Дојдете да работиме во таинствениот виноград, одгледувајќи ги во него плодовите на покајанието, да не се трудиме за јадење и пиење, но да стекнеме добродетели со молитва и пост. А Господарот на виноградот, кому сме му угодиле со својот труд, ќе даде плата со која ги искупува душите наши од долгот гревовен, зашто само Он е богат во милоста.
Утрена, четврта недела од постот
Поуки на светите отци: Покајанието е измирување со Господа по пат на вршење на добри дела спротивно на претходните гревови.
Свети Јован Лествичник
Молитва:
Помогни ни, Боже, прилежно и верно да ги бараме даровите најдобри, кои се даваат само тогаш кога се предаваме и Ти се посветуваме Тебе, на Црквата Твоја и на службата Твоја. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 25, 1-9
Битие 9, 8-17
Соломонови Изреки 12, 8-22
Созерцание: Господи, Ти си Бог мој, ќе Те возвеличам, ќе го восфалам името Твое, зашто си извршил чудеса.
Исаија 25, 1
Подготви:А.Л.
Посети:{moshits}