Почитувани,
Ве информираме дека на ден 17.03.2009 година (вторник), во 20:00, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе биде отворена изложбата „Патувањата на Адолф Борн низ просторот и времето”.
Изложбата е во организација на Министерството за култура на Република Македонија, Националната галерија на Македонија и Амбасадата на Република Чешка и истата ќе ја отворат: министерката за култура на Р.Македонија, Елизабета Канческа - Милевска, амбасадорот на Р. Чешка Јозеф Браун и директорката на Националната галерија на Македонија, Маја Крстевска.
Во прилог Ви доставуваме информации за авторот:
Адолф Борн е еден од најпознатите чешки илустратори за деца и млади, но исто така и сликар, графичар, карикатурист, автор на поштенски марки, сценарист, режисер, аниматор, сценограф. Секогаш е откривач на восхитувачки свет на оригинални ликови, бизарни животни, голтачи на оган и ножеви, елегантни господа со цилиндри и дами со високо подигнати фризури и длабоки деколтиња, кои не можат да бидат помешани со ниеден друг уметник. На својата сметка има 380 книги, кои спаѓаат меѓу она најдоброто што во чешкото илустраторство настанало. Меѓу најубавите спаѓаат илустарциите за книгите Робинзон Крусо (Даниел Дефо), Маж со луле и виолина (Артур Конан Дојл), Бајки (Жан де Ла Фонтен), Сказни на браќата Грим или Пипи Долгиот Чорап (Астрид Линдгрен). Борновата умешност да се соживее со дадената тема и да ја запази атмосферата на подлогата од него прави мајстор во неговата струка.Со иста популарност со која се здобија неговите илустрации на книгите се здоби и неговата работа во подрачјето на анимираниот филм. Во оваа област во својата земја е познат главно по цртаните филмови Маха a Шебестова: првата приказна за овие двајца ученици и волшебната телефонска слушалка настана во 1976. Подоцна бил ликовен соработник на 65 филма.
Адолф Борн има направено околу 150 изложби во Чешка и во странство. Идеи за својата работа црпи од впечатоците од своите патувања, од восхитот кон историските и литературните ликови, митолошките херои, од театарот или од спомените од старите прашки панаѓури. Со литографиите во боја почнал околу 1964, претходно се посветувал на дрворезба или линорез (црно-бел и во боја).
Инаку, изложбата ќе трае до 29.03.2009 година.
Ви благодариме за соработката.
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА