логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам, на 19 јуни 2018 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори ретроспективна изложба на Адем Кастрати.

Адем Кастрати е еден од најзначајните албански сликари кој со своите дела остави траен белег за едно минато време, кое што никогаш нема да се повтори. Воедно го отвори патот на новите генерации уметници кои преку неговите дела ќе можат да ја запознаат, учат и продолжат традицијата на народите на нашите простори.​

Роден е во косовското село Горно Карачево во близина на Врање. Името на неговото родно село во албанскиот јазик има значење на облачност. Облачноста, како природен феномен (според некои негови записи) ќе има влијание врз неговиот духовен развој, а секако дека ќе се одрази и на уметничкото творештво.   

Тој припаѓа на првата генерација сликари по Втората светска војна. Бурните времиња во кои растел, созревал и се формирал како сликар, секако ќе остават силна трага во неговото творештво. Неговото име зазема заслужно место меѓу ликовните уметници кои живееја и твореа на територијата на поранешна Југославија. Кастрати е еден од доајените меѓу албанските сликари во Македонија, каде ќе живее и создава повеќе од четириесет години.      


Адем Кастрати станува познат уметник со својата специфична техника на сликање со земја, пристап кој е оригинален и посебен. Ваквиот начин на сликање, можеби претставува поврзаност со неговото детство. Имено, уште во најраните години, негова обврска ќе биде грижата за јагнињата во родното село. Па така, опкружен со домашните животни, природата исполнета со мир и зеленило, кај него предизвикувала желба да се поигра со неа. Сам, но и со другарите си играле со кал, гранки, дрвца. Оваа многубојна кал или земја најверојатно многу го предизвикувала, што од неа правел разнобојни фигури, ги обликувал со дрвца и ги оставал да се сушат. Потоа ги боел со четкичка која што многу вешто ја правел од влакна од коњска опашка.

По завршувањето на средното образование, во 1954/55 година Кастрати ќе биде примен на Ликовната академија во класата на професорот Вангел Коџоман. Од него Кастрати ќе ги научи сликарските техники. Од тогаш, започнува еден исклучително плоден творечки период кој ќе трае до крајот на неговиот живот.

Уметничкиот опус на Кастрати целосно се поврзува со теми од татковината. Од една страна, животот полн со страдања како резултат на немаштијата и војните, но од друга страна идиличните претстави на родниот крај, запаметен од годините на детството, животот со семејството и незаборавните бои и мириси кои што ќе останат во него меморирани до крајот на животот.
    
​Темите кои ги обработува во своите дела се најчесто врзани за обичниот човек. Огромно внимание ќе и посвети на мајката, која ќе ја претстави како главен стожер во домот. Мајката, жената е таа која му дава смисол на животот, бара, но и дава нежност, љубов, добрина. Мажите се секогаш сериозни, кога работат, седат, се движат. Тоа е нивната традиција. Богатиот фолклор несомнено е застапен во неговото творештво, со што засекогаш ќе остане забележан во неговите дела, што уште повеќе се нагласува со неговата специфична, несекојдневна и единствена сликарска техника со многубојната земја.
Починал во Скопје, во 2000 година.

Адем Кастрати имал повеќе самостојни изложби во Скопје, Урошевац, Приштина, Белград, Тирана, Гњилане, Париз, Женева, Минхен и др. Учествувал и на повеќе групни изложби: Љубљана, Загреб, Дубровник, Ниш, Палермо, Тирана, Париз, Архис (Данска) и др.

 
Со почит,

Национална галерија на Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная