логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Svetiteli.dete.jpg
Брачни односи во  посни и празнични денови
“Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и даМу се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.” (1.Кор. 7,5)




Овде, донесуваме избор од отечките текстови, утврдувајќи го вековното учење на Црквата, дека постот кој што Црквата го пропишала се однесува и на телесните односи на сопружниците. Секако, дека снисходењето и по тоа прашање се поставува на разгледување со духовникот во секој поединечен случај, како што е тоа случај и по прашањето на постот.

Преподобни Серафим Саровски

Ете, какви тој совети му даваше на момчето кое што стапило во брак „... и уште, чувајте ја чистотата, чувајте се во среда и петок и во празничните и неделните денови.
За нечување на чистотата, за нечувањето во среда и петок ,
децата на сопружниците се раѓаат мртви,
а за нечувањето во празниците и во неделата,
 жените умираат на породувањето“. (Дивеевски летопис, ст. 343)


Тоа, исто го  пишувал  во едно писмо и и Св. старец Амвросије Отпински:

 „Болеста на жената ваша, возможно е да произлегла по ваша вина: или не сте ги почитувале празниците во сопружничките односи, или не сте ја сочувале сопружничката верност, за што и сте казнени, преку болестите на жената“. (Писма на мирјаните)


Преподобен  Ефрем Сирин:

 „Не се забранувајте едн на друг, освен, по договор и повремено“, заради исполнување на религиозните обврски за време на постите  и молитвата. Значи, во празничните денови, воздржувајте се, за да не ве искушува сатаната“.

Блаженоупокоениот владика Стефан Жички:

 “Сопружниците треба строго да се придржуваат според обичаите и заповедите на Црквата во меѓусебните односи, чувајќи се во чистота себе си за време на празниците, во неделите, во посните денови (среда и петок)  имајќи ги в`предвид зборовите  на преподобниот Серафим и старецот Амвросиј, дека, доколку ги кршат заповедите на Црквата, ќе постанат подложни на болести, особено жените и децата.
 („Пост, исповед и причест“  ( 101-102), схи – архимандрит Петaр Денковачки, Духовен Лаг, Крагуевац 2005.)


Манастир Хиландар:
Сопружниците се должни  и пред разрешувањето  на нивната неплодност , строго да внимаваат и да ги чуваат правилата Црковни, кои што се за сопружниците востановени , а на име:
  сопружничките постели , треба одделени една од друга да бидат, во ноќите воочи празничните и неделните денови,
воочи среда и петок, за време на сите четири поста кои Црквата ги востановила, а особено, за време на Великата Четириесетница , т.е. Великиот Пост.
Останатото време, пак, можат во чедност и во страв Божји да го употребат на сопружничкиот живот. Зашто, Бог на човекот  му даде жена, како помош за заедничкиот живот и ги благослови и им рече:
 „Растете и множете се“, но, не заради похотта  на сладострастието кое не знае ,ни време ни мерка  во своето невоздржание.
 („ Упатства на неплодните сопружници“, Света Гора 1966.)


Схи-игумен Аврам (Рајдман):
На потребата од воздржувањето од брачните односи во деновите на Великиот пост укажува 40. член  „на Намоканонот“ низ Великиот требник:“

  Мирјаните е потребно да се воздржуваат од жените во текот на целиот Велики пост. Ако, пак, некој падне  со својата жена за време на Светиот пост, не треба да се причести, дури ниту за Воскресението, бидејќи го обештетил целиот пост.
Зашто, мирјаните треба да се воздржуваат од  своите законски жени, како што е речено, во текот  на целиот пост.“
 
За истото говори и 59. Глава на книгата „Крмчија“ во вториот одговор на  Јован, епископ Критски,
 „ За тоа дека треба да се има воздржание  од своите жени во неделите и во текот на Четириесетницата“:
Оние дури што ни вечерта, воочи Господовиот ден не сакаат да се воздржуваат од своите сопруги, за, како што апостолот рекол, да го поминуваат времето во молитва , треба да се поправат со одмерени забрани; исто така и во текот на Светата Четириесетница,  треба  да бидат чисти од сопругите, повеќе , отколку во другите денови.“


Сега ќе ги погледнеме канонските прашања  на неговата светост -  патријархот Александриски Марко и одговорите, кои на нив ги даде познатиот Византиски толкувач  на црквените правила , неговата светост, патријархот Антиохиски Теодор Валсамон.

Прашање 52:
Ако за време на четириесетдневниот пост, сопружниците не се воздржуваат, дали ќе бидат удостоени со Божествените Тајни на празникот на спасението на светот, Великата Пасха, или не?

Одоговор:
Ако сме научени да се водржуваме, дури од тоа да јадеме риба  и ако не го разрешуваме  лесно постот во текот на  целата Света Четириесетница, како ниту во среда и петок,  уште повеќе сопружниците  треба да бидат принудени, да се воздржуваат од телесното спојување.

Затоа, оние сопружници, кои ја сториле оваа противзаконита работа и ја претвориле во сатанско невоздржание, спасоносното покајание   кое произлегува од постот и одбегнувањето на телесните страсти, (како целата година да не им била доволна за задоволување на телесните желби),
не само што не треба да бидат удостоени од Светата Божествена Причест на празникот на Великата Пасха, туку треба да се поправаат преку епитимии.“


Околу шест векови после Валсамон, за истото тоа говори добро познатиот канонист и толкувач на правила -  преподобен Никодим Светогорец...
  во 69. правило на Светите Апостоли ( ова правило гласи):
 
 „Ако некој епископ или презвитер или ѓакон или чтеец или поец, не ја пости Светата Четириесетница пред Воскресението или во среда или во петок, освен заради телесна немоќ: нека биде отстранет од чинот.

Ако,пак, тоа мирјанин го прави: нека биде одлачен. “)

Преподобен Никодим пишува:
„ Ако постот во среда и петок е еднаков на постот на Четириесетницата, јасно е дека како што во текот  на Четириесетницата не се склопуваат бракови по 52. правило на Ладиокискиот Собор, не треба да се склопуваат ниту во среда и петок.

Во тој случај, јасно е и тоа дека сопружниците не треба да стапуваат во телесна врска, заради светоста и почитувањето на постот, исто како што не треба да стапуваат во врска ниту во текот на Четириесетницата.

Зашто, неумесно е, од една страна да се почитуваат овие денови во однос на храната, а од друга, да се нарушуваат со телесно соединување и наслада. Значи, во текот на овие денови треба да се пости , да се воздржува подеднакво и од храната која е забранета во текот на постот и од телесната желба...

Погледни ја исто така 1. забелешка при 13. правило на Шестиот вселенски собор и забелешката при 3. Дионисиево правило.
Погледни го и 50. Валсамонов одговор на Марко, во кој тој вели дека на сопружниците кои не се воздржувале во текот на големата Четириесетница не само што треба да им се забрани да се причестуваат,  туку треба да им се одредат епитимии заради поправање.||

 Исто така, обрни внимание на следните зборови на Јован Златоуст („Беседа за девственоста“) кој како свидетелство  го наведува спомнатото место од пророк Јоил:
“ Ако младенците, кај кои љубовната страст е на врвот, во кои цути младоста и неконтролирана  желба, не треба да стапуваат во врска за време на пост и молитва, вотолку повеќе не треба да се соединуваат други брачни парови, кои не се подложуваат на такво насилство на телото“.

Во заклучок ќе го наведеме учењето на еден друг голем учител на Црквата, свети Василиј Велики, за воздржувањето од брачните односи за време на пост, а кое е согласно со свети Јован Златоуст:
 
“Постот укажува на мера и во брачните работи, спречавајќи ја неумереноста дури и во она што е со закон дозволено: по сагласност го одредува времето за тоа, за да пребиваме во молитва (1.Кор. 7,5).“ (“Постејќи со телото, постиме и со духот“ (309.-316.), ОЧЕВ ДОМ,Београд, 2009.)

Од понапред изложеното и преданието на нашата света Православна Црква се гледа дека сопружниците кога не се одделуваат од брачната постела во посните и празничните денови, го кршат правилото на постот кое го востановила Црквата, зашто постот не се однесува само на храната.

Значи, кога ќе кажеме  - пост не се мисли само на земање посна храна, туку на пост на сите сетива, отклонување од лоши мисли, зборови и дела, и како што вели Свети Јован Златоуст:
„Нека пости не само устата твоја, туку и очите и ушите, нозете и рацете и сите делови на нашето тело“.

приредувач: Српско-руско здружение „Православно семејство“

http://www.forumprijateljbozji.com/showthread.php?4703-%D0%91%D1%80%D0%B0%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D1%81%D0%B8-%D1%83-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%B5-%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B5-%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B5&p=9844#post9844

Подготви: Мирјана Даниловска

12-ти мај. лето Господово 2013

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная