логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Дискурзивно – едукативна програма во рамки на наградата ДЕНЕС

Партнери на едукативна програма: ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје,
Фондација Фридрих Еберт –Канцеларија Скопјe и Центар за современи уметности
– Скопје
Временски период: мај – јули 2017 год.
Локации: Скопје: Кино на Железничка зграда во Скопје, Мобилна/ монтажна галерија на
ЦАЦ и Кино Култура
Партнери на наградата ДЕНЕС: ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје и Центар за
современи уметности – Скопје


 Краток  концепт:
Дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ која за прв пат се случува оваа
година е дел од биеналната нагарада ДЕНЕС, која од 2003 год. се доделува
на млад визуелен уметник до 35 години.
Наградата ДЕНЕС досега ја организирал Центарот за современи уметности – Скопје  а од
2015 год. како коорганизатор се приклучува ФРУ – Факултет за работи што не се учат од
Битола/ Скопје.
Оваа  програма  е  курирана  од  Ивана  Васева  и  иницирана  како  една  од  програмските целини
на организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје a во
партнерство со Центарот за современи уметности – Скопје и Фондација Фридрих Еберт –
Канцеларија Скопјe.  Тргнувајќи од самиот концепт на организацијата која инкорпорира знаења кои се
споделуваат, разменуваат и взаемно надоградуваат а не се студираат или научуваат, оваа програма
произлегува од потребата за едно консолидирано, посветено и артикулиано место за значења од областа
на современата визуелна уметност. Прекаријаните услови - немањето можности за работа на полето на
уметноста, фондови за развој и унапредување на уметничките можности и аспирации, но и ретроградната
и непосветена едукација се причина за развој на оваа програма. Оттаму, идејата е преку практично но
и теоретско делување со фокус на дијалог, размена на искуства и дебата да се  воспостави  
општествена  инклузија  на  младите  уметници  но  и  нивната  непосредна околина и да се понудат
можности за зајакнување на едукативниот систем во земјава посебно во визуелната уметничка
дисциплина.

Програмата вклучува голем број на локални, регионални и интернационални гости, првенствено се
однесува на млади уметници од цела Македонија (до 35 години) но сите јавни настани може да ги
проследува поширока публика. Таа ќе се одржи на три локации во Скопје: Мобилна/ монтажна галерија,
кино на Железничка зграда и Кино Култура. Таа е бесплатна и се одржува на македонски и англиски
јазик.

 С тру ктура:
Едукативната програма е поделена на два семестри.
Првиот семестар ќе се случува во периодот од мај до јули и подразбира 4 модули на посебни теми како
и неколку активности кои ги поврзуваат и се однесуваат на темите.
Вториот семестар ќе се случува во периодот од септември до декември и концепциски ќе
се разликува од првиот бидјеќи ќе содржи повеќе јавни предавања и практични задачи.

Теми и дати на модулите од првиот семестар се:
ПРВ МОДУЛ: 13 и 14 мај/// „Fine Line Between Life and Art (…Draw Your Future)“ се однесува на
развојот на социјално ангажираната уметност или поконкретно уметноста која станува блиска со
животот и овозможува  поголема видливост на одредени и важни општествени прашања и се обидува да
даде креативни идеи и начини на соочување со одредени проблематики.
ВТОР  МОДУЛ:  20  и  21  мај  ///„Inside  and  Outside  contesting  the  frame:  Contemporary
curatorial and art practices“ се однесува на изложувања на историјат на поединечни но и групни
изложби, кураторски практики како и на историјата на изложби на Балканот и во поранешна
Југославија.
ТРЕТ МОДУЛ: TBD /// „Art market and its consequences. How should we continue living like this?“  се
   однесува  на  економскиот  контекст  на  уметноста  и  уметничкиот  маркет  со
разните свои појавности: комерцијални галерии, уметнички саеми, биеналиња. Зашто го
нема во земјава и дали треба воопшто да го има.
ЧЕТВРТ МОДУЛ: TBD /// „Thinking outside the frame. Independent cultural scene and cultural workers“
 се  однесува  прекаријатните  услови  на  независната  културна  сцена  како  и
институционалното функционирање.

Завршувањето на првиот семестар ќе се заокружи со голем настан во јули во Скопје публикација и е
вовед кон ПОП АП АКТО Фестивалот во Битола.

Модулите во првиот семестар содржи затворени сесии само за учесниците и отворени сесии за сите оние
кои се заинтересирани.
 Затво рените   с ес ии   содржат  четри модули.  Секој  модул  содржи  дводневни  активности
вклучувајќи предавање и работилница со куратор/ теоретичар/ уметник од странство, практична работа
со еден уметник од Македонија како и повеќе разговори и дискусии со различни профилирани актери од
општествениот живот во земјава.
Учеството на затворените сесии ќе се гарантира преку отворен повик и по препорака на историчари на
уметност, куратори, професори и теоретичари на уметност.
 Отворените  сес ии  се наменети за пошироката јавност и се во вид на дискусии со куратор/
теоретичар/ уметник од странство и нивен локален колега.

Затворените работни сесии ќе бидат на македонски јазик додека јавните сесии со гостите од странство
ќе бидат на англиски јазик.


 Кура тор ск а  идеја  зад  пр огра ма та :

Порака од Ивана Васева

Today, too, I experienced something
I hope to understand in a few days

(Leth: The Perfect Human and The Five Obstructions)

2017 почна толку несигурно и со багаж од 2016 што и веќе на средината на четвртиот месец, додека се
подготвува оваа програма, сеуште има толку многу толкувања колку што можат да се замислат и
неизвесности. Во моментов идејата за стабилно општество сеуште се раздрмува со различни постапки,
сеуште немаме влада а со тоа ниту функционални институтуции.

Уметничката сцена е дезинтегрирана и без стратегија веќе долго време. Образовните институции
продолжуваат со своите ретроградни курикулуми, институциите на културата и уметноста се
нереформирани и неажурирани а во изминативе години едвај и да постојат неколку независни простори
кои продуцираат поинакви размислувања во современата визуелна уметност. Идејата за политичноста на
уметноста или политичката организација  на  уметниците  иако  не  била  посебно  актуелна  и  во  
минатото  сепак  во вакви околности, посебно притиснати во една неолиберална рамка, тешко и да
заживеат.

Уметниците,  поконкретно  оние  визуелните,  како  и  целата  околина  околу  нив, кураторите,
историчарите на уметност, критичарите, теоретичарите, менаџерите итн. исто така се   жртви на
биполарната поставеност на општеството – додека едните го бранат својот интергритет промовирајќи
национални вредности и работејќи согласност нив и ја деградираат уметноста и уметничките техники за
чисто дневно партиски цели, останатите или се обидуваат на различни начини да ги отелотворат своите
идеи или сосема ја напуштаат својата уметничка вокација прифаќајќи да работат нешто сосема друго.  
Оттука се поставува и прашањето, до каде доспева уметничката етика?
Повеќето од уметниците се незаштитени и во погледот на нивните човекови ниту работнички права –
најчесто се без осигурување и без финансиски средства.
Поради тоа не постои кохезивност, ниту пак заедничка основа, која би се изборила за
своите права.

За да се согледа оваа, прилично апокалиптична ситуација која ја живееме, во неможност во целост да
ја увидиме, една хипотеза би било да се суперпонираат двата екстреми кои би ја создале поволната
клима за согледувањето на понатаможно надградување и фукционирање. Бинарната позиција која ја
прават Јорген Лет и Ларс Фон Трир околу филмовите „Совремниот човек“ од 1967 год. на Јорген Лет1  и
„Пет опструкции“ од  Ларс фон Трир и Лет од 2003 год.2 може да биде соодветна контекстуална
предлошка – додека првиот го претставува совршениот човек, вториот му ги поставува првите пет
замерки за несовременото функционирање.
Токму оваа дупка која ја отвораат преку предложената методологија но инверзно применета – од
несовршеноста кон совршеноста - е можна да се примени и овде – како стојат работите и што сакаме од
моментот.

Почеток

Оваа програма започнува тому со анализирање и дискутирање на    социјално ангажираните практики,
кои би му дале позадина на општествениот  развој во земјава, потоа ќе се разгледуваат плејада од
практики во светот но и регионот, па ќе се премине кон   уметничкиот   маркет   за   да   се   
заокружи  програмата   со   независни   уметнички практики.


Всушност, програмата е креирана од основната потреба дека нешто недостасува и дека треба да се
вкуси, дека постои интерес за тоа но дека нема можности. Таа е сместена во конкретни case study или
три простори во Скопје кои се посебно значајни за развјот не само на институционалната, туку  и
уметничка мисла во земјава – Мобилна/ монтажна галерија, кино на Железничка зграда и Кино Култура.

Исто така, дискурзивно – едукативната програма насловена „Совршениот уметник“ е курирана програма
за уметници т.е. не е програма за куратори. Таа детектирајќи ги локалните проблеми ќе понуди еден
кураторски развоен и процесен модел кој ќе се креира и развива според потребите на учесниците.


ДИСКУСИЈА
„Отворени образовни курикулуми – критички единки и колективи“
13 мај 2017 год. (сабота)/ 13:30 – 15:30ч

Официјалниот образовен систем со својата внатре-институционалната политика и кадровска организација
посебно во сегментот на визуелната  уметничка дисциплина  и посебно во услови на неолибералните
политики е многу ретко во аналитичкиот и преиспитувачки јавен домен. Не дека кохезивноста на
интерната структура нема потреба од  тоа,  туку  дека  веќе  „воспоставениот     тек  на  
настаните“  е  многу  тешко  да  се реобмислува и анализира па и менува.
Но што е тоа што може да се воведе во образованието за да се прошират капацитетите, иницијативите  
или  првично,  да  се  зајакне  мотивацијата  на  студентите?  Дали соработката со алтернативните
програми или програмите на граѓанскиот сектор и соработката со нив може да доведе до некакви
взаемни промени и поддршка – а  со тоа и да отвори нови полиња на размислување? Дали треба
доближување наместо оддалечување на двете нивоа?
Додека докторските уметнички студии заземаат замав во светот или се академизира уметничката
дисциплина, сеуште поставениот хиерархиски или традиционално поделен
свет  на  убавите  уметности  е  парадигма  за  установите,  понекаде  ишарани  со  новите
оддели. Воведувањето на кураторски и менаџерски студии, студии за галеристи, оддели за перформанс
во музејските агенди зборува за апропријацијата на секојдневните текови од страна на
институционалениот свет но дали има потреба од тоа? Дали може да се каже дека
мултидисциплинарноста, преиспитувањето, политичноста на уметноста како и потенцирањето на
политичката моќ на уметниците е повеќе карактеристика на граѓанските организации или помалите
институции? Како да дојде до соработка меѓу нив?
Идејата на оваа дискусија е да се лоцираат и анализираат желбите и потребите т.е. каде завршуваат  
разликите  а  каде  почнуваат  соработките  и  размените  на  искуства.  Што
можеме да научиме едни од други? И  кои се можностите и потребите за проширување на образовните
курикулуми во официјалните едукативни институции.
Во земјава постојат многу малку програми, курсеви и летни школи специјално наменети за  наодобразба
 на  младите  уметници  (додека  има  повеќе  примери  кои  постоеле  во
минатото)  па  се  чини  дека  можеби  и  нема  потреба  од  нив.  Наспроти  тоа,  има  три
програми  во  рамките  на  три  универзитети  УКИМ,  УГД,  ДУТ  а  додека     приватните
универзитети негуваат малку поинтердисциплинарни програми како оние на Факултет

за арт и дизајн на ЕУРМ, Факултет за дизајн и мултимедија на ФОН Универзитетот па и Факултетот за
уметност и дизајн на ИБУ, Скопје веќе со години „произведуваат“ нови кадри.
Но што станува со студентите кога ќе завршат студии? Кои се можностите за нив?
Сето тоа е предмет на дискусијата „Отворени образовни курикулуми – критички единки и колективи“ во
рамки на дискурзивно – едукативната програма „Совршениот човек“ која ги  отвора  и  анализира  
„пречките“  кон  совршеноста,  фокусирајќи  се  на  образовните модели и нивната функција.

 Услови за  учество во  модулите:

За учество во затворениот дел од програмата се охрабруваат да се пријават сите студенти по визуелна
уметност и млади визуелни уметници до 35 години. Сите пријавени ќе мора да учествуваат во четрите
дводневни модули и ќе им биде обезбедено храна. За сите учесници кои се надвор од Макеоднија ќе им
биде обезбеден пат, сместување и храна.
Овој повик се отвора на 18 април 2017 год. и трае до 05 мај 2017 год.
Изборот на учесници ќе го направат Ивана Васева, Филип Јовановски и Милан Живковиќ а тие ќе бидат
објавени најдоцна 06 мај 2017 год.

Со овој повик се објавува и отворениот повик за нагарада ДЕНЕС 2018. Тој ќе трае до ноември 2017
год.
Она што е особено важно да се нагласи е дека учеството во оваа програма не ги квалификува    
уметниците    директно    во   финалето    за    наградата    ДЕНЕС    2018    но
организаторите силно ги охрабруваат да земат дел од неа затоа што ќе значи дополнителна референца.


 Потре бни  докум енти  за приј ава на еду кативната  програма:

- Професионална биографија
- Кратко мотивациско писмо
- Електронско портфолио со јасно наведени активности

* Она што е особено важно да се нагласи е дека наградата е наменета само за уметници од визуелната
уметничка дисциплина. Тоа значи дека уметниците може да имаат другa едукативна биографија но дека
нивниот уметнички сензибилитет, како и нивната намера е да творат во визуелната уметност. Со тоа,
едукативната програма т.е. затворените сесии се првенствено наменети за нив но тоа не ги исклучува
исто така и оние кои се навистина заинтересирани да ја посетуваат.


 Биографии  на организаторите  на  програмата :


Ивана  Васева  (1984)  курира,  организира,  менаџира  и  координира  програми  и активности
поврзани со современата визуелна ументост но често и мултимедијални и интердисциплинарни проекти.
Таа живее и работи во Скопје каде, заедно со уметникот Филип Јовановски, ја раководат
организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од   Битола/   Скопје   и   се   куратори   
на   годишниот   АКТО   Фестивалот   за   современи уметности.
Во моментов таа ја курира и менаџира едукативно – дискурзивната прогарама „Совршен уметник “ во
рамки на ДЕНЕС наградата за млад визуелен уметник како и долгорочниот
проект  за  модернистичкото  архитектонско  наследство  и  мисла     „Кога  зградите  би
зборувале“ а учествува и во неколку истражувачки проекти и изложби во повеќе земји.
Во интерес на нејзината кураторска работа и истражувања се различните формати на претставувања во
современата визуелна уметност   како и колаборативните практики
кои би ја потенцирале потенцијалноста и политичката моќ на уметноста во различни
контексти.
Во 2016 год., таа заедно со Биљана Тануровска – Ќулавковски го започна истражувањето за културни
работници кое препрасна во иницијатива за менување на Законот за култура
во  РМ.    Досега ги спроведувала  проектите„ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ:  архиви  на  граѓански

непослушност“, големите истражувачки проекти СКОПЈЕ: ВРВНА КОЛЕКЦИЈА НА ЛИЧНИ СЕЌАВАЊА 1960 – 2010
вол. 1, „Уметникот и Диктатурата“ и др.
Заедно со Филип Јовановски е добитник на наградата „Ладислав Баришиќ“ на АИКА – Македонија за
истражувачкиот проект „ Kолективното делување како политичка, а не
организациска одлука“.
Досега ги курирала изложбите You made me so sad. Now, that doesn’t have anything to do with you,
МСУ има магарешки уши, ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА и др.
Васева завршила студии на Факултетот за историја на уметност при Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј“ во Скопје а била една од учесниците на проектот „Расшколувано знаење“, колективно
самообразование во уметноста и културата. Има специјализирано во  областа  на  кураторството  на  
Кураторската  програма  (2011/2012)  на  de  Appel  arts centre во Амстердам, Холандија.

Здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“ од Битола/ Скопје е основано
како отворена и едукативна и продукциска платформа на полето на современата   уметност   и   
култура   со   посебен   фокус   на   негување   на   критички   и ангажирани односи и активно
учество на граѓаните во политичкиот, општествен и уметники контекст во различни средини.
Идејата за факултет или едукативна платформа која се состои рботи/ теми/ часови кои не  можат  да  
се  научат  туку  се  иманентен  дел  од  човековото  необврзано  познавање,
инсистира на принципот на делење, соработка, самоорганиација и заедничко учење.
ФРУ е основано во 2003 год. како платформа од повеќе уметници, театарски, ликовни и студенти по
архитектура за продукција на современа уметност и културни настани.
ФРУ ги базира своите активности на 3 програми:
1. ЈАВНА УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА која е насочена кон креирање на отворена и критичка практика  во
земјава и ја адресира темата на недостаток на информирани и едуцирани на
млади луѓе и публика и потребата за дијалог помеѓу уметниците и публиката на полето
на граѓански активната култура преку алтернативно образование и нови хибридни формати на акција.
Оваа програма исто така вклучува објавување и презентација на публикации  на  тези  и  теми  кои  
се  знајачни  на  поелто  на  современата  уметност  и култура;
2. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ (започнал во Битола, во 2006 год.) и се наметна себе си
како сериозен партнер во промоција и продукција на нови форми на
влијание на граѓанската свесност, локално и регионално, како и воведување на нови
начини на вклучување на волонтери и млади луше кои гравитираат, учат и му помагаат на фестивалот.
АКТО соработувал со повеќе организации во партнерски проекти, проуцирајќи 11 изданија до сега, со
учество на околу 600 уметници. Оваа година АКТО, обновено и ребрендирано под насловот ПОП АП АКТО,
беше продуцирано во 4 градови (Битола, Скопје, Штип и Ттеово) и соработуваше со околу 250 учесници,
30 партнерски организации, вклучувајќи 70 волонтери и околу 10 000 публика.
3. ДЕНЕС Награда за млад визуелен уметник (копартнер со Центар за современи уметности – Скопје) и
во соработка со партнерите Trust for Mutual Understanding и Residency Unlimited во Њујорк, САД.
Организацијата во своето 15 – годишно постоење била член на неколку регионални платформи  од  
областа  на  современата  култура  и  уметност  како  и  соработувала  на
интернационални   проекти   и   фестивали   како   фестивалите   Перфрације   (Загреб)   и
Culturscapes (Базел), регионалните мрежи BCC / balcan can contemporary и Urban Hum. Таа ги  
продуцирала:  регионалните  проекти  Слушајќи  ја  публиката,  ЖИВИ  БИБЛИОТЕКИ:
архиви на граѓанска непослушност, If buldings could talk, локалните Култура за граѓански
промени, Микроутопии и стварности и други.

Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија го поддржува процесот на трансформација на државата во
следниве подрачја:
•  Граѓанско учество и активизам

•  Социјален дијалог
•  Приближување на Македонија кон Европска Унија
•  Регионална соработка на Западен Балкан
Во својата работа, фондацијата Фридрих Еберт се раководи според основните вредности на социјалната
демократија: слобода, правда, солидарност и меѓународна соработка.
Оваа задача фондацијата Фридрих Еберт ја следи и во Република Македонија, каде што
има своја канцеларија од 1996 год.

Центарот  за  современи  уметности  –  Скопје  е  органзиација  која  придонесува  на поињата како
култура, регионална соработка, едукација и градење на капацитети, уште од 1999 год., кога беше
создадена како независна невладина институција.
ЦАЦ – Скопје е непрофитен културен центар кој се занимава со теми како култура, културна  
децентрализација  и  развој.  Главните  цели  на  ЦАЦ  –  Скопје  се  да  иницира
активности  со  цел  да  се  подобри  генералното  ниво  на  уметноста  и  културата  во
Македонија,   да   се   создаде   одржлива   културна   сцена   во   земјава,   да   се   подобри
генералниот културен живот во Македонија и да создаде осноца за децентрализиран општествен и
културен живот.
Во псоледните неколку години ЦАЦ – Скопје работи на развојот на рурални заедници, организација на
мобилни кина по села, културни лета во рурални региони, уметнички изложби,   работилници   на   
полето   на   културата   и   живото   наследство,   проекти   за зачувување со акцент на
вклучување и ангажиранст на локалцие во активностите. Генерална цел е да се овозможи слобода на
изразување, да се стимулира анимација на културниот живот, да промовира културна и етничка
разноликост, да контрибуира кон децентрализацијата на културата и да се ангажира во развојот на
културен и општествен живот во руралните региони на Западен Балкан.

ДЕНЕС е награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник до 35 години во
Македонија. Оваа награда во Македонија е организирана од страна на Центар за современи уметности –
Скопје уште од 2003 год. а во 2015 год. како партнер организација се вклучува и организацијата ФРУ
– Факултет за работи што не се учат од Битола/ Скопје која е организатор на настанот.
Оваа награда е дел од интернационалната мрежа на награди насловена „Програма на награди   за   
млади   визуелни  уметници“   во  Централна   и   Југоисточна   Европа.   Оваа програма е основана
во 1990 год. од Фондацијата за граѓанско општество заедно со претседателот на Чешка, Вацлав Хавел и
потоа се проширува со воспоставување на награди во уште 10 земји во регионот. Од 2016 год. оваа
програма е менаџирана од резиденцијалната  програма  Residency  Unlimited  а  наградата  е  два  
месеци  престој  во

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

16/11/2024 - сабота

Св. свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; +Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 3 ноември / 16 ноември 2024

Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните,помошник на владетелите,

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Тропар на светите маченици Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор и Анемподист 2 ноември / 15 ноември 2024

Страдалници Господови, блажена  е земјата, која се напои од вашата крв,  и свети се населбите кои ги примија телата ваши. На боиштето...

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная