Во четврток, на 13.03.2014 година, со почеток во 11.00 часот во Зградата на Матицата на иселениците од Македонија (улица “Никола Кљусев“ број 5, карши Поштенска банка, Шпанска амбасада, Шведска амбасада и ФФМ), Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес ќе одржат прес-конференција за откривањето на Споменик на ранетите и починатите Македонци и Грци - борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во Болницата во Катлановска бања 1947-1948 година.
Споменикот ќе биде откриен на 15 март 2014 година со почеток во 11.00 часот со следната програма:
11.00-11.15 - Панихида за починатите на која ќе чиноначалствува
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
11.15-11.45 - Поздравни говори
11.45-12.00 - Откривање на Споменикот и полагање цвеќе
од присутните делегации
12.00-15.00 - Културно-уметничка програма
Благодариме за Вашето присуство и информирање на јавноста.
Дел.број 0054/2014
12 март 2014 година
Скопје
Од Службите за информирање
на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН
и на Светскиот Македонски Конгрес