логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Од 9 до 22 декември 2020 г. во Културно-информативниот центар – Скопје,  ќе биде поставена изложба на слики на ликовната уметница Дита Старова-Ќерими. На изложбата, авторката ќе се претстави со 15 дела, работени во техника акрилик на платно, создадени во поново време.

 

Д-р Дита Старова – Ќерими е академска сликарка и доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ  Колеџ Скопје. Првата сликарска наобразба ја добива во Париз, во „Lycée Janson de Sailly“, а во родниот град Скопје, по завршувањето на Државното средно училиште за уметност и дизајн ,,Лазар Личеноски’’ дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“, во класата на Симон Шемов. Докторира во 2014 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ на тема „Муралното сликарство во исламските сакрални градби во Република Македонија низ практична анализа на човековиот придонес“, под менторство на проф.др. Мехмет Ибрахимгил од Гази Универзитетот во Анкара. (Турција).

Како афирмирана ликовна уметница, во својата професионална биографија Дита Старова – Ќерими досега има нотирано 14 самостојни и над 50 групни изложби во Македонија, САД, Франција, Турција и Косово. Добитничка е на бројни домашни и странски признанија.  Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на Музејот на современа уметност и на Националната галерија на Република Македонија во Скопје како и во колекции во Канада, Турција и Франција. Таа е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), на Здружението на уметници „Аrt Vizion“ од Скопје, како и на Здружението на уметниците на Македонија „Драудакум“. Добитник е на наградата „13 Ноември“, доделена од Градот Скопје, во областа на културата.

Актуелен директор на Националната галерија на Македонија е од 2015 година, период во кој освен на организирање и раководење со бројни изложби работи и на реализација на дел од значајните проекти за реставрација на Спомен куќата на Лазар Личеноски и на изложбените објекти Даут пашин амам и Чифте амам кои претставуваат заштитено културно наследство.    

Големиот број обврски дозволуваат ретки прилики да „украде“ моменти за себе и дружба со седмата
уметност, низ проза и поезија до провокација и креативна инспирација ...
 
„Безвременска песна "Булка" на големиот албански поет Асдрени напишана пред 100 тина години (1912) буди се можни асоцијации и во овие времиња на страдања од пандемијата. Црвениот, кревок цвет на буката кој пркоси на бурни ветрови станува симбол на универзалната надеж. Додека цветаат булките ќе се обновува и надежта за совладување на најголемите тешкотии на животот. Оживувајки ја булката на сликарското платно сакам да ги разбудам поривите на радост и надеж во човековата душа.“, изјави Старова - Ќерими.
 
Во прилог песната „Булка“. 

3.angeli.so.truba

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная