логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 hRISTOS.Car.jpg

АТМОСФЕРА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ДОМ


 „Молете се без престан” (1. Сол. 5,17). Домот е благословен кога секојдневните задачи се извршуваат со молитва. Храната која се готви со љубов и молитва претставува благослов за сите кои ја земаат. Кога се облекуваме можеме да се  молиме: „Облечи ме во правдата Твоја Господи”. Кога ја напуштаме куќата или кога влегуваме во неа, можеме да се молиме: „Господи благослови го моето влегување и моето излегување”. Вообичаено е исто така, да се прекрстуваме и молиме на почетокот на секое патување.
 
Еве уште еден извадок од дневникот на отецот Јован Кронштатски: „Во сѐ и во секое време угодувај му на Бога и мисли на спасението на душата своја од гревови и ѓаволот  и за усвојувањето на душата од Бога. Си станал од постелата, прекрсти се и кажи: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух”; и уште „Господи, удостој не и овој ден да бидеме сочувани од гревот и научи ме да ја извршувам вољата Твоја” (на утрена Славословие). Ако се капеш дома или во бања, говори „Господи  пороси ме со исоп и ќе се очистам; изми ме и ќе бидам побел од снег” (Пс. 51, 10).  Ако облекуваш  бела облека, мисли за чистотата на срцето и искај од Бога чисто срце:„ Дај ми Боже, срце чисто”. Ако си сошил нова облека и ја облекуваш, мисли за обновувањето на духот и вели:„ Господи, дух прав обнови во мене” (Пс. 50, 10).
 Ако ја соблекуваш од себе старата облека немарно, мисли со поголем презир за свлекувањето на стариот човек, грешниот, страсниот, телесниот; ако јадеш сладок леб, мисли за вистинскиот Леб, т.е. посакувај почесто да се причестуваш со него; ако пиеш вода или чај или мед сладок или друго питие, мисли за вистинското Питие, кое ги гаси душите запалени со страсти-за пречистата и животворна Крв на Спасителот; ако се одмораш преку ден, мисли за вечниот одмор, подготвен за оние  ко се подвизувале овде во борбата со гревот, со духовите на злобата под небото, со неправдите, незнаењето и човечката грубост; ако си легнал ноќе да спиеш, мисли за сонот смртен кој порано или подоцна неизоставно ќе дојде за сите нас и за онаа, темна, вечна и страшна ноќ, во која ќе бидат фрлени сите непокајани грешници; кога го среќаваш денот, мисли за незалезниот, вечен и пресветол-посјаен од сегашниот сончев ден-Денот на Царството Небесно, во кое ќе се радуваат сите кои му угодија на Бога ил од сѐ срце Му се покајаа во овој привремен живот.
 
 Ако одиш некаде, мисли за правилноста за духовното одење пред лицето Божјо, и говори: „Чекорите мои управувај ги по словото Свое и да не завладее со мене никакво беззаконие (Пс. 119,133). Ако работиш нешто, погрижи се таа работа да ја работиш со мисла за Бога Творецот, кој се создал со бескрајна премудрост, со добрината Своја, семожноста Своја и тебе те созадал по сликата и приликата Своја.
 
Ако добиваш пари или некакво богатство или го имаш, мисли дека е непотрошливо нашето Богатство, од кого потекнуваат сите блага на душата и телото, она кое е  извор од кој вечно истекуваат сите добра-Бог но, подели им од својот имот на оние кои имаат потреба, сиромашните и бедни браќа свои, кои затоа се оставени во овој живот за да можеш на нив да ја докажеш својата љубов и благодараност кон Бога, та да се удостоиш на награда од Него во вечноста.
 
Ако видиш сребрен блесок (т.е сребро), не лажи се со него, туку мисли како треба душата да ти биде обелена и да блеска со доблестите Христови; а ако видиш златен блесок (или злато), не лажи се со него, туку спомни си дека душата треба да ти биде злато со оган исчистено и дека Господ сака да те огрее, како сонце (Лк.11,36), во вечното и светло Царство на Отецот Свој и дека ќе го видиш незалезното Сонце на Правдата-Бог во Три Личности, Пресветата Владичица Богородица и Сите Небесни Сили и Светите луѓе, исполнети со неискажлива светлина и со сјајот на избликот на светлоста.”* 
 
Во една од поуките на пустинските Отци, читаме како храната која ја подготвувал некој монах била многу омилена меѓу браќата. Останатите отци го зпрашале во една прилика што особено има во начинот на подготвувањето или во состојките, а тој одрекуваше дека тука има нешто особено освен  варена леќа.  По многу наговарање тој ја призна својата тајна: во секоја фаза на подговтвуањето на јадењето тој имал обичај да ја изговори молитвата на покајание.
 
Иако може да има многу работа, мајката дома има повеќе време за молитва од  кој било, што работи надвор од куќата. Воопшто, вработената мајка би смеела да заработува надвор од куќата само доколку за тоа постојат издржани причини, но притоа да не го изгуби чувството дека семејството е нејзината главна должност.  Нејзината плата мора нависитина да е неопходна на семејството. Промената на домашната средина во некои случаи може да биде психолошки неопходна, но тоа не значи дека на мајката и е потребна полна работна кариера. Присуството на мајката во домот има благотворно влијание на односите во семјството и тоа добро се изразува со поговорката: „мајката дома  е како срцето на место”. Духовната улога на мајката во семејниот организам е повредна од каква било  финансиска помош која таа може да ја обезбеди; духовната улога на мајката е незаменлива, особено во потесното современо семејство, кое го сочинуваат само таткото, мајката и децата.

 Понекогаш родителите се жалат дека се премногу вработени или уморни за да можат да го исполнат молитвеното  правило. Меѓутоа, секој може редовно (на пр. секој час или на половина час) да се помоли еднаш, полека, со сето свое битие, исфрлајќи сѐ останато од својот ум, со зборовите: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот”. Јачината на молитвата, дури и вака кратка, дејствува  на тој начин што чувството на молитва и присуството Божјо останува присутно долго време после тоа, иако таа личност е преокупирана со други работи; на тој начин може да остане во молитвена состојба сѐ додека не ја изговори молитвата следниот пат.

 Луѓето велат дека го забораваат Бог кога не се во храмот (црквата). Самато наше семејство треба да биде „Црква во мало” (свети Јован Златоуст). Нашиот дом треба да биде осветен, украсен со икони и намирисан со темјан. Понекогаш може да биде корисно слушањето на литургијско пеење. Меѓутоа, не треба да се лишиме и од „обични” слики или друга нецрковна музика, ниту треба да се избегнува разговорот за „светските работи” во кругот на своето семејство или со пријателите.  Многу е поделотоворно да се обидеме секогаш да пребиваме во духот на молитвата во своите срца, свесни за присуството Божјо. Секое утро би можеле вака да се помолиме:„ Господе, погледај на моите деца и тогаш кога тие не се сеќаваат на Тебе”.

* Мy life in Christ, Jordanville, Holy Trinity Monastery, 1984, , според српскиот превод, Мој живот у Христу, Београд, 1984, стр191-192.
 
 

 Од книгата: Васпитајте своје дете од с. Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)

 

Друго:

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная