логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Од 26 до 30 јуни во Струмица ќе се одржи 13-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, под мотото „Меѓу фактот и фикцијата“.
Главниот програмски селектор, филмологот Атанас Чупоски веќе ја има заокружено меѓународната програма која и оваа година е составена од исклучителни, најнови филмски остварувања на полето на краткиот и документарниот филм од повеќе земји.
И оваа година во Струмица ќе бидат присутни повеќемина филмски автори кои ќе ги претстават своите филмови и ќе се натпреваруваат за Златната, Сребрената и Бронзената потковица.
Специјални лауреати на овогодишниот „Астерфест“ се продуцентката Џеки Шепард (1962, Велика Британија), добитничка на Наградата Астер за високи достигнувања во филмската продукција, и актерот, режисер и сценарист Коле Ангеловски (1943, Македонија), добитник на Специјалното признание на Тивериополската филмска алијанса за високи достигнувања во филмската уметност.
Продуцентката Џеки Шепард има значително искуство во работењето во странство, најчесто со нови таленти, на кратки и долгометражни филмови. Заедно со својот партнер-продуцент Марк Блени, во „Футпринт филмс“, го продуцирала долгометражниот „Африка јунајтед“, сниман во Јужна Африка, Бурунди и Руанда. Продуцентка е и на повеќекратно наградуваниот краток филм „Јас сум Сами“, сниман во Курдистан, каде што работела со Кае Бахар. Како дел од посветеноста на нови таленти, „Футпринт“ соработува со The Pitch – филмски натпревар кој им дава можност на новите автори да создадат финансиран краток филм. Заедно со режисерот од Pitch, Лук Волтон, Џеки ги продуцирала сите победнички кратки филмови досега, од кои голем дел се прикажуваат на фестивали низ целиот свет. Освен на продукција на филмови, Џеки работи и на продукција на настани во живо, била супервизор за продукција на многу такви настани низ целиот свет. За своите 20-тина кратки филмови, каде се јавува во улога на продуцент, добила голем број меѓународни награди, меѓу кои и неодамнешната Награда за најдобар краток филм во Велика Британија, на фестивалот во Оксфорд, за филмот „Само дете“ на Енди Туви.
Коле Ангеловски како актер дебитира уште како студент во југословенскиот филм „Саша“ на Раденко Остоиќ, по што следуваат импресивните креации во „Да се дојде и да се остане“ на Бранко Бауер и „Тврдина на силеџии“ на Јоже Погачник. Играл и во филмовите „Светски човек“, „Крос контри“, „Собирен центар“, „До победата и по неа“, „Мементо“, „Жед“, „Црвениот коњ“, „Нели ти реков“ и во многу други. Ги режирал филмовите „Татко (Колнати сме, Ирина)“, „Викенд на мртовци“, „Време за плачење“, „Ах, љубов моја“, ТВ-сериите „Солунски патрдии“, „Училиште за кловнови“, „Лото, лото“, а останува запаметен по улогата на Диди во драмската серија „Да видам, да видам што да бидам“ заедно со брат му Владимир-Дади Ангеловски. Во повеќето свои филмови се јавува како сценарист. Одиграл над 40 филмски и над 20 театарски улоги, режирал над 80 претстави, произвел над 500 часа ТВ-програма, превел над 30 драми на македонски. До своето пензионирање бил вработен во Драмскиот театар во Скопје. На фестивалот во Пула ги добил Наградата за најдобар млад актер и Наградата „Кокан Ракоњац“ за најпоетичен филм, а добитник е и на многу други награди, меѓу кои и Наградата „Златна рипка“  на Фестивалот на филмската комедија во Голубац и Наградата „11 Октомври“ за животно дело.
На двајцата лауреати престижните признанија ќе им бидат врачени на отворањето на „Астерфест“, на 26 јуни, во НУЦК „Антон Панов“. Во текот на фестивалските денови во нивна чест ќе бидат прикажани краткиот филм „Јас сум Сами“ во продукција на Џеки Шепард и „Татко (Колнати сме, Ирина)“ во режија на Коле Ангеловски.
Инаку, Астерфест е поддржан од Општина Струмица и Агенцијата за филм на РМ.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная