логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Stefan.Petkovden.jpg

  Христијани во светот, но не од светот

Христијаните живеат на земјата, но над сè земно; меѓу луѓето, но над сè човечко; ограничени, но слободни; притеснети, но од ништо поробени; во светот немаат ништо, но сите богатсва се нивни; живеат двоен живот - едниот презирачки, а другиот грижлив; преку смртта се бесмртни; со откажување од нештата се соединети со Бога; не знаат за страсна љубов, туку горат од Божествена и бестрасна љубов; нивното наследство е Изворот на светлината...

Ако се нарекуваш христијанин и Го исповедаш Христос за Бог, својата исповед докажи ја со своите дела.

Не е лесно меѓу добродетелите да ја најдеш најдобрата и на неа да ѝ дадеш предност и првенство, како што не е лесно во  многуцветната и мирислива градина да се одбере најубавиот цвет, оној кој најубаво мириса, бидејќи еднаш еден, друг пат друг го привлекува твојот поглед и сетилото за мирис, мамејќи те да го скинеш. Секоја добродетел води кон спасение на посебен начин, без сомнение доведувајќи те во некое од вечните и блажени живеалишта. Зашто како што има различни начини на живот, така има и многу живеалишта при Бога (Јован 14, 2), и тие се расподелуваат и на секој му се одредуваат според неговото достоинство. Затоа, еден нека се исполни со една добродетел, друг со друга, некој со многу, а некој, ако може со сите; само секој нека чекори без запирање, нека се стреми напред и неотстапно нека ги следи стапките на добриот Патоводител Кој право го насочува неговиот пат, водејќи го по тесната патека, низ тесна врата (Мат. 7, 14) кон недогледните пространства на небесното блаженство.  

Но, ако според Павловото учење и зборовите на Христос, како прва и најголема заповед треба да се почитува љубовта, на која висат целиот закон и пророците (Мат. 22, 37-40; 1 Кор. 13, 13), тогаш треба да се држиме до неа, како што јас мислам – љубов кон сиромашните, сожалување и сострадање кон оние кои се од нашиот род. Зашто ниту едно служење не Му е толку угодно на Бога како милосрдието, бидејќи тоа Му е Нему најсродно, пред Тоа лице одат милоста и вистината (Пс. 88, 14) и Нему Му приличи дарот на милосрдие, над секој суд. Праведниот Дарител, Кој ја постави на кантар Својата милост, со Своето човекољубие нема ништо така да награди како нашето човекољубие. Затоа, според заповедта која нè учи да се радуваме со радосните и да плачеме со оние кои плачат (Рим. 12, 15), должни сме да ги отвориме дверите на милосрдието за сите сиромашни, сите кои страдаат, од било која причина; должни сме, како луѓе, на луѓето да им принесуваме жртви на добри дела, без разлика поради која причина бараат помош: вдовство или сираци, или прогонство од родниот крај, или суровост и годрост од владетелот, или нечовечко собирање данок, или од убиствената рака на разбојникот, или алчноста на крадецот, или заплена на имотот, или бродолом. Зашто сите тие имаат исто право на сожалување, и еднакво гледаат на нашите раце, како што и ние своите очи ги насочуваме кон Божјата десница, барајќи добра од Бога. 

Свети Григориј Богослов
  (07.02.2012)

 Извор:

МПЦ

MPC.sajt.jpg

(07.02.2012) 
 
Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная