Две перформанси „Дисеминација насекаде!“ и „Слушна реакција на архитектурата“ од колектив ЛИГНА (Оле Фрам и Торстен Михаелсен) од Хамбург кои ќе се случат на 14 ноември 2021 (недела), 12 часот на кров на ГТЦ.
Настанот е продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат - ФР~У“ со поддршка од Гете - Институт Скопје во рамки на 16. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ СОВРЕМЕНИ (НЕ)ДЕМОКРАТИИ - интердисциплинарна платформа за едукација и продукција на современа уметност, кој се случува во периодот на ноември – декември, 2021 година во Скопје.
Концептот на АКТО 16 е на Ивана Васева, кураторка и Филип Јовановски, визуелен уметник а дизајнот е на КОМА.
ЛИГНА е колектив кој работи помеѓу радио уметност и перформанс. Користејќи кореографски изразни средства, тие успеваат да го користат радиото како инструмент за политизирање на јавниот простор. ЛИГНА ја сочинуваат мултимедијалните и перформанс уметници Оле Фрам, Мајкл Хунерс и Торстен Михаелсен. Од 2002 година нивната работа се посветува на создавање привремени ситуации, кои ја ангажираат публиката како колектив на продуценти како во примерот со перформансот „Радиобалет“ – колективно делување кое може да произведе непредвидливи, неконтролирани ефекти кои предизвикуваат регулирање на јавниот простор. Формирани како дел од радио станицата Freies Sender Kombinat во Хамбург, ЛИГНА сега работи на меѓународно ниво во различни уметнички медиуми помеѓу радио уметност, интервенциии во јавен простор, танц, перформанс и театар.
Повеќе информации имате во придружниот документ.
Срдечно,
тимот на АКТО/ ФР~У
--
Ivana Vaseva
Program director and curator
Faculty of Things that Can't Be Learned (FR~U)
AKTO Festival for contemporary arts
http://www.akto-fru.org
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia