логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


МИНИСТЕРКАТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ ПРОГРАМАТА ЗА ПРОСЛАВАТА НА 8 СЕПТЕМВРИ


Заедно под едно сонце, за 20 години независност


Кулминацијата на свечената прослава ќе се случи на централниот плоштад каде ќе биде изведен музичко-сценскиот спектакл "МАКЕДОНИУМ" во кој ќе учествуваат преку 300 уметници. Премиерно ќе биде изведена и композицијата "Македонија" избрана на конкурсот на Министерството за култура, која ќе ја интерпретираат 20-тина естрадни ѕвезди. Премиерната визуелизација на "МАКЕДОНИУМ", ќе се случи на досега најголемата сцена поставена на плоштадот која ќе биде долга 40 метри


Република Македонија годинава прославува 20 години од историскиот датум - 8 септември 1991 година. На овој датум македонскиот народ на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независност. По тој повод Владата на РМ вчера ја објави Програмата за достојно одбележување на јубилејот која ќе има космополитска дименизија и мисија - обединување на сите граѓани без разлика на нивната политичка припадност, идеологија, вера и националност. Целокупната прослава којашто ќе се одржи на 8 септември во Скопје ќе се одвива под слоганот "20 години државност - 20 години независна Македонија, заедно под едно сонце", а во нејзината реализација се вклучени над 2 000 луѓе.

"Прославата ќе ги илустрира нашето минато, сегашност и иднина, а Програмата ќе ги претстави уметничките и интелектуалните потенцијали и државотворните елементи на нашата земја, истакна вчера министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која придружена од тимот што ја осмисли прославата ги откри деталите.

Централната прослава ќе започне на 8-ми септември, во 18 часот пред Собранието со обраќање на претседателот Трајко Вељаноски и предавањето на Декларацијата за независност на гардата на Република Македонија, која ќе ја проследи до новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност. Во чест на предавањето на Декларацијата ќе се одржи свечено дефиле на сите единици на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи придружувани од Воениот оркестар. Со настапот на единиците ќе биде заокружена првата тематска целина од процесијата која понатаму ќе продолжи пред Портата Македонија - симболот на големата историска победа -независноста на Република Македонија.

Во новиот тематски дел насловен како "Иднина", преку 1000 деца заедно со Калиопи Букле и детскиот хор "Златно славејче" ќе ја изведат роденденската песна на композиторот Марјан Неќак. Децата први ќе поминат низ Портата Македонија и симболично ќе зачекорат низ слободната иднина на нашата земја.

На патот кон Музејот на македонската борба, свечената поворка со Декларацијата ќе помине и низ централниот плоштад, каде ќе има актери во костими од периодот на кои им припаѓаат историските личности претставени преку спомениците на плоштадот. Декларација ќе ја поздрават и 150 членови на културно-уметничките друштва од сите етнички заедници и околу 500 деца.
На Камениот мост на симболичен начин ќе се спојат минатото, сегашноста и иднината во чест на Декларацијата за независност на Република Македонија, која во 19.30 часот, претседателот на РМ, д-р Ѓорге Иванов, ќе ја положи во новиот Музеј на македонската борба, а Армијата ќе испука топовски плотуни од Скопското Кале. Отворањето на Музејскиот комплекс ќе биде илустрирано со познати сцени од нашето револуционерно минато, кои ќе бидат дел од театарскиот ораториум "Непокор". Во изведбата на перформансот ќе бидат вклучени актери од сите театри во државата. Армијата на РМ пред Музејот ќе изведе почесна стрелба за сите херои кои своите животи ги положиле за денешната независна македонска држава.

Кулминацијата на свечената прослава ќе се случи на централниот плоштад каде ќе биде изведен музичко-сценскиот спектакл "МАКЕДОНИУМ" во кој ќе учествуваат преку 300 уметници од Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, ансамблот "Танец", детскиот хор "Златно славејче" и солистите Ана и Игор Дурловски. Премиерната визуелизација на "МАКЕДОНИУМ", ќе се случи на досега најголемата сцена поставена на плоштадот која ќе биде долга 40 метри и ќе биде опремена со најсовремена сценска техника и технологија.
По обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе следи и грандиозното пуштање во употреба на фонтаната на плоштадот Македонија со споменикот Воин на коњ.

На централната прослава премиерно ќе биде изведена и свечената композиција "Македонија", избрана на конкурсот на Министерството за култура. Музиката на Кире Костов и текстот на Миодраг Врчаковски ќе ја интерпретираат дваесетина естрадни ѕвезди.
Прославата ќе се заокружи со голем музички хепенинг на кој ќе настапат околу 90 македонски имиња од забавната и народната музичка сцена.

Министерката Канческа-Милевска истакна дека на прославата не се поканети странски гости, туку само претставници од политичкиот, културниот и општествениот живот на Македонија.
Владата на Република Македонија ќе организира бесплатен автобуски превоз од 83 градови и општини во државата, за сите граѓани кои ќе сакаат да присуствуваат на централната прослава по повод Денот на независноста.

На Денот на независноста, 8 септември, ќе се реализираат и други активности. Во 9.30 часот во Алеата на великаните на Градски гробишта Бутел, ќе биде положено свежо цвеќе на гробот на д-р Никола Кљусев, првиот претседател на Владата на независна Македонија, како и на вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Во 12.30 часот свечено ќе биде пуштена во употреба новата автопатна делница Табановце - Куманово на Коридорот 10, а во 13.30 часот во Македонската академија на науките и уметностите, ќе се промовира едицијата "Сто и триесет тома македонска книжевност", преведена на англиски јазик. Во 17 часот, претседателот на Собранието, Трајко Вељановски ќе оствари средба со претседателот, членовите и заменик-членовите на Комисијата за спроведување на референдумот за изјаснување на граѓаните на РМ за прашањето на суверена и самостојна Македонија. (Д.Т)

Промоцијата на Алекандар Велики и двокатните автобуси во ист ден
Настани и промоции по повод независноста на Република Македонија ќе има и на 6 и 7 септември. Така, на 6 септември во 12 часот пред платото на спортскиот центар "Борис Трајковски" ќе бидат промовирани новопроизведените двокатни автобуси за јавниот превоз во Скопје, додека во 13.30 часот свечено ќе се пушти во употреба обновениот и модернизиран аеродром "Александар Велики". На 7 септември, во Собранието на Република Македонија, во 12 часот ќе се одржи свечена седница по повод Денот на независноста, додека во 14 часот, во Владата на Република Македонија, претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски ќе оствари средба со сите поранешни претседатели на Владите на РМ. Во 19 часот, во Македонската опера и балет, истиот ден ќе се одржи и свечена академија по повод независноста на Република Македонија, на која ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Во текот на месец септември низ целата Република ќе бидат реализирани голем број на настани или манифестации од областа на спортот, културата, политиката, образованието, здравството, одбраната...

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная