Почитувани,
Имаме чест да Ве поканиме на отворање на изложбата Графичка мапа на глаголицата, од проф. д-р Трајче Блажевски и проф. д-р Фехим Хусковиќ, во Изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите на 24 мај (вторник), во 11.00 часот. Изложбата ќе ја отвори академик Катица Ќулавкова.
Отворањето на изложбата е настан што ќе се одржи во рамките на Свечениот собир посветен на сесловенските просветители СВВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ, заедничко чествување на Македонската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науките, на 24 мај 2016 година (вторник) во МАНУ, со почеток, во 11,00 часот.
П Р О Г Р А М А
ПОЗДРАВНИ ОБРАЌАЊА
академик Таки Фити, претседател
на Македонската академија на науките и уметностите
академик Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науките
ПРИГОДНИ ГОВОРИ академик Блаже Ристовски, МАНУ КИРИЛОМЕТОДИЕВСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
академик Дамјан Дамјанов, БАН
ПРОМОЦИЈА НА ТРИ ЗАЕДНИЧКИ ИЗДАНИЈА
КИРИЛОМЕТОДИЕВСКИ ТРАДИЦИИ
ЗАЕДНО
Говори од заедничките чествувања на БАН и МАНУ
на свв. Кирил и Методиј, Софија, 2014 и 2015
Промотор: акад. Георги Старделов
ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ БОРБИ НА МАКЕДОНИЈА ОД ИСТОЧНАТА КРИЗА ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ
Зборник од научната конференција, Битола, 2015
Промотор: акад. Блаже Ристовски
БАЛКАНСКИ ИДЕНТИТЕТ/И
Прилози од научноистражувачкиот проект
„Културната интеграција и стабилноста на Балканот“ Промотор: акад. Катица Ќулавкова
И З Л О Ж Б А
ГРАФИЧКА МАПА НА ГЛАГОЛИЦАТА
проф. д-р Трајче Блажевски и проф. д-р Фехим Хусковиќ
Изложбата ќе ја отвори академик Катица Ќулавкова