логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ilust.zadete2.jpg
Кога свети апостол Петар го заврши својот земен живот и беше повикан на небото, Господ му ги предаде клучевите од рајските порти. Со сесрдна ревност светиот апостол ја извршуваше својата возвишена служба, отклучувајќи ја рајската порта за душите на оние луѓе, кои со својот земен живот, согласно со решението на севишниот  и праведен Судија, ги заслужуваат небесните блаженства.
Така, тоа се одвивало во текот на многу години, по востановениот и вообичаен ред. Но, еднаш, апостол Петар, сиот вознемирен, дошол кај Господа Бога и целивајќи ја Неговата светлосна облека, Му рекол: „Господи, нека ме заобиколи гневот Твој! Морам да ти ја објаснам својата вознемиреност. Еве веќе многу денови поминаа, како во Твојот пресветол Рај забележувам некои луѓе, кои јас ги немам пуштено да влезат низ рајската порта. Не можам себеси да си објаснам, на кој начин тие се провлекле овде. Нивните лица, некако, не личат на лица на праведни. Се плашам да не има посреде некаква ѓаволска лукавштина. Тој и слугите негови се способни за секакво лукавство. Но, знаејќи дека клучевите се секогаш кај мене и дека друг влез нема, јас сум непрестајно во недоумица, па дури и во тага“. Господ му одговорил: „Твојата служба е твоја одговорност. Набљудувај ги внимателно тие што влегуваат во рајот, па така нема да има неповикани гости.“Поминале неколку дена и апостолот повторно застанал пред Господа Саваот. „Боже Голем и Милосрден, секој ден сé повеќе и повеќе слуги се прикрадуваат, не знам низ кој пат, во рајските живеалишта. Се повикувам на Твојата мудрост и власт. Јас сум немоќен и мојата мудрост е ништожна. Ти си единствениот Сезнаен.“Тогаш Господ рекол: „Ајде со Мене, свети Петре. Ќе ги обиколиме сите краеви на Рајот и сами ќе испитаме што е причината за тие појави, кои во тебе предизвикаа толку многу оправдани и пофални вознемирувања. Одиме!“Така тие тргнале. Напред Господ, а зад Него апостолот. Долго оделе, дури и подзастанувале. Најпосле стигнале до портокаловата шумичка, и низ гранките од дрвјата забележале нечија небесно сина риза. Внимателно се провлекле поблизу, и што ќе видат? Под гората на зелена полјанка покриена со бели ради, стоела Пресвета Дева, која од работ на длабокиот амбис, ги гледала Земјата и сите луѓе. А, во раката на Пречистата, тенки, едвај видливи, скали, исткаени од најтенка сина свила. Од провалијата се слушале болни воздишки и страдалнички, пламени молби. Гледај, одеднаш Пречистата ги спуштила своите, како од пајажина, скали. Тие се одвиткувале, паѓале надолу, и еден по друг низ нив се искачувале бедни, измачени, преморени, заборавени луѓе, мажи и жени, и чекорејќи со страв, исчезнувале во рајските цветни градини и шуми.После секој спасен човек,  Пресветата Владичица ги подигала нагоре своите прекрасни раце и со умиление говорела: „Господи Мој и Боже, Ти сé гледаш, слушаш и знаеш. По Твоето неискажливо милосрдие, прости ми што го нарушувам мудриот поредок на Твојот пресветол Рај. Но, јас живеев на Земјата и самата сум Мајка. Можам ли да ја одбијам мајката, која моли за синот. Не сум ли јас мајка на сецелото слабо, страдално човештво. Прости го гревот Мој.“ Тогаш Господ ја спуштил Својата семоќна рака на рамото на апостолот Петар и рекол: „Да се повлечеме тивко одовде. Тука немаме никаква работа...“

 

Ilust.zadete2.jpg

 Извор: Бигорски манастир

Друго:

“Порака од Света Гора старец Ефрем Филотејски (Аризонски)”


 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2050
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная