Трибина на тема „Одбрана на името“
4.03.2014.
НSample Imageа 14. 03. 2014 година (петок), Повардарската епархија на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија во содејство со граѓанската иницијатива „Македонски Манифест“ ќе организира трибина на тема „Одбрана на името“. Трибината ќе се одржи во салата „Бели Мугри“ во Велес со почеток во 18 часот. Трибината ќе ја отвори Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на неа учество ќе земат г-дин Александар Русјаков на тема - Целите на Македонскиот Манифест, г-дин Ефтим Клетников на тема - Македонија и Македонците во Библијата, потоа г-дин Стефан Влахов Мицов на тема - Континуитетот на Македонците и идентитетот од антиката до денес и г-дин Ристо Никовски на тема - Меѓународниот фактор и името.
Се покануваат сите сограѓани да ја проследат оваа трибина.
Инаку, преку граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ голем број на јавни македонски личности бараат прекин на преговорите за името, прием на Македонија во ОН под уставно име и за името на државата да не се решава на референдум. Оваа граѓанска иницијатива ја поддржа и нашиот Митрополит г. Агатангел.
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/