На 05. 05. 2012 година, во предвечерието, во храмот посветен на Св. вмч Георгиј Победоносец, на голема радост за Градот Кочани, со Благослов на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново, од Игуменот на манастирот отец Дамаскин (втора година по ред) беше донесена честица од моштите на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец на поклонение за верниот православен народ . Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи Вечерна Богослужба.
На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесоа моштиите и иконата на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово. После вечерната богослужба во храмот се одржа Духовен Концерт на кој свој настап имаше црковниот хор Свето Благовештени при храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани.
Извор: Брегалничка епархија