Погледнете една планинска ливада - на неа растат десетици различни растенија едно до друго и не си пречат меѓусебно. Погледнете една вештачки направена плантажа - на неа расте само еден вид растение и се што не припаѓа на тој вид се смета за коров.
Идејата за културната, етничката или расната „чистота“ е вештачки конструкт кој нема ништо заедничко со природниот предок на нештата. Таа во самата своја срж е противприродна и претставува опасност - не само за „различните“, туку и за самиот ентитет што наводно го „заштитува.“
Еден оранжериски патлиџан има точно одредена форма и димензии, се што излегува од правилото, колку и да е добро и вкусно, се смета за девијација. Така е и со луѓето.
Униформноста ја разјадува самата култура и идентитет што декларативно го протежира. Навиднум парадоксално, униформноста е најголениот противник на прогресот, токму затоа што застанува против природата и традицијата.
фб Milan Dordevic
2025