_____________________________________________________________________________________________
“Иднината на медиумската регулацијa во Македонија ”
Почитувани,
Центарот за развој на медиуми, во рамките на своите активности за имплементирање на “УСАИД Програмата за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера”, Ве поканува на конференција што ќе се одржи на 27.05.2013 (понеделник) во хотел “Александар Палас” со почеток во 10 часот,(Конгресна сала 3).
Целта на проектот, во чиј рамки се организира конференцијата, е зајакнувањето на слободата на медиумите во Македонија , како и вградувањето на меѓународните стандарди во домашната медиумска регулаторна рамка.
На конференцијата ќе се разговара за следниве теми:
- нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, подготвен од страна на Министерството за информатичко општество и јавна администрација
- презентација на Анализата на нацрт-Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, подготвена од страна на Центарот за развој на медиуми.
На Конференцијата ќе присуствуваат гости од релевантни меѓународни институции.
Вашето присуство можете да го потврдите на телефонските броеви (02)3136-340 и 078/483-103 или на e-mail адресите Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Агендата на конференцијата ќе ви биде доставена подоцна. Доколку имате потреба од дополнителни информации Ви стоиме на располагање на горенаведените телефонски броеви.
Со почит,
Центар за развој на медиуми
Проект на УСАИД за зајакнување на слободни медиуми Центар за развој на медиуми
во Македонија, компонента за одговорни медиуми Ул. Македонија бр. 11/1-5, 1000, Скопје
и законодавни реформи во медиумската сфера Тел: 02/3136 340, 02/3153 373
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
USAID PROJECT FOR MEDIA
LEGAL REFORM AND
RESPONSIBLE MEDIA