Снимањето на новиот филм на Столе Попов „До балчак – Приказна од Дивиот Исток“ ќе почне во четврток во демирхисарското село Света, најавија од продукцијата „Триангл филм“. Снимањето ќе трае десет недели и ќе се одвива во околината на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и на Прилеп.
Се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за него” - вели Попов, кој снима филм по 15 години пауза.
Филмот, работен по сценарио на Горан Стефановски, е во копродукција на „Сектор филм“, „Fx3x“ и МТВ. Продукцијата најавува дека во Света има комплетно изграден филмски сет за потребите на филмот и ќе претставува железничка станица - контролен пункт во Отоманската Империја. Филмот е целосно поддржан од Владата и е квалификуван како проект од национален интерес.
Станува збор за сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”.
Се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за него” - вели Попов, кој снима филм по 15 години пауза.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Сашко Kоцев и Мартин Јордановски. Играат: Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Kојо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Kостовска, Владо Јовановски, Kамка Тоциновски и други.Директор на фотографија е Апостол Трпески.