логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


75 ГОДИНИ НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА 2023


Почитувани љубители на уметноста, дозволете најнапред да Ви се заблагодариме за целата поддршка во изминатата 2022 година. Вашето присуство и ангажман ја препозна изминатата година како една од најуспешните години досега по обем и квалитет.

Во оваа прилика, плодна културна програма најавуваме за 2023 година.

Најнапред, во годината во која одбележуваме 75 години постоење, Националната галерија изразува благодарност до Министерството за култура на Република Северна Македонија за поддршката и укажаната доверба на Годишната програма во специфични социјално-економски услови, на локално и глобално ниво.

Месец март традиционално по шести пат, на календарот донесува тематска изложба по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март. И повторно жената, со сета своја убавина во фокусотот на темата која овој пат го допира најисконскиот биолошки наратив, мајчинството. Оваа тематска изложба е со посвета на понежниот пол и испраќа честитка до сите жени. Изложбата е насловена  „Мајчинство” – дела од колекцијата на Националната галерија и  ќе биде поставена во просторот на Чифте амам на 7ми март. Прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата мајка и мајка со дете. Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата збирка на Националната галерија. Изложбата брои околу четириесеттина дела -  цртежи, слики, икони, скулптури, таписерии, фотографии на плотер принт. Застапени се нашите  автори од првите генерации: Димитар Андонов Папрадишки, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски и автори од Југословенската колекција како: Павле Симиќ, Лука Тошановиќ и др.

Куратор, Елена Иванова, кустос


Majcinstvo fb cover.jpg


 

30 март 2023 е термин за проектот Landscape Experiences на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, претставници на минатогодишното 59. Венециско биенале. Претставувањето ќе биде во Чифте амам.

Станува збор за мултимедијален проект кој во себе вклучува видео инсталации, објекти и фотографии. „Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, здраво-отровно се присутни и во досегашните истражувања на уметниците, а во проектот “Landscape Experience“ уште повеќе се продлабочуваат. Покрај „трансформираните пејзажни паноптикуми“ проектот се занимава и со телото – човекот како симбол на моќ, но и на фрагилна и лесно совладлива сила, како и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во еко системот.  

Куратор, Ана Франговска, виш кустос
Jankuloski & Moteska, Landscape Experience, Photo by Robert Jankuloski.jpg


Меѓународните здруженија интензивираат тековни национални напори за промовирање на свеста за аутизмот и уверување дека сите погодени од аутизам се способни да постигнат највисок можен квалитет на живот. И овој април, месец на прифаќање на аутизмот, продолжуваме со нашите напори да ја шириме свеста, да промовираме прифаќање и да ги направиме промените, традиционално одбележувајки го Меѓународниот ден за подигање на свеста во битката со аутизмот преку креативни еколошки работилници. Едуцираме, мотивираме и поттикнуваме децата да ја ценат природата, еколошко - разумно дејствување и разбирање на придобивките, заштита на природните живеалишта и зачувување за идните генерации.
Пред екранот на дигиталните направи, нуркањето во виртуелен свет на илузија, го крие ризикот од отуѓување од природата. Оттаму, ги учиме од најмлада возраст да се разберат себе си како дел од природата и да ја препознаат потребата да бидат дел од неа. Работилниците ќе бидат инклузивни. Покрај деца со аутистичен спектар на нарушувања ќе бидат вклучени и деца од редовна настава.

 

Златна мрачнина, смостојна изложба на ликовниот уметник од Косово, Ешреф Ќалили, исто така ќе се реализира во април 2023, во Мултимедијалниот центар Мала станица, а отворањето на календарот на настани е планирано за 20 април 2023.

Со претставувањето на Ќалили продолжуваме со добрата културна соработка со соседните земји. Изложбата ќе содржи слики од најновиот циклус во техника масло на платно. Претставувањето на овој автор во Националната галерија е од особено значење заради фактот дека неговиот творечки опус е исклучително обемен. Добитник е на бројни награди и признанија како „Златен Глобус“ во Националниот музеј во Приштина (Косово), 2012 г. Учесник е на многу симпозиуми, во Италија, Турција, Албанија, Србија, Кипар. Дипломирал на Ликовната академија во Приштина  1993 г. а магистрирал во 1997 г., отсек сликарство.

Куратор, Маја Крстевска, виш кустос

 
1103. Светиева Анета, Од циклусот Река I, , 1986, теракота, 35х45х17(45 х 24х23).jpg
Светиева Анета, Од циклусот Река I, , 1986,  теракота


Во Даут пашиниот амам, од 10 мај 2023 па се до крајот на август целото внимание ќе го посветиме на Ликовното творештво на Анета Светиева

Во текот на 2022 година се реализира дел од проектот со работен наслов „Ликовното творештво на Анета Светиева“, односно беше испечатена монографијата посветена на Анета Светиева. Во текот на 2023 година заедно со промоцијата на монографското издание ќе се реализира и вториот дел од проектот изложба на Анета Светиева, која ќе опфати избор на дела од нејзиното творештво. Светиева е еден од авторите кои оставија силен печат во развојот на современата македонска скулптура со својот карактеристичен стилски израз во кој се евидентни антрополошките и етнолошки влијанија базирани на нејзините сознанија и истражувања како професор на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Во творештвото на Светиева, светот на чудесното и фантастичното, како една од димензиите на надреалното, заемно испреплетени и тешко разделиви, наоѓаат свој одраз во нејзините карактеристични фантастични етнолошко-митолошки композиции (на скулптури, од метал, теракота и картон), единствени со својата форма и колорит. Тоа се, пред сѐ, етнолошко-митолошки композиции во кои доминира фигурата на која авторот ѝ ја „доверил одговорноста да ги претставува историјата и меморијата“. Нејзините фигури во форма на мутанти ја имаат својата појавност во некој непознат и мистериозен за нас, пред сѐ, личен имагинативен свет што ѝ припаѓа само на фантазијата на уметникот. Но, како што забележува Викторија Васева-Димеска, ако добро погледнеме, тие сами по себе разоткриваат и своевидна вознемирувачка претстава која е плод на една колективна меморија, заснована на „антрополошките и митски константи на раната балканска и медитеранска фигуративна уметност“.   

Автор на проектот, Викторија Васева Димеска

Куратори, Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос, Татјана Бундалевска, кустос

 

Во месецот на младите, мај 2023, на програмата е 14. Младински пролетен ликовен салон. Тема за четиринаесетото издание е Мртва природа, претставува проект од едукативниот сегмент, републичка изложба на средни училишта и факултети која ќе биде отворена на 12 мај 2023 во Мала станица.

 

Исто така во мај 2023 по трет пат ќе се реализира Музејска едукативна наградна игра „Лавиринт на уметноста 3“ во Даут пашин амам на тема: Постојаната поставка на Националната галерија. Низ лавиринтот младите ќе истражуваат во текот на цел април и половина од месец мај, а наградите ќе бидат доделени на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај 2023.  

Двата последни, едукативни проекти се под менторство на едукаторот, Ацо Таневски

 

На 25 мај 2023, во Мала станица ќе биде поставена и отворена изложбата со наслов „Бенетон Геометрик“, како самостојно претставување на Васко Гаговиќ курирано од виш кустос Маја Крстевска.

 

Во моментов, за месец мај го договараме проектот „Одржливост“, изложба од колекцијата на Националната галерија на Косово (реципрочна изложба). Националната галерија на Косово има богата колекција на ликовни дела од најзначајните модерни, постмодерни и современи косовски уметници. Еден пресек на најзначајните остварувања од оваа колекција да се претстави во Националната галерија на Северна Македонија би значел многу во контекст на запознавање со историјата и континуитетот на уметноста на Косово во минатиот и почетокот на овој век. Со една ваква изложба ќе можеме да направиме споредба на развојот на уметноста во овие соседни земји, влијанија, спојувања и разидувања.

Куратор, Ана Франговска, виш кустос


Temkov (1).jpg

Во летниот период ја збогатуваме културната понуда во градот со претставување на Ретроспективната изложба на Владимир Темков во Чифте амам, започнувајки од 22 јуни 2023. На изложбата е предвидено да се изложат сите фази од творештвото на Владимир Темков каде во засебни простории концепциски ќе се претстави творештвото од завршувањето на ФЛУ и почетоците на неговата активност се до рецентните негови дела создадени во денешнината.

Роден 1959 година, Владимир Темков завршил Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, отсек графика, а од 2001 година е член на ДЛУМ. Автор е на над 60 самостојни изложби во земјава и во странство, учесник на бројни групни постановки и колонии и од 1996 организатор на Меѓународната ликовна колонија во Кавадарци. За своето творештво уметникот е добитник на повеќе награди и признанија.
Dimitrie Duracovski (1).jpg

На крајот од летото, на 31 август 2023 ќе се претстави Димитрие Дурацовски со самостојна изложба

Димитрие Дурацовски е необична појава во современата македонска уметност, тој е осамен но интелектуално љубопитен творец кој живее и работи во Струга. Во стремежот да формира целосна визија за светот тој ги користи изразните средства и можности на сликарството, цртежот и пишаниот збор. Меѓутоа мислата е првата и внатрешно осмислувачка содржина на неговите дела, која на некој начин ги дообликува ликовните визии во нашата свест. Основната тема ја наоѓа во свртеноста и испитувањето на таинствените простори на човечкиот дух, каде неретко се допираат или бришат границите помеѓу реалното и фантастичното, можното и неможното, рациото и ирациото... Тој е обземен од идејата за создавање на нео-медијала во Македонија.

Куратор, Горанчо Ѓорѓиевски, кустос

 

„Капење“ изложба на Стефан Шашков во соработка со Доријан Јовановиќ во Чифте амам на 5 септември 2023

Амамот, односно неговата функција во даденото време, бил јавен простор каде се вршело прочистување на телото, но и размена на информации од секојдневниот живот на чаршијата.

Со овој проект, на еден симболичен начин, ја продолжуваме традицијата на амамот, како место за прочистување, додавајќи и една нова димензија, а тоа е прочистување на перцепцијата со светлосни и аудио визуелни „козметички” средства.

Светлосно визуелниот дел ќе содржи анимации и видеа кои ќе бидат проектирани на ѕидовите, подот и таванот, а аудиото ќе биде соничен перформанс во живо изведен на паметни телефони и таблети. На врвот на куполата, од надворешна страна, ќе бидат инсталирани три рефлектори во основните RGB бои кои ќе го осветлуваат внатрешниот простор.

Куратор, Горанчо Ѓорѓиевски, кустос


Со крајот на летото завршуваат подготовките за почеток на вториот дел од програмските активности. Следат значајни ретроспективни проекти, многу работа и реализација на предвиденото.

Започнуваме со проектот „Космологија“ на афирмираниот македонски автор Симон Шемов на 7 септември 2023 г во Даут пашиниот амам. Оваа изложба ќе ги претстави неговите последни ликовни остварувања кои се однесуваат на тема Космос и релација Земја-Космос, реално-имагинарно, простор, време, пропорции и растојание. Шемов оваа проблематика ја истражува долг низ години, и во своите претходни опуси, но овој пат тие се централната фокална точка. Истражувањата и метафизиката на космосот Шемов ја разработува во повеќе различни медиуми, од хартија, платно, цртеж, а изложбата ќе вклучи и видео дело, со што мултимедијалниот наратив ќе добие повеќе на транспарентност. Акцентот и доминацијата на изразот е повеќе нагласена со монументалноста и димензиите на делата кои треба да го „окупираат“ просторот на амамаот, давајќи му една нова, поинаква димензија.

Куратор, Ана Франговска, виш кустос


Корубин Миле, Пејзаж од Израел, 1960.jpg

Корубин Миле, Пејзаж од Израел, 1960

 

Ретроспективно-монографска изложба на Миле Корубин, јубилејна изложба по повод 100 години од раѓање 1922-2022, е закажана за 28 септември 2023 во Чифте амам. Своевидниот пресек на творештвото на овој исклучителен автор, кој остави значаен белег на македонската ликовна сцена ќе опфати дела од сите фази, како и видео документација. Миле Корубин се смета за еден од најзначајните автори во развојот на македонската современа ликовна уметност, предвесник на постмодернизмот кој преку својот карактеристичен ликовен ракопис, плод на постојано истражување и експериментирање во потрага по ослободување на ликовниот израз, придонел за афирмација и развој на новите ликовни тенденции на македонската ликовна сцена.

Неговиот сликарски опус минал низ неколку различни дискурси. Така во раната фаза видливи се доминантно влијанија на некои француски сликари кога најчести мотиви му се фрагментираните урбани пејзажи-патеписи од различните земји во кои престојувал, за да во подоцнежниот период, се впушти во водите на лирската и геометриската апстракција. Неговото творештво поминува низ широк распон на ликовен израз од дела во кои доминира идиличната фигурација, па се до лирската апстракција со нагласена асоцијативност во третманот на мотивите и геометриската фигурација. Богатата колористичка експресија во последната, апстрактна фаза е смирена и артикулирана низ топлите тонски градации.

Куратори, Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос

 

Годишната изложба на основни училишта претставува уште еден проект на едукативното одделение. Традиционално секоја година се црпи тема од програмските ретроспективни изложби, се прави избор на еден од македонските автори и неговото творештвото, оваа година во рамките на изложбата на Миле Корубин. Преку ваков пристап учесниците имаат можност да ги прошират знаењата за македонските современици, нивното творештво и културното наследство. Низ организирани посети на изложбата и кусите прилагодени предавања според возраста на учениците, креативците се вклучуваат во креативниот процес и работилниците.

Двата едукативни проекти се под менторство на едукатор, Маја Димитрова

 
Mitko Panov Kitchen With a Cup of Water. 147x122_DSC2436.jpg

Митко Панов, Кујна со чаша вода


Митко Панов, октомври 2023, Мала станица

Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот, во случајот – краткиот филм или видео артот и еден од тие кратки филмови е „Со дигнати раце“, краток филм кој ја освои „Златната палма“ во Кан.

Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза помеѓу класичните сликарски дисциплини, филмот и современите текови на идејата и концепт во уметноста. Експериментирањето со идејно-концептуалните премиси овозможува оригинален ликовен продукт со продлабочени естетски резултати.

Панов експериментира и создава уникатен спој во неговите слики. Користејќи ги класичните сликарски техники надополнети со посмодернистички секвенци создава дела кои говорат за личните емоции. Инспирација во неговите дела е човекот, дури и кога е отсутен а неговото присуство се чувствува. Тој воедно ја опфаќа суштината на традиционалните симболи за да формира единствени естетски креации.

Куратор, Горанчо Ѓорѓиевски, кустос

 

Октомври, ноември и декември 2023 ќе бидат со интензивна уметничко-визуелна понуда. Следат:

 

„На работ“ изложба на Гоце Наневски во Чифте амам;

Колектив Зеро „Nomen est Omen- Зеро Рендум“ во Мала станица;

„Јубилејна изложба Ристо Калчевски 90 години од раѓањето“ во Даут пашин амам;

„Јубилејна изложба Ристо Лозаноски 100 години од раѓањето“ во Чифте амам;

„Џардини“, самостојна изложба на ликовниот уметник Ервин Катовиќ во Мала станица;

„Случајно и сиромашно“, самостојна изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам;

„Ретроспективна изложба 110 години од раѓање Лена Стефанова“ во Чифте амам и

Креативни работилници со завршна изложба по повод Меѓународен ден на лица со посебни потреби во Чифте амам

 

Колектив Зеро „Nomen est Omen- Зеро Рендум“ во Мала станица

Колектив Ø е создаден ex nihilo или од „нула“. Затоа и повторно, и повторно се враќа и воскреснува, бидејќи она што не постои, не може да се уништи, без оглед на тоа, колку ние самите, членовите, или пак неговите пријатели или непријатели се труделе да го деконструираат и да го снема. Но, тоа што веќе не постои, никако не може да исчезне. Можеби најдобро средство за општествените баланси би било едно бескрајно толерирање на сите ненасилни концепти на уредување на сите автентични култури и културни групации.

Проектот Nomen est Omen - Зерорендум е рефлексија и визуелна реакција на минатото, сегашноста и иднината и актуелните случувања во Република Северна Македонија... и пошироко...

Куратор, Горанчо Ѓорѓиевски, кустос

 

„Џардини“, самостојна изложба на ликовниот уметник Ервин Катовиќ во Мала станица во ноември 2023

Изложбата на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, ќе содржи дваесетина слики,во техника акрил на платно. Авторот е дипломец на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, каде ги завршил и постипломските студии. Има остварено над триесет самостојни изложби во регионот и пошироко, Берлин, Тиват, Подгорица, Нови Сад, Сараево, Сомбор, Ниш. Добитник е награди од областа на сликарството на Биенале на млади во Нови Пазар. Како истакнат студент, добитник е на наградата „Златна палета“ на Здружението на ликовни уметници на Србија во 2019, по повод 90 години јубилејот на друштвото. Добитник е на признанија и благодарници од Српската Академија на науки и уметности во 2009 г. Неговото претставување во Националната галерија очекуваме да предизвика интерес кај овдешната публика.

Куратор, Маја Крстевска, виш кустос

 

На програмскиот календар, за 2 ноември е предвидено претставување на „Случајно и сиромашно“ на Томе Аџиевски се состои од повеќе скулптури - објекти изработени од природни материјали, камен, недовршени парчиња камени скулптури, црвена земја (спакувана во пластични кеси), неколку порцелански плочи и друг ефтин матерјал. Носечки концепт на новите дела во проектот е „Артифициелната случајност во поставката на делата“ односно симулација на „недопрената естетика” од „случајното дело“ од 1995 година, во кое авторот го препознава изворот на креацијата односно „уметноста на самиот почеток“.

Куратор, Ана Франговска, виш кустос


Калчевски Ристо, Композиција, 1962, масло на платно.jpg
Калчевски Ристо, Композиција, 1962, масло на платно

Ристо Калчевски 1933-2023, (Јубилејна изложба по повод 90 години од раѓање), 9 ноември 2023, Даут пашин амам

Јубилејната изложбата ќе ги постави делата од Националните и локални институции, како и од приватни сопственици и семејството на Калчевски. Низ поставката ќе бидат поставени плотери со фрагменти од критички осврти за творештвото на Ристо Клачевски, а ќе биде презентиран и видео-материјал како интервјуа со авторот. Ристо Калчевски се смета за еден од најзначајните автори во развојот на македонската современа ликовна уметност, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство во Македонија, кој преку својот специфичен ликовен ракопис, плод на постојано истражување и експериментирање во потрага по ослободување на ликовниот израз, придонел за афирмација и развој на новите ликовни тенденции на македонската ликовна сцена.

Неговиот сликарски опус минал низ неколку различни дискурси. Веќе во најраните слики се јавуваат асоцијативни елементи, кои подоцна преминуваат во наполно нефигуративни претстави. Кон крајот на шеесеттите внесува во делото несликарски материјали со ненаметлив геометризам, ослободувајќи го патот на сликата кон објектот. Последните дела, инспирирани како и претходните од македонското културно и географско поднебје, содржат повесел колорит и понагласена раздвиженост.

Куратори, Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос

 

Декември 2023, проект „На работ“ на Гоце Наневски во соработка со Доријан Миловановиќ е интердисциплинарен истражувачки проект кој својот интерес го лоцира во аспектите на состојбата  “на работ”(во буквална смисла) и консеквенците предизвикани од истата.  Проектот генерално опфаќа осврти на четири теми и тоа: перцепција, слушливост, тишина и нула. На работ е природен, општествен, физички, хемиски, биолошки, личен, социјален, професионален, емоционален и.т.н. конструкт. Состојба која искуствено игра значајна улога во градењето на нормите околу нас и илустрира цели промени во најшироко епохално значење. Овде, авторската интенција е да се истражат навидум едноставни ситуации кои делумно задираат во научното но и се замрзнати слики од интуитивноста со мала или никаква свесност за истите. Примери кои едноставно го илустрираат ова има многу (на работ на несреќата, на работ на скалите, здравјето, довербата, искреноста, убавината, опасноста, војната итн.) Просторната поставеност на проектот ќе е во доменот на објектот, кинетичката скулптура, светлината, топлината, звукот, стојните бранови и видеото испреплетени во жанрот на инсталацијата.

Куратор, Ана Франговска, виш кустос

 

Ристо Лозаноски 1923-2023, (Јубилејна изложба по повод 100 години од раѓање), истражувачки проект, подготовка за наредната година

Со оглед на тоа дека последното ретроспективно-монографско претставување на Ристо Лозаноски е направено 1986 година и оттогаш интегрално претставување на неговото творештвото немало и земајќи предвид дека станува збор за еден значаен јубилеј 100 години од раѓање, оваа изложба ќе ја потсети македонската културна јавност за неговото значење во осовременувањето на ликовниот израз во современото македонско сликарство. На изложбата ќе бидат поставени дела од Националните и локални институции, како и од приватни сопственици и семејството на Лозаноски.

Ристо Лозаноски и припаѓа на повоента генерација сликари, кои внесуваат нов дух во македонската ликовната уметност. Уште во своите почетоци видливо внесува интерес за осовременување на неговиот ликовен јазик. Во согласност со ваквото негово насочување, тој ќе биде основач и член на групата „Денес“ која внесува нова свежина и отвора нови текови во македонската современа ликовна уметност.

Неговиот сликарски опус минал низ неколку различни дискурси. Веќе во најраните слики се јавуваат асоцијативни елементи, кои подоцна преминуваат во наполно нефигуративни претстави. Кон крајот на шеесеттите внесува во делото несликарски материјали со ненаметлив геометризам, ослободувајќи го патот на сликата кон објектот. Последните дела, инспирирани како и претходните од македонското културно и географско поднебје, содржат повесел колорит и понагласена раздвиженост.

Притоа, тој успеал да изгради сопствена творечка физиономија, преку нагласен индивидуален пристап во ликовниот израз и третманот на колоритот.

Родното место Прилеп и неговата околина се негова главна инспирација и тема во творештвото: Марковите кули, кртиот оголен пејсаж, фантастичните предели богати со историја итн.

Куратори, Маја Неделкоска Брзанова, виш кустос и Маја Чанкуловска Михајловска, виш кустос


Крајот на годината 20 декември, исто како и почетокот, е посветен на една прекрасна дама, уметница - „Ретроспективна изложба 110 години од раѓање Лена Стефанова“ во Чифте амам

Лена Стефанова му припаѓа на времето на почетоците на модернизмот и неговите постимпресионистички тенденции. Нејзини главни теми се пејзажот, мртвата природа, цвеќето, човечката природа, особено портретот и автопортретот. Освен акварелот, овие теми се обработени и претставени во цртеж и маслена техника. Таа била првата македонска современа сликарка.

Позната по прецизно изработените цртежи на народна македонска носија. На престижен француски колеџ ги научила тајните на сликарскиот занает и од тогаш датираат сликарски дела изработени во маслена и акварелна техника. Нејзиниот цртеж е мек, a тонските преоди деликатни и во придушена гама. Тоа доаѓа до израз и во портретите чија вредност ja гледаме во нагласениот интимизам и психологичност. Покрај лирски доживеаните женски портрети, како што ce „Портрет на девојка“ (1957), „Малинка“, „Портрет на Жана“ и други, Стефанова наслика и неколку експресивни, психолошки осмислени портрети. Тука мислам пред cé на исклучителниот „Автопортрет“ од 1945 година, кој е мал по формат но изразува насобрана оптовареност, како во него да е сконцентриран целиот товар од минатото. Меланхоличноста до плачливост ja наоѓаме и во  подоцнежните автопортрети, едниот во маслена техника, другиот во акварел, кои делуваат помалку незавршени. Такви ce и некои детски портрети во чија разнеженост ce изгубила изразноста. Ако портретот на Гоце Делчев делува идеализирано, „како икона“, тогаш портретот на нејзиниот сопруг, познатиот публицист Цеко Стефанов делува крајно напнато; тој е згрчен и наведнат што му ги сокрива очите, но затоа ja нагласува неговата голема грижа и мачнотија изразена на збрчканото чело, во погледот депресивно насочен надолу и подотворената уста. Портретите на Стефанова ce исповедни и необични, a други мислат дека нејзините портрети „Малинка“, „Гоце Делчев“ и „Жана“ ce вдахновени од нашето фреско сликарство (Паскал Гилевски, Куќа полна со Просветена жена, Скопје, март, 1989).

Лена Стефанова за време на својот живот немала самостојна изложба. Нејзините две самостојни изложби се постхумно направени – најнапред 1993 година во Галеријата Стоби и во 2013 година во КИЦ.

Кураторi: Татјана Бундалевска, кустос и Елена Иванова, кустос

 

Креативни работилници со завршна изложба по повод Меѓународен ден на лица со посебни потреби

Социјалната инклузија е пред се уважување на различностите и овозможување на еднаков пристап на сите категории на деца и заедничко учество во разните едукативни содржини . Прифаќањето на разликите е еден од основните показатели за развиено општество. Преку моделот на социјална инклузија лицата со попреченост ќе работат и творат со нивните соученици од редовната настава. Проектот подразбира работилници низ креативен процес во соработка и со студентите од Индустирски дизајн како и Факултетот за ликовни уметности, и завршна изложба по повод Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.

Проектот ќе се реализира во соработка со Факултетот со Ликовни уметности, катедрата за Графика, со Машинскиот факултет, отсек Индустриски дизајн, ученици од Училиштето за деца со оштетен слух и говор ДУЦОР Партение Зографски и средните училшта од градот Скопје.

Едукатор, Маја Димитрова

 

Музејска дејност, заштита на културното наследство и меѓународна соработка

Во доменот на музејската дејност продолжуваат во континуитет веќе започнатите активности за конзервација и реставрација на збирките од легатот, Спомен куќата на Лазар Личеноски и од Колекцијата на Националната галерија.

Оваа година ќе има едно меѓународно претставување на проектот Landscape Experiences на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, претставници на минатогодишното 59. Венециско биенале во Националната галерија во Приштина.

За крај, во 75тата година на нашето битисување на културно-уметничката сцена, верувам дека понудата за 2023 година ќе биде доволна причина, сите заедно, во добро здравје, достојно го одбележиме јубулејот со успешна реализација, многу публика и позитивна критика.

 

д-р Дита Старова Ќерими, директор и

тимот на Национална галерија на Република Северна Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная