логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Родум од Халкидон. Татко и  беше сенаторот Филофрон, а мајка Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани се засолнија од тоа скверно жртвопринесување и се сокрија. Но ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Света Ефимија.

3.angeli.so.truba

Кога надмениот Приск ги запраша зошто не и  се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да ѝ се покоруваме туку треба и да ѝ се противиме.“ Тогаш Приск ги удираше на разни маки, и тоа деветнаесет дена наред, секојдневно. Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да ѝ ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството. Но бидејќи сите лаксања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата.

Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји ѝ се јави и го искрши тркалото. Потоа ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана. Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот. Потоа Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото.

Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 11 јули.

 Aleksand.Lit.jpg

 

  ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светата
Христова великомаченичка
Ефимија сефална
16 септември / 29 септември

Возљубувајќи го твојот Жених, Христос,
светлата твоја свеќа ја подготви,
но заблескаа твоите добродетели, сефална Ефимио,
со тоа ти за Него се оневести,
венец за страдањата од Него примајќи.
Затоа од беди избави нé нас,
кои со вера го чествуваме твојот свет спомен.


Извор МПЦ – ОА

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

26/06/2025 -петок

Петровденски пости (строг пост)

Св. маченичка Аквилина; Св. Трифилиј, епископот на Леквусија Кипарска; Св. Ана и нејзиниот син Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная