логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Веќе е заокружена програмата за претстојното, шесто издание на интернационалниот филмски фестивал Астерфест кој ќе се одржи од 27 до 31 мај во Струмица, под мотото “евроатлантски филмски патоказ”. Иако буџетски се движи во слични рамки како и претходната година, овојпат има значителен исчекор во поглед на странските гости кои го потврдија своето присуство од повеќе европски држави. На самото отворање ќе му биде врачена плакетата Астер за високи достигнувања во полето на авторскиот филм на шпанскиот режисер и сценарист Мигел Ермосо роден 1946 во Гранада. Некои од филмските дела на Ермосо се краткиот филм “Дивиот Том”, долгометражните играни “Измамници”, “Бегалци”, “Чудесна светлина”, “Како молња”, “Лола” и документарецот “Нашите деца” во омнибусот од 25 светски режисери “Визиите на Европа”. Ермосо има плодно телевизиско и писателско искуство, добивал бројни авторски награди на фестивалите во Тулуз, Москва, Мајами, неговите филмови се одликувани со Гоја наградите и со признанија од Шпанската филмска асоцијација, а соработувал со актерите Нино Манфреди, Лаја Марул и Франциско Рабал.
Исто така, од страна на Тивериополската филмска алијанса и Астерфест ќе му биде врачено почесното признание за режисерска поетика на познатиот балкански режисер и педагог Боро Драшковиќ кој на 29 мај, токму во Струмица ќе полни 75 години. На фестивалот оваа година се очекува уште ден специјален гостин, популарниот хрватски актер Жарко Радиќ, кој добива специјално признание за придонес во филмската, ТВ и драмската уметност во ЈИЕ. Куриозитет е тоа што Радиќ во 1975 престојувал во Струмица на отслужување на воената обврска, а потоа ја игра главната улога во македонскиот филм “Пресуда”.
Вкупно ќе има проекции на близу 50 филмски наслови. Што се однесува до компетитивниот дел, како и лани, ќе има десет документарци кои меѓународното жири ќе ги оценува за Златна, Сребрена, Бронзена Потковица и за Старозлатен проектор. Во оваа главна селекција влегоа филмовите: швајцарскиот “Звукот по луњата” на Патрик Сергел, Рајан Фенсон-Худ и Свен О. Хил, грчкиот “Шеќерен град – ден потоа” на Кимон Цакирис, македонскиот “Погледни го животот низ моите очи” на Марија Џиџева, српскиот “Догледање, како сте” на Борис Митиќ, рускиот “Провинција 35х45” на Евгениј Соломин, американско-германскиот “Битка за реката” на Бен Кемпас, данскиот “Албертовата зима” на Андреас Коефоед, германскиот “Девојчето што бере тутун” на нашата Билјана Гарванлиева, македонскиот “Волшебниот рид” на Петар Џуровски и англискиот “Куќа 149”. Кратки играни филмови кои ќе се натпреваруваат за единствената награда за најдобар краток филм се: шпанскиот “Пабло”, хрватскиот “Проби”, британскиот “Возач”, канадскиот “Ден пред вчера”, шведскиот “Сакано дете”, германскиот “Вавилон 2084”, италијанскиот “Никогаш така близу”, францускиот “Разгледница”, бугарскиот “Фугата” и нашите “Фереџето на среќата” на Гоце Цветановски  и премиерниот “Крајот на светот” на Јани Бојаџи. Ќе има и нов блок на анимирани филмови за што првпат ќе се додели и награда, а категоријата Мувиленд оваа година е резервирана за Словенија. Планиран е блок кратки филмови од Шведска насловен како “Шведски бисери” со претставникот Даниел Виртберг, ќе има филмска посвета на еден од најнаградуваните помлади италијански режисери Андреа Лодовичети, а ќе се одржат и уште многу други ревијални проекции. Исто така, во рамките на фестивалот ќе се одржат капиталниот симпозиум “Кинематографските проблесоци во Струмичко”, како и интензивниот воркшоп за правење документарци со размена на меѓународни искуства и погледи кон оваа проблематика.
Како освежување во програмските секции, планирано е и прикажување на најгледаниот црногорски филм “Гледај ме” на режисерката Марија Перовиќ, а во чест на наградените ќе биде прикажан “Бегалци” на Мигел Ермосо.
Ќе се промовира и двојазичната монографска брошура “Астерфест – 5 години потоа”, како и ДВД изданието со 5 кратки филмови прикажани на Астерфест.
Фестивалот свечено ќе се отвори на 27 мај во 20,00 час. во Домот на АРМ, а сите други петдневни фестивалски проекции ќе се одвиваат во НУЦК Антон Панов. На 29 мај е планиран традиционалниот настан во Манастирот Св. Пресвета Богородица во Вељуса насловен како Астер и Тивериополски беседи, а гостите ќе ги посетат и Цареви кули.
Покровители на фестивалот се Министерството за култура на РМ и Собранието на Општина Струмица, а оваа година фестивалот е поддржан и од Делегацијата на Европската унија.
Традиционални партнери во реализацијата на Астерфест се Кинотеката на Македонија, Струмичкиот Музеј и НУЦК Антон Панов, а доаѓањето на гостите е потпомогнато од Амбасадите на Шпанија, Шведска, Холандија и Словенија.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная