Светиот Јован Златоуст ни предочува дека времето за оброк е погодна прилика во разговрот со децата да се внесат приказни и примери од Светото Писмо. Времето за оброк е прилика за семејството да биде собрано, заедно да јаде и да разговара. За жал, телевизијата и преголемата зафатеност го расипаа времето за јадење во многу домови. Родителите христијани би требало да се обидат да подготват заедничка семејна трпеза, секогаш кога тое е возможно.
Појадокот е оброк кој се занемарува највеќе, затоа што се случува на почетокот на денот. Во тоа време семејството честопати наликува како да учествува во трка со штафети, каде што секој брза за да стигне на време на работа или на училиште. Наспроти тоа, покрај утринската молитва-која се извршува без разговор-за децата би било корисно да го започнат денот, така што макар на пет минути ќе ја почувствуваат мајчината и татковата љубов, како и грижата кој што ќе прави тој ден. Пред заминување на училиште, мајката може своето дете да го благослови или да го испрати со молитвените зборови: „Бог да те благослови”, („Мајката Божја нека биде со тебе”). Сето ова не е само јакнење на душевната сигурност-тоа е заштита од какви било негативни влијанија кои детето може да ги сретне, а исто и како врска помеѓу детето, домот и училиштето.
Од книгата: Васпитајте своје дете од с. Магдалена
Подготви: М.Б.
Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)
Друго: