Да го започнеме, луѓе, непорочниот пост, кој е на спасение на душите. Да му служиме со страв на Господа: да ги помажеме главите со елејот на милостињата, да ги измиеме лицата со водата на чистотата; да не празнословиме со зборовите во молитвата, но како што научивме... Отче наш, Кој си на небесата, прости ни ги согрешенијата наши, зашто си Човекољубец.
Утрена, Чист Понеделник
Поуки од Светите отци: Еве сега е денот на спасението, еве сегае време благопријатно (2.Кор. 6,2). Сега настана време кога се примаат молитвите и молењата.
Царството Божјо е сега близу секому кој Му служи на Бога и на правдата, затоа што настанаа денови на чесен пост за оној кој навистина во чистота пости.
Свети Ефрем Сирин
Молитва:
Господи, на почетокот на времето на овој свет пост, стремејќи се повторно да Те најдеме, помогни ни, молитвите на нашето срце, мислите на нашиот ум и зборовитена нашите усти секогаш да Ти бидат угодни. Помогни ни постот да го одржиме и укрепи нè да го завршиме она кон кое се стремиме, во слава на Името Твое. Амин.
Читања од Светото Писмо:
Исаија 1, 1-20
Битие 1, 1-13
Соломонови Изреки 1, 1-20
Созерцание: Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.
Иса. 1, 16-17
Подготви: А.Л.
{moshits}