Во вторник (11.03) во 11 часот во Клубот на Новинари во Скопје ќе се одржи прес конференција посветена на Иницијативата на група граѓани за оценување на уставноста на законските одредби од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно на делот кој се однесува на задолжителната вакцинација на децата.
На прес конференцијата на којашто ќе учествуваат г-динот Стамен Филипов, во својство на изготвувач на Иницијативата до Уставниот суд на РМ, г-ѓа Весна Башевска Симонова и г-ѓа Симона Тофиловска како претставници на групата граѓани, ќе бидат презентирани правните, етичките, медицинските и други аргументи во прилог на оправданоста на Иницијативата за уставно оценување на посочениот Закон и другите нормативи кои што ја тангираат оваа чувствителна материја.