логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Светата Православна Црква уште од апостолските времиња, по примерот на Господ Исус Христос, го востановила постот, го определила времето на постот и која храна да ја јадат христијаните за време на постот.
Пред се, Православната Црква утврила и пропишала за време на постот да не се јаде: месо, маст, сирење, масло, јајца, млеко, а понекогаш и риба, според важноста на постот.

 

Во поглед на времето и бројот на постите, светата Црква утврдила да се пости во среда, петок и во четирите годишни пости: Велигденскиот (Големиот) или Четириесетницата, Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост. Овие пости се востановени уште од апостолските времиња. Во 69-тото апостолско правило се пропишува следното: "Ако некој епископ, свештеник или ѓакон, или ипоѓакон, или чтец, или псалт, не пости во светата Четириесетница пред Пасха или во среда или петок, освен ако не е спречен од телесна немоќ, нека биде расчинет, а ако е мирјанин (граѓанско лице) да се отстрани од Црквата". Гледаш ли како е тоа строго сфатено и одредено? Но, светите Отци го толкуваат ова апостолско правило и, за да не мислиме погрешно, ни дале правилно објаснување, па велат вака:
"Од постот исклучи ги најнапред болните, оти ако им се допушта риба и масло, го заслужиле тоа". Но никому, дури и на смртниот час не му се допушта да јаде месо во среда и во петок, освен на Велигден и во другите денови кога тоа го дозволила Црквата. Исклучи ја средата и петокот кои поаѓаат поеп месопусната, сиропусната и Воскресната недела. Во тие седмици се разрешува оти седмицата пред месопусната недела ја постат Ерменците поради Ниневитјаните, а сиропусната седмица ја држат во строг пост еретиците - тетрадите. Православните христијани не смеат да постат кога постат овие еретици и затоа постот во тие денови е разрешен. Воскресната седмица се смета како голем Господов ден и затоа секој ден во таа седмица се читаат воскресни евангелски четива. Исто така, се исклучуваат од Велигденскиот пост сабота и недела оти во тие денови се разрешува според 66-тото апостолско правило кое гласи: "Ако некој служител на Црквата се затекне да пости во Господовиот ден (недела) или во сабота (освен во едната единствена Велика сабота), да биде расчинет, а ако е мирјанин, нека се отстрани од Црквата". Зошто е ова правило? Еретиците гностици и маркионитите постеле во недела и тоа на таков начин што не јаделе ништо или пак, јаделе само сува храна и тоа еднаш навечер. Ова го забранува Православната Црква. Но, пак не се допушта во постите да се јаде во недела и во сабота месо, туку се ублажува со риба и масло. А кога ќе слушнеш за разрешување во пост, да не мислиш дека е допуштено да се јаде месо во Велигденскиот пост оти тоа не може да му биде допуштено никому, макар да се наоѓа и пред последното воздивнување.
Не зборувајќи за среда и петок, Православната Црква го пропишала, покрај Велигденскиот пост, уште и Божикниот пост, Апостолскиот - Петровденски пост и Успенскиот - Богородичен пост, потоа, денот пред Богојавление, денот на отсекувањето на главата на светиот Јован Крстител и празникот Воздвижение на Чесниот Крст - Крстовден. Ете, така го толкува и го завршува толкувањето за постот прочуениот канонист на XII век - Валсамон.
 
Од светите Отци ќе го споменеме дополнувањето на Валсамоновото толкување од свети Тимотеј Александриски кој во своето 8-мо и 10-то правило зборува вака:
"На жена која ќе роди пред Пасха, треба да и се допушти масло и вино" (8-мо правило). На прашањето: "Ако некој болен сосема падне во немоќ, а се приближува денот на Воскресението, дали мора да пости, или свештеникот, поради болеста, дали ќе му допушти да јаде масло и вино колку што може?", следува одговорот: "Треба да му се допушти на болниот да употребува масло и вино колку што може да поднесе, оти кој сосема изнемоштел, правилно е да употребува масло" (10-то правило). Еве како и колку се разрешува во Велигденскиот пост кој најстрого се постел во првото време на христијанството.
Во 3-тото правило на цариградскиот патријарх Никола за Богородичниот пост се вели вака: "Порано во тоа време (кога ќе паднел постот во август) се постело, а тој е пренесен заради тоа да не падне заедно со незнабожечките пости кои биле во исто време".
Уште во X век овој пост се постел. Било наредено тој пост да започнува од 1 август, а Божикниот од 15 ноември. Наредбата на патријархот Лука за овие пости влезе во општа употреба. Од тоа се гледа дека Богородичниот и Божикниот пост се воведени од првите христијански времиња, па затоа се востановени преку сите времиња да се пости во Христовата Црква.
Во поглед на постењето во среда и петок, покрај она што е кажано во 66-тото апостолско правило, на ова место го изнесуваме и она што го кажал блажениот Петар Александриски во своето 15-то правило: "Никој да не не обвинува што ги држиме среда и петок, денови во коишто ни е заповедано да постиме; во среда поради заговорот што го направил Јуда за предавството на Господа, а во петок поради тоа што Он за нас пострада. Неделата ја поминуваме како ден на радост зашто во тој ден Христос воскреснал".
Никој да не мисли дека може самоволно да се разрешува од пост по своја волја, како што има многу случаи кај свештениците и монасите, сами да се разрешуваат од постот, па и мирјаните ги наговараат со зборовите: "Јади кога јас сум разрешил" или, пак, мирјаните сами без причина да се разрешуваат од пост. Затоа треба да се види 218-тото правило од Номоканонот, каде што свети Атанасиј Велики говори: "Тој што самоволно се разрешува од пост во среда и петок, Го распнува Господа Исуса Христа исто како Јудеите, оти во среда се состанаа да Го убијат, а во петок Го распнаа".
Затоа, ако некој се разреши од пост без причина, тоа не е разрешување, туку распнување на Господа. Разрешување е само она што Црквата го разрешила и кое го советуваат светите Отци. Чувајте се од самоволно разрешување на постот и не слушајте ги оние што ве учат да не постите.
217-тото правило од Номоканонот го изнесува ова правило на цариградскиот патријарх Никифор: "Свештеник, кој преку целата година не пости во среда и петок, не е достоен да се причести". Од ова произлегува дека кај таков свештеник не е достојно да се исповедаме, оти исповедта претходи на светата Причест. Оти ако свештеникот, или монахот, се разрешил сам од пост под изговор на болест или слично, а всушност не е болен, тој се разрешува и од други обврски, па ако некој оди кај него да се исповеда и рече дека не постел, свештеникот ќе му рече дека тоа не е ништо, не е грев, а по ист начин ќе му рече и за блуд; тоа е природа, па нема ни сесрдно да се помоли на Бога за простување на гревот на покагаикот, ниту ќе го посоветува како да не греши, ниту ке му рече што се е грев и противно на Божјиот закон. И ако е така, за да не отпадне некој од светата Православна вера, да не се држите до ова погрешно правило, туку одете кај свештеник на исповед и причест, а ако тој не е исправен, ќе одговара сам. Да не бидеме ние судии над туѓ слуга.
За оние кои јадат месо и сирење во Велигденскиот пост, во среда и петок, 132-то правило од Номоканонот заповеда: "Две години да не се причестува, па макар кој и да бил". Оној, кој не ги постел Петровденскиот, Богородичниот и Божикниот пост, 228-то правило од Номоканонот вели дека во црква не се примаат дури ни нивните деца, ако и тие не постат.

 Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички

 (продолжува)

Издавач: Ставропигијален манастир Гаврил Лесновски, епископ Велички

 

Друго;

 

 

Before us is the feast dedicated to Saint Peter and Paul or otherwise known as the Apostolic feast which has its own rule for fasting. Not forgetting that according to the canons (rules) of the Church, if we correctly practice all the fasts and we regularly live a correct spiritual life according to the spiritual leading of a spiritual father, with his blessing we can receive Holy Communion every week.

May you all have a pleasant and blessed fast!


Saints Peter and Paul fast and the Nativity fast


This fast is established in honor of the holy Lord’s apostles and in honor of the nativity of Lord Jesus Christ. They should be feasted in this way: on Monday, Wednesday and Friday oil and wine are not allowed; on Thursday and Tuesday it’s allowed oil and wine, and on Saturday and Sunday – oil and fish are allowed.

If there is a feast on Monday, Tuesday and Thursday it’s allowed with oil and fish. If a feast of a not so great saint is on Wednesday and Friday it’s allowed oil and wine. But if it’s a big feast on Wednesday and Friday, beside the oil, fish is allowed too. If there is a day of a church Saints day on Wednesday and Friday, oil and fish is allowed.

From the book “Rules and regulations about the fast”- Saint Gavril Svetogorec bishop of Velichkovo

Overtaken from www.preminportal.com.mk


За Петровденскиот пост

Секој ден е благословен од Господа, а особено посните денови кои се за зголемување на нашата духовна будност и внимание над срцето и негово чистење од страстите.
Пред нас е Петровденскиот или Апостолски пост, кој си има и свое правило на постење. И да не забораваме дека според каноните (правилата) на Црквата, ако ги практикуваме правилно сите пости и водиме редовен и правилен духовен живот под духовно раководство на духовен Отец, со негов благослов, можеме да се причестуваме секоја недела.
Имајте добар и благословен пост!
 
ПЕТРОВДЕНСКИ И БОЖИКЕН ПОСТ

Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли и во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа. Тие се постат вака: во понеделник, сред и петок не се јаде масло и вино; во четврток и вторник се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло и риба.
Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник во сред и петок се допушта, покрај масло, и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло и риба.
Од книгата “ Правила и одредби за Постот” од свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная