Последниот настан од овогодинешниот, 16. АКТО фестивал за современи уметности или промоцијата на публикација и дискусија насловена „Уметност во рамки на политички борби. Солидарна уметничка практика во Тирана и Скопје“, која ќе се одржи на 19 декември, 2021 година (недела) во 12 часот во Музеј на современа уметност Скопје.
На настанот ќе присуствуваат авторите на овој колаборативен проект книга Рена Редле и Ивана Васева, додека Адела Деметја и Валентина Боници ќе се јават преку платформата „Зум“, а заедно со соработниците Владан Јеремиќ и Филип Јовановски ќе дадат увид во уметничките и кураторски практики за кои рефлектираат во овој колективен документ. По нивниот краток вовед, ќе следи дискусија со Артан Садику, на тема употребата на уметноста во политички борби и солидарна акција.
Повеќе информации имате во придружниот документ.
Срдечно,
тимот на 16. АКТО
Факултет за работи што не се учат ФР~У
--
Ivana Vaseva
Program director and curator
Faculty of Things that Can't Be Learned (FR~U)
AKTO Festival for contemporary arts
http://www.akto-fru.org
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia