На 11.04.2023 (во 19 и 30 часот, вторник) во Рудиќ Галерија ќе биде поставена клубска изложба на фотографии, “ЕЛЕМА 2023“.
“ЕЛЕМА 2023“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема.
Како прва годишна клубска изложба она ги најавува идните активности на Клубот кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов пристап и нови трендови кон создавањето на фотографијата за што ЕЛЕМА секогаш имала капацитет.
Со големата подршка на Галерија Рудиќ, и заложбата на членовите на клубот, ете и оваа изложба стана достапна на љубителите на фотографската уметност, во која искрено се надевам дека ќе уживате.
На неа ќе бидат изложени фотографии на реномирани македонски автори: Дејан Гилевски, Кирил Штрков, Вацлав Лукиќ, Цветан Гавровски, Владимир Арсовски и Боро Рудиќ. ГАЛЕРИЈАТА НА ЕДЕН СРEЌЕН ПОСЕТИТЕЛ ЌЕ МУ ПОДАРИ ФОТОГРАФИЈА ПО НЕГОВ ИЗБОР