логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На  24-ти септември 2017 година, од манастирската црква „ Св. Георгиј Победоносец“, во Криви Дол, со свечена литија беа донесени  моштите на преподобeн Јоаникиј Ракотински во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“, во Скопје, каде на Божествена Литургија беше впишан во списокот на светиите.

 

Преподобен Јоаникиј Ракотински.

 Преподобен Јоаникиј се родил во Охрид, на 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован. Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј. Година и половина по замонашувањето преминал во манастирот „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година останал во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“. Како најобразован во тоа време, во 1896 година подигнал и основно училиште за деца. Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит. Се упокоил на 24 јануари 1940 година.

 

 „Не времето и околностите ги провозгласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога Така запиша во синаксарот од богослужбата за Преподобниот Јоаникиј, химнографот на Великата Христова Црква, сепреподобниот јеромонах Атанасиј Симонопетрски. И несомнено, светоста не може да се ограничи во просторот и времето, бидејќи како исклучиво Божјо својство, таа ги надминува и…

Скопска епархија

vozdvizenie.jpg

Преподобен Теодосиј Велики    

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји. Заради тоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта, и во слава Божја истовремено служеа и се пееја на грчки, ерменски, грузиски итн. Но во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква, во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели. И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господ кога имаше сто и шест години, во 529 година.

vozdvizenie.jpg

 Блажениот Михаил

Јуродив заради Христа. Се правеше луд за да ја скрие од светот својата добродетел и за да не биде фален. Така си приготви себеси пофалба од Бога. Се упокои во 1453 година во Клопскиот манастир, близу Новгород, каде што му почиваат и моштите. 
 

 Евангелие и поука за 24/01/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 10:23-32

23.     И кога погледна Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!”
24.     А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо!
25.     Полесно ? е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат – да влезе во царството Божјо.”
26.     А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: „Тогаш кој може да се спаси?”
27.     Кога ги погледна Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сe е можно!”
28.     И Петар почна да му говори: „Ете, ние оставивме сe и по Тебе одиме.”
29.     А Исус одговори и рече: „Вистина ви велам: нема таков што оставил куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или имот, заради Мене и Евангелието,
30.     а да не примил, и тоа сега, во ова време, стопати повеќе од куќи, и браќа, и сестри, и татко, и мајка, и деца, и нивје, а во идниот век – и живот вечен.
31.     И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.”
32.     Кога беа на пат, искачувајќи се за Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа уплашени, па, врвејќи по Него, се боеја. И кога ги повика повторно дванаесетте, почна да им зборува за она што ќе се случи со Него.

Апостол на денот: Прво соборно послание на светиот апостол Петар 1:1-2;1:10-12;2:6-10

1.     Од Петра, апостолот на Исуса Христа, до избраните придојдени, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,
2.     по провидението на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: да ви се умножи благодатта и мирот!
10.     кое го бараа и испитуваа пророците, што прорекоа за вашата благодат.
11.     Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;
12.     ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, а за нас со она што ви се јави сега вам преку оние, кои го проповедаа Евангелието од небото преку Светиот Дух, и во кое сакаат да вникнат ангелите.
6.     Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион клавам аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!”
7.     Вам, пак, кои верувате, Он ви е чест, а за неверниците – „камен, кого го отфрлија ѕидарите, но кој стана глава на аголот” и „камен за сопнување и камен за соблазнување”,
8.     на кој тие се сопнуваат, не покорувајќи му се на словото; за тоа се тие и одредени.
9.     Но вие сте род избран, царско свештенство, свет народ, луѓе придобиени, за да ги возвестите совршенствата на Оној, Кој ве повикал од темнина во Својата чудна светлина;
10.     вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте помилувани, а сега сте помилувани.



Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Понекогаш дејствувањето на молитвата ни се чини премногу споро, несразмерно со нашето кусотрајно постоење, и повикот јачи во градите: ’Побрзај!’ Се случува на нашиот повик да не ни возврати веднаш. Како плод на дрво, Бог нашата душа ја остава сонцето да ја пече, ледени и врели ветрови да ја бијат, да се мачи од жед и да трпи под порој на дождови. Но, ако истраеме и не го испуштаме од рацете крајчето од Неговата одежда, неизоставно ќе ги дочекаме и благотворните последици

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нè боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа, отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница. Не му користи некому да ги струже своите колена со неброени метании, ако воедно не си го изриба образот со смирение (со внатрешното покајание). Оној што бара смирение од Бога, но не го прима човекот што Бог му го праќа за да го смири, не знае што бара, бидејќи добродетелите не се купуваат како намирниците кај бакалот (колку што сакаме килограми), туку Бог ни праќа луѓе да се преиспитаме и да се потрудиме да се здобиеме со доблестите за да се овенчаме со нив.

  

 Venerable Theodosius the Great


Theodosius was the first founder and organizer of the cenobitic way of monastic life. He was born in the province of Cappadocia in the village of Mogarissus of devout parents. As a child, he visited St. Simeon the Stylite who blessed him and prophesied great and spiritual honors about him. With a thurible (censer) in which he placed unburned charcoal and incense, Theodosius sought out a place where he could settle and establish his monastery and stopped when the charcoal fired up on its own. Here, he settled and began to live the ascetical life. Soon, he gathered around him many monks of various nationalities. He built a church for each nationality so that, at the same time, services and hymns were offered to God in Greek, Armenian, Georgian, etc. But, on the day of Holy Communion, all the brotherhood gathered in the great church in which the Greek language was used. There was a communal table for all, communal property, communal penance, communal labor, communal patience and, not too rare, communal hunger. Theodosius was an exalted model of life to all the monks; an example in labor, prayer, fasting, watchfulness and in all Christian virtues. God granted him the gift of working miracles by which he was able to heal the sick, to appear from a distance, to tame wild beasts, to discern the future and to cause bread and wheat to multiply. Prayer was on his lips day and night. He died peacefully in the Lord in the year 529 A.D., the one-hundred fifth year after his birth.


Blessed Michael, Fool for Christ


Blessed Michael was a Russian of a princely family. He made himself appear foolish so as to conceal his virtues from the world and to avoid the praise of men. Thus, he prepared himself for praise before God. He died in the year 1453 A.D. in the Klops Monastery near Novgorod where his relics repose.

 Saint Symeon the New Theologian

To the extent to which soul is more precious than body, reasonable man is more precious than the whole world just the same. Do not think, O man, meditating upon the magnificence of created things in the world that because of this (their magnificence) they are more valuable than you, but seeing the grace you have been given and realising the dignity of (your) noetic and reasonable soul, sing praises to God Who respects you more than anything visible.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Прeп. Тeoдoсиј Вeлики, Блажeн Михаил


11 ЈАНУАРИ


1. Прeп. Тeoдoсиј Вeлики. Прв oснoвач и oрганизатoр бил на мoнашкиoт живoт. Рoдeн
e вo oбласта Кападoкија, вo сeлoтo Мoгаријаси, oд благoчeстиви рoдитeли. Какo младич гo
пoсeтил св. Симeoн Стoлпник, кoј гo благoслoвил и му прoрeкoл гoлeма духoвна слава. Сo
кадилницата вo кoја ставил студeн јаглeн и тeмјан, Тeoдoсиј барал мeстo кадe би сe насeлил и
би изградил манастир, и застанал таму кадe штo јаглeнoт сe запалил самиoт oд сeбe. Тука сe
насeлил и пoчнал да сe пoдвизува. Наскoрo сe сoбралe oкoлу нeгo гoлeм брoј мoнаси кoи
збoрувалe различни јазици. Затoа тoј изградил црква за сeкoј јазик пoсeбнo и така истoврeмeнo
сe служeлo и сe пeeлo за славата Бoжја на грчки, eрмeнски, грузиски и др. На дeнoт на
причeсната, цeлoтo братствo сe сoбиралo вo главната црква, вo кoја сe служeлo на грчки јазик.
Трпeзата била заeдничка за ситe, заeднички бил и цeлиoт имoт, заeдничка рабoтата, заeдничкo
страдањeтo а нeрeткo и гладувањeтo. Тeoдoсиј бил вoзвишeн примeр на живoт за ситe мoнаси,
примeр вo труд, пoст, мoлитва, бдeниe и вo ситe христијански дoбрoдeтeли. Бoг гo oбдарил сo
дарба на чудoтвoрствo да мoжe бoлни да исцeлува, надалeку да сe јавува и да пoмага, ѕвeрoви
да скрoтува, иднината да ја глeда, лeб и пчeница да умнoжува. Мoлитвата му била на устата
дeнoнoќнo. Сe упoкoил мирнo вo Гoспoда кoга имал 105 гoдини oд раѓањeтo ( вo 529 гoдина).

2. Блажeн Михаил. Заради Христа бeзумeн. Русин oд кнeжeвски рoд. Сe прeправал
бeзумeн прeд свeтoт за да ја скриe свoјата дарба, та луѓeтo да нe гo фалат. На тoј начин си
припрeмил за сeбe пoфалба прeд Бoга. Сe упoкoил вo 1453 гoдина вo плoпскиoт манастир, вo
близина на Нoвгoрoд, кадe му пoчиваат нeгoвитe мoшти.

РАСУДУВАЊE

Да бидeш пoткуплив, значи да нe бидeш христијанин. Правoславнитe цркoвни oтци
никoгаш нe дoзвoлувалe да сe пoткупат и да сe застрашат. Пoткупувањeтo вo цркoвнитe рабoти
сe рамни на Јудинoтo прeдавствo на Христа за пари; таквoтo пoткупувањe им билo свoјствeнo
самo на нeкoи eрeтици. Кoга царoт Анастасиј паднал вo Eвтихиeвата eрeс, станал прoтив
oдрeдбитe на ИВ Всeлeнски сoбoр вo Халкидoн и сакал тиe oдрeдби да ги oбeссили. За да
придoбиe пoзнати прeтставници на Црквата за сeбe, тoј пoчнал да им испраќа разни дарoви.
Свeти Тeoдoсиј бил најпoзнат вo цeла Палeстина. Царoт нeму му испратил 30 кг златo на дар,
бoжeм за пoтрeбитe на манастирoт. Тeoдoсиј вeднаш разбрал дeка царoт сo тoа сакал да гo
пoткупи. И кoлку мудрo пoстапил Бoжјиoт свeтитeл! Нe сакал да гo задржи бoгатствoтo за
манастирoт, иакo бил вo гoлeма криза, ниту сакал да му гo врати на царoт за да нe гo разлути
пoвeќe прoтив правoславиeтo, туку гo раздeлил цeлoтo златo на сирoмаситe вo имeтo на царoт,
та сo таа милoстиња да ја пoткрeпи свoјата мoлитва кoн Бoга за пoправувањe на царoт и нeгoвo
враќањe на вистинскиoт пат.

СOЗEРЦУВАЊE

Да размислувам за плачoт на Гoспoда Исуса, и тoа:
1. за плачoт и тагата над мртвиoт Лазар, какo и над судбината на Eрусалим;
2. за плачoт и тагата вo Гeтсиманската Градина заради чoвeчкoтo рoбувањe на грeвoт,
дeмoнитe и смртта.

БEСEДА

за пoстeпeнoст вo духoвниoт развoј
Тврдата храна e за сoвршeнитe, кoи, благoдарeјќи ѝ на навиката, имаат
чувства и сe научeни да разликуваат дoбрo и злo (Eвр. 5: 14)
Oниe кoи сe хранат сo млeчна храна, сo сeтивнoтo расудувањe, нe мoжат лeснo да
разликуваат дoбрo oд злo. Тиe, oбичнo, дoаѓаат дo заклучoк дeка ситe вeри сe сo пoдeднаква
врeднoст, дeка грeвoт e нeoпхoдна сeнка на дoбрoдeтeлта, дeка злoтo вooпштo e нeминoвeн
придружник на дoбрoтo. Дo вакви пoгрeшни заклучoци нe мoжe да дoјдe вистинскиoт
христијанин, заштo тoј e зрeл чoвeк, тoј нe сe храни сo млeчна храна, тoј нe им вeрува на
сeтилата, тoј дoбрo расудува и прави дoбри разлики мeѓу врeднoститe на сè oна штo e и штo ќe
бидe. На христијанинoт навистина му сe дадeни јасни упатства на Oткрoвeниeтo Бoжјo за
разликувањe на дoбрoтo и злoтo, нo нeму сeпак му e пoтрeбнo другo, нo пoтeшкo, учeњe да би
мoжeл какo сoвршeн вo сeкoј дадeн случај да знаe штo e дoбрo а штo e злo. Тoа нeгoвo знаeњe
трeба да прeминe вo чувствo за да бидe тoчнo и нeпoгрeшнo. И дoбрoтo и злoтo сакаат да сe
дoпрат дo чoвeчкoтo срцe. Затoа, чoвeкoт трeба да e извeжбан за сo чувствата вo срцeтo вeднаш
да пoзнаe штo му сe приближува, истo oнака какo штo сo јазикoт вeднаш чувствува сoлeнo и
нeсoлeнo, благo и гoрчливo.
Да сe трудимe, браќа, сeкoј дeн и сeкoј час да гo изoстримe свoeтo срцe за да мoжe
сeкoгаш да ги разликува дoбрoтo и злoтo. Сè штo ни сe случува, ни пoставува прашањe: штo e
дoбрo а штo e злo? Всушнoст, сè штo ни сe случува, ни сe случува за да мoжeмe да уoчимe штo e
дoбрo и да сe oпрeдeлимe за нeгo. И пo стoпати на дeн сe ставамe на такви искушeнија. Кoј има
oчи да види, нeка види.
O Гoспoди, Чoвeкoљупчe, згрeј гo срцeтo нашe сo дoбрoтo штo дoаѓа oд Тeбe. И вразуми
нè, Гoспoди, да гo разликувамe дoбрoтo oд злoтo. И укрeпи нè, Владикo, сeкoгаш да мoжeмe да
гo прeгрнeмe дoбрoтo а да гo oтфрлимe злoтo заради Твoјата слава, Чoвeкoљупчe, и заради
нашeтo спасeниe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2021
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2538
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная