логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопски филмски фестивал од 15-ти до 20 април, специјален гостин полскиот режисер Кжиштоф Зануси

Скопје, 11 април 2011 (МИА) - Македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски в петок ќе го отвори 14. Скопски филмски фестивал на кој до 20 април ќе бидат прикажани дваесетина филмови во киното „Милениум“ и во Кинотеката на Македонија.

Директорот на фестивалот Иво Антов на прес-конференција информираше дека фестивалот стандардно ќе содржи главна програма, како и ретроспективна, програма „Скопје ’90-ти“, кратки филмови и натпреварувачка програма на едноминутни филмови што СФФ ја воведе лани и за која имало голем интерес.

На програмата се нови филмови од светската кинематографија, меѓу кои и годинашните оскаровци „Говорот на кралот“ на Том Хупер и „Социјална мрежа“ на Дејвид Финчер. Фестивалот ќе биде затворен идната среда со проекција на шпанскиот „18 оброци“ во кој има учесници од Македонија - Милан Тоциновски игра една од главните улоги, а директор на фотографија е Бранд Феро.

Специјален гостин на фестивалот ќе биде познатиот полски режисер Кжиштоф Зануси, меѓу најзначајните европски и светски режисери, добитник на престижни филмски награди од фестивалите во Кан и Венеција. Тој во Скопје ќе биде во петок и сабота  кога ќе одржи предавање на Факултетот за драмски уметности и на средба со медиумите ќе зборува за филмот. Од Кинотеката на Македонија ќе му биде врачено признание за придонес во светската кинематографија.

Во чест на Зануси, на програмата на СФФ се четири негови филмови - „Постојан фактор“ (1980), „Година на мирното сонце“ (1984), „Животот е смртна сексуално пренослива болест“ (2000) и „Персона нон грата“ (2005), кои ќе бидат прикажани во Кинотеката.

Покрај кинопроекциите, филмови ќе бидат прикажувани и во андерграунд киното во „Менада“ во чаршија, во кафулињата „Дамар“, „Чакра“ и „Лајка“.

И годинава мото на фестивалот е борбата со пиратеријата. - Насловите веќе ги има на пазар, но се надеваме дека вистинските љубители ќе дојдат за да ја почувствуваат магијата на филмот, рече Антов, додавајќи дека е тешко да се прави фестивал во град во кој не се оди во кино и каде што само  две киносали имаат целодневен репертоар.

Четири проекции на ден ќе има во „Милениум“ и три во Кинотеката.  Влезницата е 100 денари или 200 за три филма.

Фестивалот чини над  6,5 милиони денари, од кои 3 милиони се од Министерството за култура, 300.000 денари од Град Скопје, а останатите се спонзорства, донации и влог на СФФ. хс/скс/15:26


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

22/04/2025 - вторник

 Воскресение Христово (трет ден); Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април  2025

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 23 април/10 април 2025

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная