По повод завршувањето на проектот „Европските вредности во делата на македонските и бугарските писатели од XX век“, имаме чест да Ве поканиме на 1 јуни 2016 година (среда), во 12,00 часот во Амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите каде ќе се одржи завршната промоција на заедничкиот зборник, објавен во 2015 година под наслов: „Модернизмот во бугарската и во македонската литература“.
Промоцијата ќе ја отвори акад. Таки Фити, претседател на МАНУ
За проектот и за зборникот ќе зборуваат: проф. д-р Елка Трајкова, директор на Институтот за литература на Бугарската академија на науките, проф. д-р Александар Јорданов, раководител на проектот од бугарска страна и акад. Милан Ѓурчинов, раководител на проектот од македонска страна.