Скопје, 27 јуни (МИА) - Од денеска до 6 јули во хотелот „Арка“ во Скопје ќе се одржува четвртата Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2009“.
На годинашната колонија ќе учествуваат десет домашни и странски уметници - Маја Џартовска - Хил, Томе Мишев, Вељо Ташовски, Бурхан Аџмети и Жаклина Глигориева - Кочоска, Фабиен Лид од Франција, Анка Крашна од Словенија, Ахмед Озел од Турција, Алдемар Ибрахимовиќ од Црна Гора и Славица Марин од Хрватска.
Традиционално, на колонијата учествуваат уметници од збратимените градови со Град Скопје, а годинава ќе бидат присутни и уметници од Истанбул и Дижон. Тие ќе работат во специјално подготвени простории за работа.
Колонијата претставува можност за воспоставување мостови на соработка и размена на уметниците од Скопје и Македонија со уметници од другите земји.
По завршувањето на колонијата ќе биде отпечатен каталог и ќе биде организирана изложба за време на одбележувањето на 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје.
Покровител на колонијата е Град Скопје, а техничката организација е на Музејот на Град Скопје во партнерство со хотелот „Арка“. бак/хс/ 9:13