не го познаваат.” Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие ие разбраа што сакаше да им каже со неа. Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците. Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа.“
Преминпортал
Лето Господово 2012