логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Прашање од Луиза, Биљана и Сашо:
Од каде доброто, а од каде е злото? Како да ги разликуваме, особено во меѓуличносните односи?

Одговор:

ЗА ДОБРОТО И ЗЛОТО

Одговорот на ова прашање
 е наменет за  сите кои сериозно не размислувале, а сакаат да размислуваат  за непремосливата разликата помеѓу доброто и злото, вистината и лагата, животот и смртта
  

Ако направиме една искрена и објективна анализа на нашиот однос кон ближните, или поточно кажано, кон луѓето со кои секојдневно сме во личносна блискост, ќе забележиме разни состојби и влијанија во нашата душа кои се плод на меѓуличносните односи. Тие разни состојби и влијанија, без многубројните нијанси, можеме да ги поделиме на душополезни и душовознемирувачки, или поточно, добри и зли. Затоа уште на самиот почеток на текстот ќе се обидам да одговорам на прашањето што е  добро, а што е зло.
 За да се одговори на ова прашање треба да се тргне или од некој етички критериум надвор од нас или од нашето лично внатрешно искуство во однос на тоа што подразбираме под добро и зло. Јас како христијанин, како личност која верува во Бога и ги прифаќа вредностите на Царството Божјо, одговорот на прашањето го барам во личноста на Творецот, во Неговото откровение на вистината и во моето духовно искуство од и во таа вистина. А таа вистина открива нешто што го збунува современиот човек кој за голем број суштински нешта е без вредносен корен и духовен увид. Божјото откровение запишано во Светото Писмо (Библијата) открива дека злото не постои, дека тоа нема своја онтолошка (битијна) основа, односно Бог не е негов творец. Постои, има битие, битисува само она што е создадено од Творецот, како во духовниот така и во материјалниот свет. А се што е создадено од Него е создадено како добро. Светото Писмо за тоа ни сведочи на следниот начин: И виде Бог дека е многу добро се она што го создаде (1. Мој. 1,31). Ако е тоа така, а така е, тогаш се поставува прашањето за потеклото на злото во светот кој е создаден и благословен од Бога? Откровението ни го дава и тој одговор. Во него можеме да забележиме дека доброто е совршен поредок и состојба на постоење благословена и создадена од совршениот Творец. Таа состојба во Светото Писмо е наречена Царство Божјо, односно состојба во која царува Отецот преку Синот  (како Негово Слово - Логос) во Светиот Дух. Доброт се препознава по тоа што ни се разоткрива како љубов, вистина, убавина, смисла, милост, хармонија, ред, здравост, целост, единство, служење, творештво, светост, полнота, живот. . . Личноста што ги поседува тие карактеристики и вредности е добра и е во доброто. Но се наметнува еден проблем. Што ако личноста, а личноста е личност затоа што е слободна и може да избира, избере да се спротистави на доброто, односно се спротистави на совршениот поредок и состојба на постоење. Што може да се случи тогаш? Откровението ни одговара дека во таков случај во личноста што свесно и слободно се спротиставува на доброто започнува да се создава една противположна, болна состојба, што ние ја нарекуваме зло или свесно и дрско спротиставување на доброто или Царството Божјо. Ако доброто се препознава и разоткрива во горе наброените состојби и вредности, злото се препознава и разоткрива во спротивните. Тоа се препознава во зависта, гордоста, егоизмот (себељубие, самобендисаност), суетата, алчноста, омразата, лагата, желбата за манипулација и владеење со страв  (деспотизам, тоталитаризам), хаосот, илузијата, бесмисленоста (апсурдот), немилосрдноста, неслободата, безредието, болеста, деструктивноста, огревовеноста, смртта, личносното (духовно) мртвило како онтолошко промашување. . . Личноста што ги поседува горенаведените карактеристики, односно, наведените алки кои го сочинуваат синџирот на злото, е зла и е во злото, или поточно кажано, таа е болна и нејзе и е потребно лекување преку кое би се ослободила од таа деструктивна садо - мазохистичка состојба, односно состојба во која самата себе, но и останатите кои ја опкружуваат, ги воведува во уништување, несреќа и духовна (личносна) смрт.                                                                                                                                    

  Според сето она што ни е откриено во Светото Писмо и е покажано и докажано во животите на светите Божји луѓе, се стекнува духовен увид и сознание дека Бог не е творец на злото и дека тоа нема постоење само по себе. Тоа постои само како состојба, како негативен однос кон некој или нешто во личноста што свесно и слободно се спротиставува на доброто.
Свети Максим Исповедник во контекст на ова го пишува следното:
Злото не може да се пронајде во суштината на нештата, туку само во нивните погрешни и непромислени постапки.
 Свети Макарие Египетски за истото ќе напише:
Дали гледаш дека и самата природа се менува. Може да тежнее кон зло, а веднаш потоа да се сврти кон доброто, и во двата случаја има можност да се согласи со оние дела што ги посакува. Разбери дека човечката природа може да го прифати доброто или злото., односно божествената благодат или противната сатанска сила, и сето тоа не станува со принуда туку по сопствена воља.
А премудриот Соломон ќе го напише следното:
Бог го создаде човекот за вечност и го направи слика (образ, икона) на Своето вечно битие, но поради завист од ѓаволот смртта влезе во овој свет, а неа (телесната, а пред се духовната смрт) ја доживуваат оние што нему му припаѓаат.  (Книга Мудрост Соломонови. 2, 23 - 24) 
И затоа ако личноста што се спротиставува на доброто, и е во зло, престане да се спротиставува на доброто и посака да се врати во првобитната здрава и благословена состојба на постоење, тогаш злото како акт на погрешен избор (злоупотреба на вољата) престанува да постои, но сепак во личноста и нејзината природа остануваат последиците од злото (зли навики) кои треба да се излечат и надминат во взаемен љубовно благодатен однос помеѓу Бога и личноста во Светите тајни (крштевање, миропомазание, причест, исповед, маслосвет, брак, свештенство) и во спасоносниот духовен живот  на Телото Христово -  Црквата.
 Според сведочењето на Божјото откровение првата личност која свесно и слободно се спротиставила на доброто и на љубовниот поредок на постоењето поради својата завист и гордост (нереално, самобендисано, саможиво и лажно доживување на својата личност) и се утврдила во болната состојба на злото е  личноста на еден ангел од високата ангелска хиерархија. Во Светото Писмо тој ангел е наречен Сатана, или преведно на македонски - Оној кој се спротиставува. За оваа трагедија што се случила во духовниот (ангелски) свет во откровението Божјо го имаме следното сведоштво:
Ти беше помазан херувим (највисок степен во ангелската хиерархија, заедно со серафимите и престолите) за да осенува (заштитува), и Јас те поставив за тоа; ти беше светата Божја гора, одеше среде огнени камења. Ти беше совршен во патиштата твои (беше во доброто, растеше духовно, твореше, избираше и се усовршуваше во доброто), од денот кога беше создаден (создаден од Бога како добар), се додека не се најде во тебе беззаконие (зависта и гордоста која го мотивира оној кој е создаден да се спротистави против својот Создател) (Језекил. 28, 14-15). А самиот Христос за оваа трагедија ни сведочи со следните зборови:
Го видов сатаната дека падна од небото како молња! (Лука. 10, 18)
  Од личноста на сатаната (противникот, отпаднатиот) оваа болна состојба на отпадништво преку отровот на лагата (не-вистината) се прошири и утврди во една третина од ангелите кои станаа демони, пренесувачи на злото. (Откровение. 12,4).
 Деструкцијата, болеста и отровот на злото, повторно преку лагата на сатаната (1. Мој. 3,1-9), но и поради наивноста, незрелоста и непослушноста на нашите прародители Адам и Ева, се всели во личноста на човекот и се пројави во неговата природа (душа и тело), во неговите дела и во неговиот однос кон Бога, ближниот и природата. Во понатамошниот дел на текстот внимание ќе посветиме на влијанието на доброто и злото, на овие две спротиставени состојби на постоење во градењето на меѓуличносните односи.
 Ако треба да се даде дефиниција на христијанството и Црквата, или поточно кажано, на Христовото откривање на вистината (евангелието), тогаш треба да се каже дека тоа е Божјо откровение кое има за цел да не научи како на вистински (добар) начин, наоѓајќи се во сегашната огревовена (падната) состојба на постоење, до го градиме и осмислуваме нашиот однос кон Творецот, кон самите себе си, кон нашите ближни, кон природата и се што не опкружува. Не случајно најголемата Христова заповед гласи: Возљуби го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум (со полнотата на својата личност); тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себе си (ако со полнотата на личноста го љубиме Творецот, ќе се љубиме и ќе се спознаеме себеси, а тогаш ќе бидеме подготвени да го љубиме и да се жртвуваме за ближниот)! На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците (Матеј. 22, 37-40). Овие две заповеди се врвот на Божјо откровение како во Стариот завет (пред Христовото доаѓање) така и во Новиот завет (по искупителна жртва Христова на крстот и воскресението). Некој може да каже дека тоа се многу едноставни нешта, но непознавањето и непрактикувањето на овие "едноставни" заповеди можат, а тоа се случува почнувајќи од Адам и Ева па се до денес, да го направат нашиот живот подобен на адот (состојба на чисто зло).
Денес насекаде околу нас, во нас самите и во нашиот однос кон ближните, ние сме сведоци на пројавата на злото, на таа болна антиљубовна состојба која секогаш има за цел да не одели од ближните (егоистички сепаратизам), од Бога (духовно мртвило), па и од самите себе (шизофренија). Секојдневно во нашата душа го чувствуваме вознемирувањето, стегнатоста, неслободата, стравот и апсурдот кои се плод на злиот однос на некои луѓе кон нас. Но, исто така, секојдневно од некои наши ближни чувствуваме љубов, жртва, радост и внимание кои ни ја хранат и шират нашата личност и ни го осмислуваат и оживуваат животот.
Зошто односот на некои луѓе кон нас не вознемирува, згрчува, испразнува, плаши и ни буди гнев и одбрамбен став, а односот на некои луѓе не ољубовува, смирува, исполнува, оживува и отвара? Одговорот на ова прашање треба да не внесе во самата срцевина на текстот, да не внесе во тајната на личноста и во двете нејзини противположни состојби на постоење, во благословената состојбата на доброто и во болната состојбата на злото.
 Во Божјото откровение, во старозаветната заедница на древниот Израел и во новозаветната Црква, личноста се доживува и се разбира како образ Божји (1.Мој. 1,26) кој треба да се уподобува, да се усовршува и да созрева во првообразот (архетипот, првосликата), во Личноста на својот совршен, во доброто и љубовта, Творец. Веќе погоре во текстот спомнав дека една личност од ангелскиот свет свесно и слободно отстапува од постоењето создадено и благословено од Бога и таа во себе ги злоупотребува (ги употребува за ширење зло) сите личносни потенцијали и сили што Творецот и ги дарил при создавањето. Таа личност (сатаната) во сите личности од ангелскиот и човечкиот свет, што се отвориле и ќе се отворат за нејзината лага, го вбризгува во нив отровот од нејзината болна и уништувачко настроена личност. Затоа и во откровението сатаната се нарекува “ЗМИЈА”. Па затоа секогаш кога ќе стапиме во контакт (меѓуличносен однос) со личности кои свесно или несвесно (како последица на прародителскиот грев) во себе го имаат во поголема мера отровот на противникот, душата ни се вознемирува и се плаши, а односот со такви личности по правило однапред е осуден на безредие, хаос, подлост и пропаст.  Треба да се нагласи дека сите луѓе, сето човештво по падот на нашите прародители во својата личност и во својата природа го имаат овој отров. Но некои личности со Божја помош и во плодовите и силата на Христовата искупителна и спасителна жртва, но и по своја воља, вера и љубов,  се борат во Црквата против отровот на злото и се чистат од последиците и навиките кои се несакани остатоци од делувањето на злото во нив. Со такви личности односот е сосем различен во споредба со личностите кои не се борат против злото во себе или дури свесно го негуваат и развиваат, со што во себе градат состојба на сатаноподобност.
Личноста која преку покајанието, разбрано како преумување и будење од духовното мртвило или од несвесноста дека се живее во грев и зло и преку евангелскиот духовен живот, свесно, искрено и објективно ќе го увиди злото и неговите последици во себе, во своите дела и меѓуличносни односи, и ќе се потруди да се очисти од истото, ќе стекне увид во својата вистинска од Бога создадена природа и состојба на постоење. Таа ќе ги почувствува сите свои личносни потенцијали и сили кои пред тоа биле свесно или несвесно заробени и употребувани за зло, и кои по будењето од огревовеното духовно мртвило природно се насочуваат кон творењето на добро или кон постоењето во добро. Тогаш личноста започнува на вистински начин да го живее животот дарен од Бога и истиот да го осмислува со вечните љубовни вредност на Неговото Царство. Во меѓуличносниот однос со таква личност се надминуваат препреките, егоистичните ѕидови, кои се плод на гордоста, суетата, зависта, илузијата, алчноста, славољубието, среброљубието, сластољубието и саможивото слепило за  потребите на ближниот, а се осознаваат љубовните духовни сили кои личностите ги мотивираат да го одржуваат, осмислуваат и развиваат својот личносен однос и тоа во вечна перспектива. Всушност, во тој меѓуличносен однос личностите започнуваат да ја осознаваат тајната на вечното љубовно творечко постоење во Царството Божјо уште тука во овој свет.
 И затоа кога во секојдневието ќе се соочиме со сите можни состојби и пројави на вистината и лагата, на доброто и злото, на љубовта и омразата, мудроста во разликувањето на едното од другото е можеби најголемото и најпотребното нешто што еден човек може и треба  да го постигне во овој од Бога отпаднат, но и преку Неговиот Син и нашиот Месија, спасен свет. Без таа мудрост би останале безумни и духовно наивни. Би биле само отворен простор за манипулација и сировина за злоупотреба од сите оние кои свесно лажат и шират зло. Без таа мудрост сите наши односи се однапред осудени да станат стапица во која ќе се измачуваме себеси, но и нашите ближни, како во овој свет, така и на вечен план.
Затоа мудриот човек, како вистински Христов ученик, поучен од своето и туѓото искуство, знае каде да тргне и што да носи во срцевината на своето срце додека чекори по тесниот пат кој води во совршената состојба и поредок на постоење во која владее Царот на вечното, и за нас луѓето во овој свет сеуште неразбирливо и надумно Царството. За ова Царство  тајновидецот Јован во своето откровение (апокалипсис) пишува:
 И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува (спасените членови на човештвото) и ќе царуваат (во Царството) во век и веков. (Откр. 22, 5)

презвитер  Ивица Тодоров 
 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная