Почеток на Великиот Пост
На Господа да се помолиме...
Господи, Седржителу, Ти сета твар си ја создал премудро и со неискажа-ната Твоја промисла и голема добрина нè воведе во овие пречесни денови – на очистување на душите и телата, на воздржување од страстите, на надеж во воскресение; Ти во четириесеттиот ден му ги врачи богонапишаните таблици на Твојот угодник Мојсеј, дарувај ни и нам, благ Господи, да се подвизуваме, текот на Постот да го завршиме, верата неосквернета да ја сочуваме, главите на невидливите змии да ги сотреме, победници над гревот да се јавиме и неосудено да стигнеме да се поклониме на светото Воскресение. Зашто е благословено и прославено, прекрасно и величествено името Твое, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин!
Подгови:А.Л.
{moshits}