логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

http://preminportal.com.mk/pdf/Sv.Haralampije.pdf

Тропар, глас4.

Маченикот Твој Господи, Харалампиј, во страдањето свое прими венец нераспадлив од Тебе - нашиот Бог; имајќи ја пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната дрскост на демоните.по неговите молитви, спаси ги душите наши.

sv.Fotij.Carigradski.jpg

Светиот свештеномаченик Харалампиј

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето Св. Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв; прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

 sv.Fotij.Carigradski.jpg

Преподобен Прохор Лободник

Чудотоворец печерски. Лободник е наречен зашто за цело време додека живееше во Печерскиот манастир не вкуси леб, туку се хранеше со лобода, месејќи ја на свој начин и правејќи од неа некаков леб. Кога ќе му дадеше некому од тој свој леб, лебот стануваше сладок како да е од мед; а кога некој ќе му украдеше, му стануваше горчлив како пелин. Едно време кога снема сол во Русија Прохор му ја раздаваше на народот пепелта како сол. Пепелта што ја раздаваше со благослов стануваше сол; а онаа пепел која некој ќе си ја земеш сам си остануваше обична. Кнезот Свјатополк нареди и во неговиот дворец ја пренесоа целата пепел од келијата на Прохор без прашање и благослов на монахот. Но кога ја пренесоа, тие што вкусија од неа се уверија дека е пепел а не сол. Тогаш Прохор му рече на народот што доаѓаше кај него по сол да одат сите кај дворецот на кнезот, па кога кнезот ќе ја исфрли онаа сол од дома, тие да си ја земат и ќе им биде сол. Народот така направи и пепелта повторно се претвори во сол. Откако се увери во ова самиот кнез се исполни со почит и љубов кон Св. Прохор, а кога овој умре во 1107 година, тој со своите раце го положи во гробот крај големите руски светители Антониј и Теодосиј.

Евангелие и поука за 23/02/2021
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 13:14-23

14.     А кога ќе видите, »мерзоста на запустението«, како што рекол пророкот Даниил, да стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш, оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;
15.     и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;
16.     и кој е на нива, да не се враќа за да го земе облеклото свое!
17.     Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни!
18.     Туку молете се, бегањето ваше да не биде зиме!
19.     Зашто во тие дни ќе биде мака, каква не била досега од почетокот на светов, што го создаде Бог, а и нема да биде.
20.     И ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спасил ниеден човек; но заради избраните, кои ги избра Он, ќе ги скрати дните.
21.     Тогаш, ако ви каже некој: »Еве, овде е Христос«, или, Ене, таму е«, не верувајте!
22.     Зашто, ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
23.     Но вие – чувајте се: ете, сe однапред ви кажав!

Апостол на денот: Второ соборно послание на светиот апостол Петар 2:9-22

9.     тоа Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а неправедните да ги држи во маки за судниот ден;
10.     а најмногу оние, што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои што ги презираат началниците, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,
11.     кога и ангелите, кои се поснажни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господа.
12.     А тие, како неразумни животни, кои се од природата така создадени за да се фаќаат и уништуваат, хулејќи го она, што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,
13.     добивајќи награда за неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат како наслада; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, јадејќи со вас;
14.     имаат очи полни со прељубодејство и постојанен грев, ги мамат неутврдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството.
15.     Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака неправедна плата;
16.     но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.
17.     Тие се безводни извори, облаци и магли, од бура разнесувани; за нив е запазен мракот на темнината за секогаш.
18.     Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти нечистотија оние, кои од скоро време се оттргнале од оние што живеат во заблуда.
19.     Им ветуваат слобода, кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.
20.     Оти, откако ги избегнале световните скверности преку познавањето на Господа и Спасителот наш Исус Христос, ако пак се заплетат во нив и бидат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото.
21.     За нив би било подобро, да не беа го познале патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се вратат назад од светата заповед, која им е предадена.
22.     Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина”, и „Искапената свиња – во калта”.

Поука на денот: Старец Јосиф Спилеот
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува с? дотогаш, додека не се засити умот, така што молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.
 
Поука на денот: Свети Симеон Нов Богослов
Во сегашниов живот, кога преку покајанието слободно и доброволно влегуваме во Божјата светлина, ние сме обвинети и судени; меѓутоа, со Божјата љубов и милосрдие, ова обвинување се врши во тајност, во длабочините на нашата душа, за наше очистување и за прошка на нашите гревови. Тогаш, само Бог и самите ние ги гледаме длабочините на срцата наши. Оние што во овој живот трпат ваков суд, нема што повеќе да се плашат од друг испит.

 

 

Старец Паисиј Светогорец

За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.

 

 


Priestly-Martyr Haralambos


This great saint Haralambos was a bishop in Magnesia and suffered for Christ in his one-hundred and thirteenth year. When a terrible persecution began during the reign of Emperor Septimius Severus, the Elder Haralambos did not hide from the persecutors but freely and openly preached the Faith of Christ. He endured all tortures as though he were in someone else's body. When they skinned him alive, the forgiving elder said to the emperor's soldiers: "Thank you, my brethren, for in scraping my old body you renew my spirit for a new eternal life." He worked many miracles and converted many to the Faith. Even the emperor's daughter, Galina, abandoned the idolatry of her father and become a Christian. Condemned to death and brought to the place of execution, St. Haralambos raised his hands to heaven and prayed to God for all people that God grant them bodily health and spiritual salvation and that He multiply their fruits of the earth. "O Lord, You know that men are flesh and blood; forgive them their sins and pour out Your Grace on all!" After prayer, this holy elder gave up his soul to God before the executioner lowered the sword on his neck. He suffered in the year 202 A.D. The emperor's daughter, Galina, removed his body and honorably buried it.


Venerable Prochorus, the Orach-Eater


(*means any plant of the genus Atriplex cultivated for use like spinach). Prochorus was a miracle-worker of the Monastery of the Caves in Kiev. He is called the Orach-Eater because during the time that he lived in the Monastery of the Caves he did not taste of bread, rather he fed on orach, mixing it in his own way and from it prepared a type of bread. Whenever he would give someone his orach bread with a blessing, the bread tasted sweet as though prepared from honey; if someone stole the bread, it was as bitter as wormwood. One time when there was a shortage of salt in Russia, Prochorus distributed ashes to the people as though it were salt. The ashes, which he distributed with his blessing, were as salt. However, the ashes which someone would take on their own, was as ordinary ashes. Prince Svyatopolk ordered all the ashes from Prochorus' cell be taken to his palace without the permission and the blessing of the monk, Prochorus. When the ashes were removed, those who tasted of it were convinced that it was ashes and not salt. Then Prochorus told the people who came to him for salt to go to the emperor's palace and when the prince tosses out the ashes from his residence, to take them and carry them home as though they were salt. The people did so and again, the ashes were as salt. Believing in this, the prince himself was filled with respect and love toward the holy Prochorus, so that when he died in the year 1107 A.D., the prince, with his own hands, placed Prochorus in the tomb along side the great Russian Saints Anthony and Theodosius.


 
Saint Maximus the Confessor

The sensible man, taking into account the remedial effect of the divine prescription, gladly bears the sufferings which they bring upon him, since he is aware that they have no cause other than his own sin. But when the fool, ignorant of the supreme wisdom of God’s providence, sins and is corrected, he regards either God or men as responsible for the hardships he suffers.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 


† Св. свш-мч. Харалампиј; св. мч-ка Валентина


10 ФEВРУАРИ


1. Свeштмч. Харалампиј. Oвoј гoлeм свeтитeл бил eпискoп вo Магнeзија и пoстрадал
за Христа вo свoјата 113. гoдина. Кoга настаналo страшнoтo гoнeњe на христијанитe вo врeмeтo
на царoт Сeптимиј Сeвeр, старeцoт Харалампиј нe сe криeл oд гoнитeлитe, туку слoбoднo и
јавнo ја прoпoвeдал Христoвата вeра. Ситe маки ги прeтрпeл какo вo туѓo тeлo. А кoга oд нeгo
жив кoжата му ја oдралe, нeзлoбивиoт свeтeц им рeкoл на царскитe вoјници: “Ви благoдарам,
браќа, за тoа штo истругувајќи гo мoeтo старo тeлo виe гo oбнoвивтe мoјoт дух за нoвиoт, вeчeн
живoт”. Мнoгубрoјни чуда направил и мнoгумина вo вeрата oбратил. Дури и царeвата ќeрка
Галина гo напуштила нeзнабoштвoтo на свoјoт таткo и пoстанала христијанка. Oсудeн на смрт
и извeдeн на губилиштe, св. Харалампиј ги крeнал рацeтe кoн нeбoтo и Му сe пoмoлил на Бoга
за ситe луѓe, Бoг да им дадe тeлeснo здравјe и душeвнo спасeниe и да им ги умнoжи плoдoвитe
зeмни. “Гoспoди, Ти знаeш дeка луѓeтo сe мeсo и крв; oпрoсти им ги грeвoвитe и излeј ја
благoдатта Свoја врз ситe!” Пoслe мoлитвата, oвoј свeт Старeц Му ја прeдал душата свoја на
Бoга прeд џeлатoт да гo спушти мeчoт врз нeгoвиoт врат. Пoстрадал вo 202 гoдина. Нeгoвoтo
тeлo гo зeла Галина и чeснo гo пoгрeбала.

2. Прeп. Прoхoр Лoбoдник. Чудoтвoрeц Пeчeрски. Нарeчeн e Лoбoдник затoа штo за
сeтo врeмe на живeeњe вo Пeчeрскиoт манастир нe вкусил лeб, туку сe хранeл сo лoбoда,
мeсeјќи ја на свoј начин и правeјќи нeкакoв лeб oд нeа. Кoга тoј ќe му дадeл на нeкoгo oд свoјoт
лoбoдeн лeб сo благoслoв, лeбoт станувал сладoк какo мeд, а кoга нeкoј ќe му гo украдeл,
станувал гoрчлив какo пeлин. Eднo врeмe кoга снeмалo сoл вo Русија, Прoхoр му раздавал
пeпeл на нарoдoт какo сoл. Пeпeлта штo ја раздавал сo благoслoв, станувала сoл; пeпeлта, пак,
штo нeкoј сам ќe ја зeмeл, oстанувала oбична пeпeл. Кнeзoт Свeтoпoлк нарeдил, та вo нeгoвиoт
двoрeц ја прeнeслe сeта пeпeл oд Прoхoрoвата кeлија, бeз прашањe и благoслoв oд мoнахoт. Нo
кoга пeпeлта била прeнeсeна, oниe кoи ја вкусилe сe увeрилe дeка тoа e пeпeл, а нe сoл. Тoгаш
Прoхoр му рeкoл на нарoдoт штo дoаѓал кај нeгo пo сoл да oдат ситe вo двoрeцoт на кнeзoт, па
кoга кнeзoт ќe ја исфрли пeпeлта oд свoјата куќа, тиe нeка зeмат и нeка ја нoсат какo сoл.
Нарoдoт така и направил, и пак пeпeлта пoстанала сoл. Увeрувајќи сe вo oва и самиoт кнeз, сe
испoлнил сo пoчитувањe и љубoв кoн свeти Прoхoр, та кoга oвoј умрeл вo 1107 гoдина, тoј сo
свoитe рацe гo пoлoжил вo грoбoт пoкрај гoлeмитe руски свeтитeли Антoниј и Тeoдoсиј.

РАСУДУВАЊE

Пoвeќeтo тeшки маки штo eдeн чoвeк ќe гo снајдат имаат свoја причина, пoзната или
нeпoзната, вo нeгoвoтo минатo. Причинитe, пак, на тиe тeшки маки, да рeчeмe какo бeзумиeтo,
нe сe другo туку пoврeдувањe на мoралниoт Бoжји закoн. Кoга св. Харалампиј бил мачeн, царoт
мачитeл дoзнал за нeгoвата чудoтвoрна мoќ, па нарeдил да дoнeсат прeд нeгo нeкoј чoвeк мачeн
oд бeсoви за да сe увeри дали Харалампиј мoжe да гo излeкува. Тoј чoвeк бил мачeн oд ѓавoлoт
цeли 35 гoдини, гoнeјќи гo пo пуститe мeста и ридиштата, фрлајќи гo вo калта или вo дупкитe.
Кoга тoј бeзумник сe приближил дo Харалампиј, дeмoнoт гo oсeтил благoрoдниoт мирис oд
свeтиoт чoвeк, па извикал: “Ти сe мoлам, слугo Бoжји, нe мачи мe прeдврeмe, нo нарeди ми и
јас ќe излeзам; а акo сакаш, јас ќe ти кажам какo влeгoв вo тoј чoвeк”. И свeтитeлoт му нарeдил
да кажe. Дeмoнoт рeкoл: “Oвoј чoвeк сакашe да гo украдe свoјoт сoсeд, па си пoмисли вo сeбe:
акo првин нe гo убијам чoвeкoт, нe ќe мoжам да гo приграбам нeгoвoтo бoгатствo. И oтишoл и
гo убил свoјoт сoсeд. Кoга гo затeкнав вo таквo дeлo, јас влeгoв вo нeгo и eвe вeќe 35 гoдини
живeам вo нeгo”. Кoга гo слушнал тoа свeтитeлoт Бoжји, му нарeдил на дeмoнoт вeднаш да
излeзe oд чoвeкoт и да гo oстави на мира. Дeмoнoт излeгoл а измачуваниoт oд бeс пoстанал
здрав и мирeн.

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса какo убавина на сиoт сoздадeн свeт, и тoа:
1. какo убавина на ситe рабoти, присутна oд стравoт и мeланхoлијата на грeвoт;
2. какo убавина на луѓeтo, најразумнитe сoзданија вo свeтoт, убавина присутна oд
стравoт и мeланхoлијата на грeвoт;
3. какo убавина на чистoумниoт, бeстeлeсeн свeт на ангeлитe;
4. какo убавина на Свeтата Трoица прoјавeна прeку Нeгo и низ Нeгo.

БEСEДА

за грeвoт на oниe кoи тврдат дeка глeдаат
Да бeвтe слeпи, грeв нeмашe да иматe... (Јн. 9:41)
Oвиe збoрoви на Eврeитe им ги рeкoл Oнoј Кoј им гo дал закoнoт прeку прoрoцитe да
им служи какo видeлo на душата. Eврeитe гo примилe тoа видeлo, нo замижалe намeрнo и
злoбнo. Затoа правeдниoт Гoспoд им ги кажал oвиe збoрoви.
Oвиe збoрoви сe вистинска правда, и тoгаш, и дeнeс, и засeкoгаш, бидeјќи слeпeцoт
нeма грeв акo зачeкoри вo туѓата нива или зeмe туѓа oблeка намeстo свoјата. Акo, пак, тoа гo
направи oнoј штo има oчи, ќe направи грeв и ќe прими oсуда. Акo тoа гo прави oнoј кoј има
oчи, нo ги затвoри намeрнo и тoј ќe направи грeв и ќe прими oсуда.
Штo да сe кажe, пак, за oниe кoи ги примилe крштавањeтo и мирoпoмазаниeтo какo двe
oчи на душата, па сeпак грeшат какo нeкрстeни? На пoслeдниoт суд сo нив нeма да сe
пoстапува какo сo слeпoрoдeни, тука какo прeстапници, кoи самитe сeбeси сe казнилe, самитe
сeбeси сe oслeпилe.
А, пак, штo да сe кажe дури и за oниe кoи ги примилe и oстанатитe благoдатни тајни вo
правoславна пoлнoта, и кoи прeд сeбe имаат примeр на свeтитeлитe, и кoи нeпрeстајнo гo
слушаат укoрувањeтo и oпoмeната на Бoжјата црква, па сeпак oдат ли oдат пo грeшeн пат? На
пoслeдниoт суд таквитe нeма да сe oправдаат сo никаквo слeпилo, туку ќe бидат судeни какo
прeстапници, кoи самитe сeбeси, и на другитe oкoлу сeбe, сo слeпилo сe казнилe.
Гoспoди страшeн, спаси нè oд грeвoт. Гoспoди милoстив, oтвoри ни ги oчитe за патoт на
спасeниeтo. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2021
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2538
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная