„Еден ден ќе почнеш да се досадуваш. Се ќе почне да ти пречи. Ќе ми се лутиш затоа што не сум го кренал капакот од тоалетната школка. Јас цела вечер ќе поминувам на компјутер, а ти ќе ме изневеруваш. И тогаш само болката ќе ми прави друштво. Но, жената има потреба мажот да и се восхитува, само така може да цути. На цветот му треба сонце. А Ана свена пред моите очи, кои гледаа на друга страна. Мојата жена Ана беше неверојатна, но премногу убава за да биде среќна. Ни највештата метафизика не може да го оправда човекот кој го скршил срцето на оној кого си го сакал. Но, сите ние некаде длабоко во себе имаме некој љубовен јад што дреме. -
Извадок од романот „Љубовта трае три години“ од Фредерик Бегбеде.
Едвај ја чекам средбата и интервјуто со овој контраверзен француски писател. Ме нервира насловот на неговиот роман и теоријата дека „љубовта трае три години“ и дека среќна љубов не постои. Можеби и ќе се скараме :) Дефинитивно ќе спориме. А можете и вие... и на многу други теми. Влезот е слободен! Се гледаме на 29 април (сабота) во 19:30 часот во „Јавна соба“/“Public Room“ на дружба со славниот Бегбеде во организација на издавачката куќа „ТРИ“ во сорабтока со Француски институт во Скопје
Ana Jovkovska