логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Jovan.Kronstatski6c.jpg

ЗА СВЕТАТА ПРИЧЕСТ

Како што во Исуса Христа (за време на Неговиот земен живот) живее сета Полнота на божеството во плот; исто така таа живее и во Животворните Тајни на Телото и Крвта Негова. Во Неговото кревко човечко тело е целата Полнота на бесконечното, несместливо Божество; и во малиот Агнец, или светиот Леб, во секоја и најмалечка честичка Негова е сета Божествена Полнота. Слава на семоќта и добрината Твоја, Господе!
Да речеме дека си напишал книга за Светата Троица и дека си ја отпечатил во илјада примероци или во онолку колку што сакаш. Во сите тие книги не само што има еден дух, туку и исти букви и еден ист облик. Така е и со принесувањето на Телото Христово (во Литургијата). Низ вселената тоа Тело се принесува во безброј Цркви, на сите олтари на христијанските православни Цркви дејствува едната иста Троица, и во сите Агнеци е Едниот ист Христос и Неговиот Дух (како во книгата нејзината содржина): секаде е еден ист начинот на принесување. Значи, излегува дека оваа најсвета тајна е како некоја неспоредливо голема и света книга на Љубовта Господова кон човечкиот род, која количински безброј пати се подготвува во еден ист облик низ целата вселена, со еден ист Дух на преизобилна Љубов која живее во неа - со Духот на Христос, Кој ги зеде врз Себе гревовите на светот.
Уште една сличност. Колку многу има посебни човечки личности на земјата, па сепак, сите подеднакво имаат некој телесен облик, сите имаат подеднакво душа со исти, но не и еднакво развиени, способности и сите со едно име се нарекуваат - човек. Сите луѓе се како еден човек и сите произлегле од едно начело; во прв ред од едната Троица, од Бога Отецот и Синот и Духот Негов, а потоа од еден брачен пар. Покрај другото и поради истоветноста на нашата природа, Божјата заповед ни налага да ги сакаме другите како себеси. Значи, гледаш - многу се личности, но тие се едно според истоветноста на својата душевна и телесна природа. Така и Господ во Животворните Свои Тајни, каде и да се принесуваат, е едниот и неделив Создател, кој го создаде од "една крв целиот човечки род" (Дела 17, 26). Преку едниот Свој Дух, Кој живее во Тајните на Телото и Крвта Христови, што се вршат во сите православни цркви во светот, Господ сака да не соедини со Себе нас, кои преку гревот и покорноста на ѓаволот отпаднав-ме од единство со Него, и она што е во сите нас, а не одделува од Него и едни од други, да го отсече и да го исчисти "...зада бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно...“ (Јован 17, 21) - Еве ја крајната цел на Светата Тајна Причест.

 sv.simeon.novbogoslov2a.jpg

 (Продолжува)

СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

Издавач: ЃАКОНИЈА

Главен и одговорен уредник

Митрополит г. Агатангел

 Друго:

Св. Симеон Нов Богослов - За оние кои се причестуваат со Светите Тајни ...

ПИСМО ДО ЦЕЦИЛИЈ ЗА СВЕТАТА ТАЈНА НА ЧАШАТА ГОСПОДОВА

ЧЕТВРТА МИСТАГОШКА КАТИХЕЗА НА НОВОПРОСВЕТЕНИТЕ ЗА ТЕЛОТО И КРВТА ХРИСТОВА

Св.Симеон Нов Богослов- ОД ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВАТА БЕСЕДА

 

 

 

 

 


Што има чудно во тоа што лебот и виното стануваат Тело и Крв Христови и дека во Нив е Христос, како што е душата во телото? О, каква бесконечна добрина и премудрост Господова ни се открива во Даровите на Пречистите Тајни на Телото и Крвта Негова, во тоа што христијанинот ги прима Нив во своето срце, таму каде што можеби му се гнездел ѓаволот "кој ја има силата на смртта" (Евр. 2, 14), во тоа што ја прима Светата Причест како противотров за ѓаволот, а за себе како дар на светост и живот, заради прогонување на гревот и смртта! Како што е неоспорно дека во нашето срце може да се вгнезди ѓаволот и секој грев, исто така е несомне-но дека со Светата Причест во нашите срца се вселува Христос, Животодавецот и Светињата наша!
Душата го прима во себе Господа преку Животворните Тајни со мисли на верата и познание на срцето дека во Тајните е присутен Самиот Господ, а телото наше го прима Господа преку устата и стомакот. Кога душата ќе го прими Господа со цврста вера, тогаш Господ во еден миг ја пронижува душата, како едноставно битие, и целото тело, сите негови делови, зашто душата го исполнува целото тело, а и поради тоа што Божеството секогаш се исполнува.
Поголем е нашиот Господ од нечестивиот! Ако нечести-виот веќе живее и дејствува во нашите срца преку разните наши приврзаности кон земните содржини, како тогаш во нив да не ни влегува Христос преку верата и покајанието, кога срцето од Господ е создадено да биде - храм Божји? Како во нашето срце да не влегува Христос, токму во вид на Телото и Крвта Своја, слично на нашата духовно-телесна природа? И уште ако нечестивиот може да и даде дух и збор на "сликата на ѕверот“ (Откр. 13, 15), тогаш како Христос да не може да се всели во лебот и виното и да ги претвори и целосно да ги направи Свое Тело и Своја Крв?


Средба со Господа

"Сега Го отпушташ Својот слуга со мир, Владико, според зборовите Твои, зашто очите мои Го видоа спасението Твое... (Лука 2, 29-30).

Така свечено објавил пред крајот на својот живот светиот старец Симеон, земајќи го на раце четириесетдневното Богодете, нашиот Господ Исус Христос, Кого, според обичајот на Законот, што се зачувал и кај нас, Пресветата Дева Марија го донела во Храмот. Радосно го држел на рацете свои, Оној Кој држи се и радосно гледал старецот Симеон на својата блиска смрт, бидејќи го видел на своите раце Оној, Кој му влеваше надеж за блажен живот и по смртта.
Но ние не ти заблазуваме тебе, праведен старче! И ние ја имаме таа среќа, како и ти да Го примиме Божествениот Исус и тоа не само во рацете, туку и во устата и во срцето, (бидејќи и ти не гледајќи Го, туку само чекајќи Го, Го носеше секогаш во своето срце) и тоа не еднаш во животот, не десетпати, туку колку пати сакаме. На сите ви е јасно, мили мои, дека зборувам за Причеста со Животворните Тајни на Телото и Крвта Христови. Да, ние сме дури и посреќни од светиот Симеон! Може да се рече дека праведниот старец со земањето на Животодавецот Исус во својата прегратка претскажа дека оние што подоцна ќе поверуваат во Христа ќе го примат и носат не само на раце, затоа што свештенослужителите што ја вршат Литургијата на рацете свои го примаат, држејќи го на своите дланки на секоја Литургија, туку дека ќе го носат, о безмерна милост, и во прегратката на срцето свое! О, Исусе, Сине Божји, Изобилство на добрина и на дарежливост! Како тоа не не изгоруваш и нас, нечистите по срце и уста, кои сме секогаш недостојни за Твоите Пречисти и Животворни Тајни? Но што зборувам јас? Ти ја изгоруваш нашата недостојност кога нема да Ти принесеме, Тебе, Кој на Престолот лежиш, цврста и непоколеблива вера и смирение срдечно, но во истиот миг и не оживуваш и успокојуваш и се радуваш кога ќе се отстраниме од болеста на сомнежливоста и маловерието. Бидејќи Ти си Вистина и не дозволуваш во нас да биде неказнета ниту најмалечката сенка на сомнежот.
И така, ние свештениците, како и Симеон, Го примаме на рацете свои Господа на секоја Литургија, а вие, или најголем дел од вас, се удостојувате со таа среќа да Го примите Спасителот свој само еднаш или неколку пати годишно. А прашање е дали и тогаш достојно се подготвувате за тоа? Дај Боже сите да пристапуваат кон толку страшната Тајна подготвени за неа онака како што е потребно! Човек мора да се зачуди на маловерието, на студенилото на христијаните кон Христа, Животодавецот и Спасителот свој! Изворот на бесмртноста тече секојдневно: подготви се, пријди и пиј - особено зашто многу се болни со дух и тело и слободно време има доволно, а многумина го поминуваат во досадување и безделничење. И што гледаме? И покрај тоа што сите го чувствуваме бремето на гревовите и страстите, врз душата и својата вина пред Бога и отпаднатоста од Него, својата немоќ во борбата со страстите, не приоѓаме кон Господа, Кој ни се нуди Себеси како вистинска храна и е подготвен да им помогне на сите измачени и обременети. Гледаме дека од бесмртниот Извор пијат, и тоа не секогаш, речиси само сосема малечките деца; а и нив кон Светите Тајни не ги носат татковците и мајките, дадилките, бабите, туку скоро непознати жени, понекогаш и просјачки. Какво непочитување на најголемата Светиња! Господе, Животодавче, Спасителу! До што дојдовме? Ти секојдневно да ни излегуваш во пресрет на вратите од Својот храм, а ние да Ти возвраќаме со рамнодушност и безумно омаловажување. До кога ќе ги трпиш нашите неправди, нашето студенило и нашата гордост? "Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание" (2. Петр. 3, 9), за порано или подоцна да се отстранат од својата скаменета неосетливост.
Така, голем број христијани студено го среќаваат Господа во храмот - во Неговите Свети Тајни: ретко им пристапуваат за да го вкусат својот Господ. Но кога барем во болеста или пред смртта своја, како Симеон, сите би сакале со радост да го примат Господа и да увидат дека е Он Спасител! Не, многумина и во болеста бегаат од Него, дури и кога им се нуди бесмртната храна и пиењето на Телото и Крвта на Животодавецот, кои воедно се и сеисцелителен Лек, тие го одложуваат тоа за некое идно време, со кое не можат да располагаат со сигурност, бидејќи нашиот живот е во Божја власт. Многу дури мислат дека само пред смрт треба да се причестат. Христе Боже! Нели Ти Самиот рече со Својата пречиста уста дека заради тоа дојде на земјата за луѓето да имаат живот и тоа изобилно, а не за да ги погубиш? "Зашто Синот Човечки дојде не да погубува човечки души, туку да спаси" (Лука 9, 56). "Јас дојдов за да имаат живот венен и да имаат изобилие" (Јован 10, 10). И зарем не им даваш живот во Светите Тајни на сите кои со вера ги примаат? Нели ги лекуваш често болестите на чуден начин? Нели не разрешуваш и не исчистуваш од гревови? До кога ќе бидеме неразумни, маловерни и слепи?
А со каква радост секој од нас би рекол пред смртта, по причеста со Твоите Свети Тајни: "Сега го отпушташ со мир, слугата Твој Господи според Твојот збор... од овој краткотраен суетен век; зашто моите очи Го видоа спасението Твое..., овде во зачеток, за да се надевам дека ќе го видам совршено таму во вечноста. Сега, ако и покрај сенката на смртта појдам, нема да се плашам од злото, затоа што Ти си со мене. Прими го во мир духот мој! Еве, браќа, доаѓа Средбата со Господа за сите луѓе - за христијаните, Јудеите, Агарјаните и незнабошците, односно за целиот човечки род; ако не се научивте овде да Го среќавате кротоки смирен, како ќе Го сретнете таму во непристапната слава? Каде ли тогаш ќе се најдеме ние, со своето сегашно невнимание и студенило кон Господа? Нема ли синовите на Царството да бидат изгонети во крајна темнина, каде ќе има вечен плач и чкртање со заби? Апостолот вели дека ќе биде така: "Како шогаш ќе ги избегнеме вечните маки, ако занемариме такво Големо спасение, кое најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што Го беа чуле од Него." (Евр. 2, 3).
Браќа! За радосно да Го сретнеме Господа при Неговото Второ и славно Доаѓање, да се научиме да Го среќаваме овде - секоја година на празникот Сретение и во сите празнични и неделни денови, особено во Светите Тајни: со голема вера и срце смирено да пристапиме кон Светата Чаша! На оние кои навикнале достојно да Го среќаваат овде, во овој век, нема да им биде страшно да Го сретнат и при Второто и славно Негово Доаѓање.
"Боже, Ти Кој пак ќе дојдеш да и судиш на вселената според правдата, благоволи и јас да Те сретнам на облаците, Судијата и Создателот свој, бесконечно да Те славам и да Ти пеам Тебе со беспочетниот Твој Отец и Светиот Дух во вековите на вековите" (Молитва пред Света Причест). Амин!


Подготовка за Света Причест

Браќа и сестри, вие кои се подготвувате за причест! - да се плашиме од скаменетата неосетливост на своите гревови, да се плашиме од гордоста на своето срце која вели: "мене не ми е потребна прошка на Гревовите, јас не сум виновен, не сум Грешен" или "не живеам лошо ни вака, со своите гревови". Тоа е сатанска гордост, тоа самиот сатана во нашето срце ги повторува таквите зборови. Да ги чувствуваме длабоко, длабоко, со сето срце, нашите безбројни беззаконија и да воздивнеме поради нив од длабочината на душата, да пролееме солзи на умилност и да Го смилостивиме разгневениот Влади-ка. Ни најмалку да не се оправдуваме себеси како фарисеите и лицемерите, бидејќи нема да се оправда, како што е речено, пред Бога никој жив (Псал. 143, 2). Само со искрено покајание за гревовите можеме да го смилостивиме Бога. Да ја оставиме рамнодушноста и студенилото и да му служиме на Господа со огнен дух. Да не заборавиме, дека поради долготрајноста на својот грешен живот, дојдовме овде да Го смилостивиме Владиката на нашиот живот и праведниот Судија. Дали е сега време за студенило и рамнодушност кои и во секојдневниот живот се осудуваат во меѓучовечките односи во заедницата? Нели треба целата наша душа да се втурне во духовен оган и да се излее пред Бога со солзи на чистосрдечно покајание?
О, Боже наш, Боже наш, нашите беззаконија буквално се намножија како влакна на главата наша, ги има повеќе од морскиот песок, а ние не ги чувствуваме и рамнодушни сме кон нив, па дури и не престануваме да ги љубиме.- "Господи, ако Гледаш на беззаконијата, - тогаш кој ќе се одржи, Господе?" (Псал. 129,3). Господе, дарувај ни на сите смирено срце и дух за да Ти принесеме вистинско покајание. Амин!
"Кој Го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, останува во Мене и Јас во него" (Јован 6, 56). Тоа е опипливо и искуството го потврдува. Преблажен и преисполнет со живот е човекот кој се причестува со Светите Тајни со вера, каејќи се во срцето поради гревовите. Таа вистина е опиплива и јасна. Кога пристапуваш кон Светата Чаша без искрено покајание поради гревовите и со сомнеж, тогаш во тебе влегува сатаната и живее во тебе убивајќи ти ја душата и тоа е сосема очигледно.
Кога ги примате Светите Христови Тајни бидете уверени дека го примате Самото Тело и Крвта Христова без трошка сомнеж како што воопшто не се сомневате во тоа дека дишите. Вака велете си: "Како што без сомнение постојано вдишувам воздух, исто така е несомнено и тоа дека заедно со воздухот Го примам во себе мојот Господ Исус Христос, Кој е дишење и живот мој, радост и спасение мое. Во секое време на мојот живот Христос ми е пред воздухот самото дишење, пред зборот на мојата уста - збор мој, пред мислата на умот мој - мисла моја, пред секоја светлост - светлост моја, пред секоја храна - храна моја, пред секое пиење - пиење мое, пред секоја облека - одежда моја, пред секој миомирис - миомир мој, пред секоја сладост - сладост моја, пред татко - татко мој, пред мајката - мајка моја, пред земјата по која одам - тврда земја која ме носи, засекогаш непоколеблива...!"
Бидејќи ние, огрубени, забораваме дека во секое време преку Него дишиме, живееме, се движиме и постоиме, си ископавме извори издупчени (Јерем. 2,1), Господ во Своите Тајни, во Крвта Своја, ни откри - Извор на вода Жива, која тече во вечен живот, и Самиот ни се дава нам како храна и пиење за да живееме преку Него. (1 Јов. 4,9).
До кога Светите Христови Тајни што ги примаме ќе не потсетуваат залудно дека сме едно Тело ние многуте (1. Кор. 10,17), залудно, велам, бидејќи ете кај нас и понатаму го нема единството на срцата што треба да ни е својствено како на членови на едното Тело Христово. До кога самите на себе во животот ќе си бидеме закон и еден против друг ќе војуваме, еден на друг ќе си завидуваме, еден со друг ќе се гриземе, ќе се жалостиме и мачиме, еден со друг ќе се осудуваме и прекоруваме? До кога ќе остануваме без Духот Христов, духот на кроткоста, смирението, незлобивоста, нелицемерната љубов, самоодрекувањето, трпението, целомудреноста, воздржанието, простосрдечноста и искреноста, презирањето на земското и тежнеењето кон небесното?! Владико, Господе Исусе Христе, просветли ги очите на нашето срце и "Твојот благ дух да ме води по прав пат" (Псал. 142, 10). Дај ни го Духот Свој!
Оној што верува во Спасителот и се храни со Телото и Крвта Негова, во себе има Живот вечен и затоа секој грев во неговото срце предизвикува силна болка (бидејќи со тоа се лишува од тоа блаженство). Оние што во себе немаат живот вечен го пијат беззаконието како вода и нема да почувствуваат болка, затоа што го нема блаженството на животот вечен во нивните срца.
Некои сметаат дека за благосостојба и исправност пред Бога им е доволно само да ги исчитаат сите пропишани молитви, не обрнувајќи внимание на подготвеноста • на своето срце за Бога, на своето внатрешно исправање (многумина така го читаат молитвеното правило пред Причест). Меѓутоа, овде пред се, треба да се гледа на исправање и подготвеноста на срцето за примање на Светите Христови Тајни. Ако твоето срце по милоста Божја се исправило и ако на тој начин се подготвило за средба со Младоженецот, нека му е слава на Бога, дури и ако не успееш да ги прочиташ сите молитви. Царството Божјо не е во зборови, туку во сила (1 Кор. 4, 20). Добро е во се да и бидеш послушен на мајката Црква, но со благоразумност и ако е тоа возможно: кој може да прими долга молитва, нека прими, зашто не можат сите да го примат тој збор (Мат. 19, 11-12). А ако човековиот дух е немирен и горешт и не е наклонет кон долгата молитва, подобро е да се моли кратко, но горешто. Потсети се дека цариникот го оправда само еден збор кој овој го изговори искрено пред Бога. Бог не гледа на множеството на зборови со кои Му се обраќаш, туку на расположението на срцето. Најважни се живата вера на срцето и топлината на покајанието поради своите гревови.
Кој приоѓа кон Светата Чаша со каква било страст во срцето, тој е Јуда и приоѓа да Го бакне Синот Човечки за да Го предаде.
За со вера и без никаков сомнеж да се причестуваме со Животворните Тајни и да ги победиме сите непријателски сплетки и клевети, треба од Чашата да Го примаме токму Сушниот, т.е. единствениот, Кој вечно постои. Кога ќе имаш такво расположение на мислата и срцето, примајќи ги Светите Тајни, ти ќе се успокоиш, ќе се развеселиш и ќе оживееш, и ќе познаеш со срцето дека во тебе вистински и реално живее Господ и ти во Господа - тоа е искуство.


Плодовите на достојното причестување

"Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него" (Јован 6, 56)

По нивните плодови ќе ги познаете (Мат. 7,16). По преслаткиот, преблажениот и животворен плод на Литургијата, плодот на Пречистите Тајни на Телото и Крвта Господови, во својата душа ќе препознаеш дека тоа е од Бога, како излевање на Неговиот Божествен Дух и дека тој Пресвет Дух диши во сите литургиски молитви и свештенодејствени обреди. Кол¬ку е чудно тоа живоносно Дрво - божествената Литургија! Какви му се само листовите! Каков е неговиот плод! Дури и лисјето од дрвото беше за лечење на народот (Откр. 22, 2), а не само плодот: зашто кој не добил голема духовна корист, мир и сладост во душата од само едно трепетно - побожно учество на светата Литургија! А она што раѓа добар плод мора и самото да биде добро, таков е законот на тварите, таков е законот на создавањето.
Во слава на пресветото име на Владиката Господ Исус Христос и на Владичицата Богородица! Илјада пати сум почувствувал во своето срце дека по причестувањето со Светите Тајни или по усрдната молитва дома, обична или по повод некој грев, страст, навреда или тежина, по молитвите на Пресветата Владичица, Господ ми дал (или самата Богородица по добрината на Господа), така да се каже некоја нова природа на духот - чиста, добра, величествена, светла, мудра, блага, наместо дотогашната нечиста, млака, малодушна, мрачна, затапена и зла. Многупати се менував чудесно и величествено на свое сопствено чудење, а често и на другите. Слава на Твојата сила Господе! Слава на Твоето милосрдие Господе кое го покажуваш кон мене грешниот!
Се восхитувам на големината и на животодавната моќ на Светите Христови Тајни! Една старица, која плукаше крв и беше целосно изнемоштена зашто веќе ништо не јадеше, од причестувањето со Светите Тајни, со кои јас ја причестив, истиот ден почна да се опоравува. Една девојка беше на смртна постела, истиот ден кога беше причестена со Светите Тајни почна да се опоравува, да јаде, да пие и да зборува, таа која сигурно и не знаеше за себе и ништо не јадеше и пиеше. Слава на животодавните и страшни Тајни Твои, Господе!
Причесници на Божествените Тајни, познајте како му станувате се поблиски на Господа кога се причестувате достојно! Колкава смелост имате тогаш пред Господа и Богородица! Колкава чистота имате тогаш! Какава кроткост, смирение и незлобивост! Каква непристрасност кон земното! Какво огнено тежнеење кон небесните, пречисти и вечни наслади.
Во текот на целиот земен живот луѓето бараат се друго, само не Христа Животодавецот, заради што и немаат живот духовен и се предаваат на сите страсти по ред: - на безверие, маловерие, користољубивост, завист, омраза, честољубие, задоволство од јадење и пиење... Дури на крајот од својот живот тие Го бараат Христа - во Светата Причест, било да е од неопходност, или пак, заради обичајот што го примиле од другите. О, Христе Боже, Животу наш и Воскресение наше! Колку суетни, колку слепи сме станале! А што би било со нас ако постојано Те бараме и ако постојано Те имаме во своето срце? Не може со зборови да се изрази блаженството, што го вкусиле оние кои Те имаат во своето срце! Ти си за нив и храна што закрепнува и пијалак неисцрпен, облека светла, и сонце, и мир Божји што го надвишува секој ум (Филип. 4, 7), и веселба неизречива и се. Со Тебе се земно е прав и распадливост.
Добро ми е кога се молам за луѓето кои достојно, т.е. свесно се причестуваат: тогаш Отецот и Синот и Сдетиот Дух, мојот Бог е во мене и јас пред Него имам голема смелост. Тогаш Царот е во мене како во својот дом: барај што сакаш. "И ќе дојдеме при него, и живеалиште во него ќе направиме... Што и да посакате, барајте, и ќе ви биде" (Јован 14,23; 15,7).
Ти благодарам, Господе, што ми даваш нов живот, секогаш кога со солзи на покајание и на благодарност ја служам божествената Литургија и се причестувам со Пречистите и Животворни Твои Тајни! На Твоите Свети Тајни треба да им благодарам за тоа што и понатаму постојам и за непорочните патишта свои и за добриот глас меѓу луѓето Твои. Нека се свети името Твое - во мене, во сите луѓе Твои и во целиот свет! Нека дојде Царството Твое - Царството на правдата, мирот и радоста во Светиот Дух во сите наши срца, како што си рекол: ќе се вселам во нив, и ќе живеам во нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. (2. Кор. 6, 12)! И нека биде волјата
Твоја - света, премудра, сесовршена и блаженотворна, како на небото, така и на земјата - во сите Твои луѓе и во мене грешниот, зашто нашата сопствена волја е погрешна и кратковида, греовна, погибелна, безљубовна, зла, завидлива, горда, мрзлива, сака раскош и скржава е (3. Мој. 16,12; Јерем. 3,19)!
Колку пати, о Владико, Господе Исусе Христе, си ја обновувал мојата лекомислена и огревовена природа! На тоа нема број ниту мерка! Колку пати си ме избавил од печката на различните страсти, од провалијата на зачмаеноста и очајот. Колку пати си го преобразувал моето грешно срце со името Свое, кое со вера го повикував?! Колку пати си го направил тоа преку Животворните Тајни Свои?! О Владико, на Твоите милости кон мене грешниот, навистина им нема број, ниту мерка! Што ќе Ти принесам јас Тебе и што ќе Ти дадам за Твојата милост, и за Твојата добрина кон мене Исусе, Животе мој?! Ќе бидам внимателен на патиштата свои, според благодатта Твоја, бидејќи Тебе Ти се мили сите внимателни на својот пат (Псал. 111,1), како што си рекол со Својот Дух, преку устата на отецот наш Давид. Ќе се потрудам да Ти бидам верен, смирен, кроток, нераздразлив, незлобен, долготрпелив, трудољубив, милосрден, дарежлив, некористољубив и послушен. Причеста со Твоите Свети Тајни Господе, да не ми биде за суд или за осуда, туку за исцеление на душата и на телото. Господе, смилувај се на мене и исцели ја мојата душа (Псал. 41,4). Амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная