„Појадок на мост“
Град Скопје ќе организира „Појадок на мост“ на 21 септември, на верскиот празник Рождество на Пресвета Богородица. Градоначалникот Коце Трајановски вчера не сакаше да открие на кој мост ќе се случува новата манифестација, која се организира по повод одбележувањето на празникот на Богородица, заштитничка на Скопје. Градските власти планираат појадокот на мост да стане традиционална манифестација како дел од одбележувањето на верскиот празник. Трпезата ќе биде отворена за сите посетители. Што ќе се најде на неа и колку време ќе трае гозбата, засега не се знае.
Трајановски само кусо потврди дека Град Скопје со јавен повик објавен во медиумите деновиве бара донатори меѓу рестораните, гостилниците, пекарниците и дистрибутерите на храна и пијалаци, кои ќе треба да го подготват појадокот. (С.Н.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=820AC904D82C1B4B8976EE2382500028