На 8 мај, 60 учесници пријавени од Скопско Ноќно Трчање ќе трчаат на 21 и 42 километри за Живот со Предизвици, а исто така ќе има и дополнително учесници и на трката од 5 километри. И здружението за пулмонална хипертензија Момент Плус се приклучува на Скопски Маратон со учесници на 5, 21 и 42 километри и со учество во штафетно трчање. Гласот на ретките болести е посилен кога сме заедно.
Оваа активност се одржува за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести во Македонија и предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести и нивните семејства во секојдневниот живот. Благодарни сме на сите што не поддржале до сега и ја продолжуваме соработката и понатаму. Се надеваме дека ќе придонесеме како здружение за иднината за луѓето со ретки болести да биде иднина која ја посакуваат.
Повеќе информации во прилог,
Фотографии ќе бидат испратени во сабота после пресот во градски парк кај фонатаната, каде ќе се делат маиците на учесниците.
Искрено,
--
Весна Алексовска
Претседател на Здружение на граѓани за ретки болести,
ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола
+389 70 705 446
http://challenges.mk/
Vesna Aleksovska
Chairman of the association of citizens for rare diseases,
LIFE WITH CHALLENGES Bitola
+389 70 705 446
http://challenges.mk/