Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) оваа година прослави 50 години од основањето. МАНУ е пионер во создавањето на врвни научно стручни активности. Една од нив се ретките болести.
Имено, МАНУ создаде традиција во организирање научни состаноци посветени на ретките болести. Оваа година МАНУ ја организира 6. конференција за ретки болести, која ќе се одржи на 11 ноември 2017 година:
Rare diseases: the Impact on “Frequent” Diseases in the Humans
Macedonian Academy of Sciences and Arts
Skopje, Macedonia
Целната група се педијатри, интернисти, невролози, нефролози, лекари за фамилна медицина, генетичари, биохемичари, биолози, лекарите од нашата земја и од Југоисточна Европа. Со поддршка од секциите на Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија се очекува импресивен аудиториум.
Клучни истражувачи, водечки клинички експерти од Европа веќе го потврдија своето учество (Oliver Bartsch, Jochanes Mayer…). Preimplantation diagnosis, next generation sequencing, renal diseases и други заболувања ќе бидат дел од излагањата на овогодишниот состанок.
Благодарејќи на овие состаноци повеќе болести што порано не се лекуваа во земјата сега се лекуваат. Истовремено, нови гени, нови молекуларни механизми на настанок на болести и нови лекувања резултираа од истражувањата и во нашата земја.
Ве покануваме на конференција за печат на 11 ноември (сабота) во 10:30 часот во МАНУ.
Вашата помош е клучна за обезбедување на нови терапии за пациентите и за одржување во живот на постоечките пациенти. Промоцијата на научните достигнувања во нашата земја исто така е невозможна без вашата поддршка.
Со искрени поздрави,
Ваши,
Академик Момир Поленаковиќ,
Проф. д-р Зоран Гучев
Проф. д-р Велибор Тасиќ