Турската полиција како што соопштуваат турските медиуми уапсила маж а по двајца негови соработници се трага поради сомнение дека сакале де го убијат вселенскиот патријарх Вартоломеј.Според истите извори атентатот бил планиран да се изведе на 29-ти овој месец.
Полицијата објаснува дека атентатот е планиран за 29. мај бидејќи на тој ден, пред 560 години, тогаш византиски Цариград бил освоен од Турците. Вартоломеј од денес е ставен под засилено обезбедување на полицијата.