логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПО ПРЕМУДРОСТА БОЖЈА, ГРЕВОВИТЕ СОДЕЈСТВУВААТ НА СМИРЕНИЕТО И СПАСЕНИЕТО НА ЧОВЕКОТ

1950 г.

Почитуван...!
 Ви посакувам мир, мир Божји, кој го надминува секој разум и го соединува човекот со Бога. За да го осени мирот човекот, тој сам треба да се потруди околу придобивање на душевно настроение, трпение пред недостатоците кај другите и опростување на секоја навреда.
 „Бремето, еден со друг носете го и така исполнете го законот Христов“, а оној кој го исполнил законот Христов, ќе биде осенет од мирот Христов, кој го надминува секој човечки разум. Тој мир го прави човекот нечувствителен за (сопствените) земните неволји и страдања, му згаснува секое интересирање за овој свет, го влече кон Небото, раѓа во неговото срце љубов кон сите, која ги покрива сите недостатоци на ближниот, така што тој не ги ни забележува и го тера да го сака повеќе од себеси. На тој мир се повикани и сите што веруваат во Христа, а особено монаштвото. Ако од тоа нема ништо, тогаш барем да заплачеме пред Бога, зошто сме ништожни, кутри и сиромашни од секое добро, па ќе престанеме да се осудуваме еден со друг, распознавајќи дека сме неспособни и дека се наоѓаме во опасност да бидеме отфрлени од Господа. „Го лекувавме Вавилон и не го исцеливме“. Уште ли ќе нè трпи Господ? Со љубовта Божја е поврзана и правдината Божја, истата од која Адам е истеран од Рајот, а потоа допуштен Потопот, спалени Содом и Гомор и распнат Господ Исус Христос за нашите гревови. Да се смириме еден со друг и пред Господа да ги оплакуваме своите неисцелени рани и сообразно на својата сила, да се принудиме на меѓусебна љубов. Тогаш, поради нашето смирение и трпение, и нас Господ ќе нè приведе кон правилото: „Со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери и вам“. Ако без борба се оддаваме на страстите, што друго нè очекува, освен да бидеме отфрлени од Бога. Царството Божјо е Царство на мирот, љубовта, радоста, кроткоста и другите добродетели, а со спротивните особини не ќе можеме да влеземе во Него. Треба да се потчинуваме себеси, да ја оплакуваме гнилоста на својата душа, да замолиме како лепрозниот, Господ да нè очисти и исцели.
  „Молете и ќе ви се даде, барајте и ќе добиете, тропајте и ќе ви се отвори“ вратата на покајанието, плачот и милоста, од кои произлезе мирот и спасението. Така нека биде, нека биде!...  
…Целото човештво, и секој човек поединечно, лежи во длабок пад и грев, и сам, со сопствена сила, не може да се исправи, да се спаси и да стане достоен за Царството Божјо. Човекот е поткрепен од Самиот Господ Исус Христос, Кој затоа и дојде на земјата, но ги поткрепува само оние кои веруваат во Него и кои се свесни за својата грешност. Така и Господ вели: „Јас дојдов да ги повикам не праведните (оние кои се сметаа себе за праведни и добри) на покајание, туку грешниците“ - поточно оние што ја виделе својата расипаност, гревовност и немоќ да направат од самите себе подобри луѓе и кои се обраќаат кон Господа Исуса Христа за помош, поточно оние кои Го молат Господа да ги помилува, очисти од гревовните рани и да ги исцели од душевната нечистотија и така да им дарува Царство Божјо и тоа исклучиво по својата милост, а не поради некакви нивни добри дела.
 Оној, кој правилно оди по духовниот пат почнува да забележува сè повеќе и повеќе гревови кај себе, додека на крајот, со духовниот вид не види дека сиот е потонат во грев, во душевна лепра. Дотогаш не чувствува со сето срце дека самиот тој е нечистотија, недостоен дури ни да го прозива Името Божјо, како оној цариник (од Евангелието) кој, не смеејќи да ги подигне очите горе, со болка во срцето викаше: „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“ Пребивајќи долго во таква душевна состојба, човекот излегува оправдан како што излезе цариникот.
 Ако пак, се смета себеси за добар, а некои свои гревови, дури и оние потешките – за случајни, цврсто стоејќи дека не носи вина, туку дека се предизвикани од надворешни околности или пак, им се виновни други луѓе или зли духови, а дека тој е само малку виновен, таквата состојба е лажна и се работи за очигледна или покриена прелест, од неа Господ да нè избави.
 За да оди по правиот пат, човекот треба да се испитува себеси, да ги споредува своите дела, своите зборови, помисли и стремежи со заповедите Христови, не оправдувајќи се за ништо, и да се труди да се подобри, колку што е тоа можно. Потребно е да не ги осудуваме другите, туку да се каеме пред Господа, да се смириме пред Бога и луѓето; и тогаш Господ на таквиот човек ќе му ја открие неговата паднатост, неговата гревовност, неговиот неисплатен долг. Еден е должен 500 денари, друг е должен 50, но ниту едниот, ниту другиот, немаат со што да платат. Потребно е Господ, по милоста Своја, да им прости на двајцата - значи нема таков праведник на кого не му е потребна милоста на Спасителот.
 И, ете ја премудроста Божја! Таквиот грешник повеќе може да се смири и да се приближи кон Бога и да здобие спасение, отколку праведните, кои наизглед се праведни. Затоа и рекол Господ Исус Христос, дека цариниците и грешниците ќе преминат многу поправедни. 
 По големата премудрост Божја, гревовите и бесовите (злите духови) содејствуваат за смирение кај човекот, а преку нив и за спасение. Ете зошто Господ не нареди да се одвои каколот од пченицата, зашто без каколот (гревовите наши), лесно би се родила гордоста, а Бог ѝ се противи на гордоста. Гордоста и високото мислење за себе се погибел за човекот.
Каков е заклучокот од досега кажаното?
Познајте ги својата немоќ и гревовност, не осудувајте никого, себеси не се оправдувајте, смирете се и Господ ќе ве поткрепи во свое време.
Боже, биди милостив кон нас грешните!
Простете и молете се за мене!...

 

 

(Продолжува)

 

5y_Aleksandar_Bozinovski.jpg Превод од српски:
Александар Божиноски


Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски, г. г. Стефан

Наслов на изворникот:
Трпљењем спасавајте душе своје
(духовне поуке хришћанима последних времена)

Превод од српски:
Александар Божиноски

Рецензент:М-р Илија Орачки

Лектура:Елена Малинова

Ликовно и графичко обликување:
Милан Јаковчевски

Печати:„Ирис“ – Струга

Друго:

ПРОЛЕЈ ЈА СВОЈАТА КРВ И ПРИМИ ДУХ" – ОПШТ ЗАКОН ЗА СИТЕ ХРИСТИЈАНИ

  Игумен Никон (Воробјов) - НАПРАВИ ДОБАР ПОЧЕТОК - БОРИ СЕ КОЛКУ ШТО ТЕЛОТО ТИ ДОЗВОЛУВА

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3122
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7592
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/11/2024 - четврток

+Светите Козма и Дамјан; Светиот маченик принцот Ерминигелд; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная