логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Erusalim.a.jpg
БОЖИК ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА
04/01/2009 - 11/01/2009
8 дена / 7 ноќи
Ден први
04/01/2009 ( недела )
Состанок на групата  пред Соборниот храм Св.Климент Охридски 
( во... часот) . Трансфер Скопје - аеродром Софија. Полетување за Тел Авив во 16:40 часот со а/к Бугариа Аир. Слетување на аеродромот Бен Гурион во  Тел Авив во 19:10часот. Средба со водичот на групата и трансфер до Ерусалим.
Сместување во хотел.
Вечера.
Поклонение на Гробот Христов. Храмот на Гробот Христов. Голгота. Каменот на миропомазание. Местото каде што е најден Крстот на Господ Исус Христос.

Ден втори
05/01/2009 ( понеделник )
 Појадок.
Планина Сион. Според христијанското предание следните настани се случиле на Сион:  Тајната Вечера ( тајната на Светата Евхаристија ), слегување на Светиот дух и основањето на првата христијанска заедница и Црква. Храм Успение на Пресвета Богородица.


Патот на страдањето Виа Долороза.  Патот  што го поминал Христос носејќи го крстот од местото на неговото осудување - Преториум, до местото на распнувањето - Голгота. Патот е долг околу еден километар, и содржи четиринаесет станици кои ги означуваат одделните настани поврзани со Христовото страдање и искупителната смрт на Крстот.
Враќање во хотел.
Вечера.


Ден трети
06/01/2009 ( вторник )
Бадник.
Појадок.
Витанија. Гробот на Лазар.  Место  на  чудесното  воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Спасителот Исус Христос .
Елеон. Рускиот Спасо - Вознесенски манастир . Место на отсекување на главата на Св. Јован  Крстител и Претеча.
 Место на Вознесението на Господ Исус Христос.
 Гетсиманија. Гробот на Пресвета Богородица. 
Гетсиманиска градина. Црквата на Сите нации - современа црква, изградена на местото на стариот византиски Храм. Во Гетсиманиската градина Исус Христос  ги поминал последните часови, молејќи се, пред да биде приведен. - “ Оче мој, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша. Но не како Јас што сакам, туку како Ти!” Тој се молел. Апостолите спиеле. На улиците на Ерусалим се слушале чекорите на стражата...
Руски манастир Св. рамноапостолна  Марија Магдалена, поклонение на моштите на прав. Елисавета и Св. вмч-ца Варвара.
Витезда . Место каде што Исус Христос ги лечел болните.
Црква Рождество на Пресвета Богородица. На тоа место  според преданието живееле Св. прав. богоотци Јоаким и Ана - родители на Св. Дева Марија.
Враќање во хотелот.
 Вечера.
22:00 - Поаѓање за Витлеем. Божествена литургија во Храмот на  Христовото Рождество .

Т.Ц. Беверли Хилс И кат, лок.34а, Скопје, Македонија  Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Тел.++ 389 2 311 72 72; ++389 2 313 14 15
        www.nikex.com.mk

Ден четврти
07/01/2009 ( среда )

Раѓањето на Господ Бог и Нашиот Спасител Исус Христос Божик
 05:00 враќање во хотел. Одмор.
 Појадок.
 Витлеем. Храмот на Христовото Рождество.
Витлеемско Поле, каде се случила средбата меѓу Рута и Вооз.Тука поминало детството и младоста на цар Давид кој добил благослов 
 ( помазание ) од пророк Самуил да биде Цар. Подземна црква
сместена во пештера, каде ноќта пред Христовото раѓање на овчарите им се јавиле ангели, наговестувајќи го Христовото раѓање.
 Манастир Св. Теодосиј. Манастир Св. Сава Осветен.
Хеброн. Мамвриски даб.
Враќање во хотел.
Вечера.
24:00 - Божествена литургија во Храмот на Гробот Христов.
Собор на  Пресвета Богородица 

Ден петти
08/01/2009 ( четврток )
Појадок.
Одјавување од хотел. Пристигнување во Галилеја.
Назарет. Црква Св. Архангел Гаврил кај изворот на Дева Марија.
Кана Галилејска. Црква во чест на првото направено чудо на Господ Исус Христос претварајќи ја водата во вино на една свадбена веселба.
Планина Тавор. Храм  на  Преображението.
Река Јордан. Потопување во светите води на  реката Јордан.
Изворите на оваа позната река се наоѓаат на планината Ермон во западна Палестина, а се влева во Мртвото море. Од сите реки бил избран големиот Јордан. Во неговите води биле измиени сите гревови. Во неа Св. Јован Крстител го крштевал Исус Христос , и од тука тој ја започнал својата служба. До денешен ден доаѓаат луѓе од сите страни на светот за да бидат крстени во оваа вода, понесувајќи малку вода за благослов во своите домови.
Сместување во хотел во Назарет.Вечера.


Ден шестти
09/01/2009 ( петок )
 Појадок.
Одјавување од хотел.
Галилејско  море. На брегот на Галилејското море Исус Христос ги избрал своите ученици од рибарите, и ги повикал да служат како апостоли .
Тука тој проповедал, правел чуда , им се јавил на апостолите по своето Воскресение.
Капернаум. Ниту еден град - ниту Витлеем, ниту Назарет, како и самиот Ерусалим не го добил името “Негов Град “ како што го нарекувале Евангелистите. Манастир на Дванаесетте Апостоли.
Враќање во Ерусалим по долината на реката Јордан.
Пустина на Светиот Град. Така биле наречени сите манастири и лаври во Јудејската Пустина на брегот на Мртвото Море и реката Јордан. Манастир на пр. Герасим Јордански.
Јерихон. Планина на искушенијата.
Манастир преп. Георгиј  Хозевит.
Сместување во хотел во Ерусалим. Вечера.
Ден седми
10/01/2009 ( сабота )
 Појадок.
Долина на Крстот.  Манастир на Светиот Крст, изграден на местото каде израснало дрво, од кое бил изработен крстот на кој бил распнат Исус Христос.
Ен - Карем. Се наоѓа неколку  километри  југозападно  од Ерусалим. Според преданијата, Ен - Карем  - “градот на Јуда” е тесно поврзан со животот на Св. Јован Крстител. Имено овде во летниот дом на  Захариј , таткото на Св. Јован Крстител , Св. Дева Марија ја посетувала својата роднина Елизабета .
Горненски православен женски манастир.
Манастир Св. Пророк Јован Крстител ( Претеча ).
Катамониа. Храм  Св. Симеон Богопримец.
Враќање во хотел. Вечера.
Ден осми
11/01/2009 ( недела )
 Појадок. Одјавување од хотел.
 Лида. Храм посветен на Св. вмч.  Георгиј Победоносец .
 Јафа. Манастир прав. Тавива
Трансфер до аеродром Бен Гурион во  Тел Авив .Полетување за Софија  во 20:10 часот со а/к Бугариа Аир. Слетување во Софија во 22:50 часот. Трансфер аеродром Софија - Скопје. Пристигнување во Скопје во раните  утрински часови.

Т.Ц. Беверли Хилс И кат, лок.34а, Скопје, Македонија  Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Тел.++ 389 2 311 72 72; ++389 2 313 14 15
     www.nikex.com.mk

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……………… 800 € / 49.440,00 денари
       плаќање во денарска противвредност - по курс од 61,80 денари
Цената е калкулирана за група од 30 патници


Во цената на аранжманот е вклучено:
- трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје;
- авионски билет за релација Софија - Тел Авив - Софија со а/к Бугариа Аир ;
- трансфер во Тел Авив: аеродром - хотел - аеродром;
- сместување во хотел*** во 1/2 соби на база полупансион;
-  транспортни услуги според програмот ;
- услуги на туристички водич;
- организација и водство на патот.
Гратис : патничко осигурување


Во цената на аранжманот не е вклучено:
Влезници за :
- Витезда        - 2 $
- Место на Вознесение     - 2 $
- Манастир на Светиот Крст   - 6 $
- Гробот  на Лазар     - 2 $
- Гора на Блаженството    - 2 $ 
- Јордан       - 2 $
- превоз до врвот на планината
     Тавор        - 6 $
- надоместок  за водичот и возачот
на автобусот        - 2 $ на ден
- трошоци кои ќе ги направи гостинот, а не се предвидени со програмата.

 


За реализација на ова патување важат општите услови на Т. А. НИКЕКС
Рок за пријавување до  01.11.2008 со предоплата  од 30% од цената на аражманот.

Т.Ц. Беверли Хилс И кат, лок.34а, Скопје, Македонија  Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Тел.++ 389 2 311 72 72; ++389 2 313 14 15
     www.nikex.com.mk

Посети:{moshits}


 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная