логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Икона на Пресвета Богородица
„Нажалена за бебињата убиени во утроба“


Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка. Помеѓу нив, особено совршена е иконата на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’.


Историја на напишаниот свет лик

Според христијанската вера, појавувањето на бебето во жената произлегува поради Божја волја, во него има честичка на вечноста, честичка на Бог – душа. За жал, се случуваат такви ситуации, кога жената одлучува да се ослободи од така наречената несакана бременост, било тоа да се лични или медицински причини. Од една страна, православието се противи на убиството на сé уште неродените деца, сметајќи го тоа за грев, но од друга страна, на самата жена потребна и’ е психолошка и духовна помош за да ја надмине оваа тешка ситуација.


Икона на Божјата Мајка „Нажалена за бебињата убиени во утроба



Иконата на Божјата Мајка, Нажалена за бебињата, помага жената да се прочисти и прероди после таква тешка ситуација. Оваа икона, напишана релативно неодамна, можно е да се види при посетата на Макариевскиот храм во Киев. Историјата за нејзиното пишување е таква, што за време на прошетката на една од парохјаните, на камен и’ се појави изобразението на Богородица, која таа веднаш го нацрта со молив на лист на хартија. Со тоа изобразување пријде жената во храмот, барајќи благослов од игуменот за пишување на иконата.

Во тоа време Старец Јона ревносно се трудеше за извршување на Крстна поворка против абортусот, но икони, погодни за вакви дејства немаше. Наскоро, овие две околности се совпаднаа и по благослов на митрополитот Киевски и цела Украина беше напишана икона со која подоцна беше извршена Крстната поворка.


Опис на иконата

Иконата на Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’ е уникатна, изобразувањето на неа ни кажува за тоа како ангел му ја предава на Исус Христос душата на нероденото бебе за нејзино враќање  на Бог. Телото на бебето крвоточи опоменувајќи ја жената која се моли за она што го сторила, но истовремено давајќи и’ исто така надеж за тоа дека бебето се врати дома.


Како заштитува иконата

Иконата на Богородица ја заштитува жената од правење на истиот грев во иднина, и’помага да го помине процесот на покајание и очистување преку молитвата на светиот лик. Исто така се молат кај иконата и оние жени кои не можеле да го износат бебето и им биле  дијагностицирани такви дијагнози како што се замрзната бременост или спонтан абортус.


Совет! Жена која посакува да биде мајка и да има добро семејство може да се помоли кај оваа икона за да Божјата Мајка и’ даде духовна сила и здравје за идна бременост.


Како се молиме пред иконата

Иконата на Божјата Мајка, „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’, им помага на жените да се  очистат од гревот чедоморство и да се покајат за стореното дело. Многу духовници уверуваат дека молитвата кај оваа икона е насочена не само за ослободување на гревот на мајката, туку и за грижа на убиеното бебе, кое не требало да се роди.


Икона на Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’


Постои текст на молитва која може да се научи наизуст, а можно е и да се прочита во молитвеникот – нема особена разлика во тоа, битно е молитвата да произлезе од самото срце:

„О, Владико, Господи Исусе Христе, Сине Божји! Голема е Твојата благодат Кој како човек заради наше спасение се роди, беше распнат и погребан, со Твојата крв е попрскана нашата грешна плот. Прими го моето покајание за гревовите и услиши ги зборовите мои: грешна сум, Господи, пред небото и пред Тебе, со збор, дело, душа, тело и помисли.Твојата заповед не ја исполнив, не ги
чув Твоите повелби, ја прогневив Твојата добрина, но, Господи и јас сум Твое создание, Те молам за  спасение: Господи, дарувај ми скрушено срце во покајание, прими ме мене која Ти се молам и дарувај ми добра мисла, дарувај ми солзи на умиление, Господи, поради Твојата добрина, постави добар почеток. Помилуј ме, мене, грешната слугинка Твоја во Царството Твое, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.’’

Во што помага иконата

Многу чудесни случки се поврзани со иконата на Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’. Во храмот каде се наоѓа иконата, често може а се слушне историјата за тоа како некои жени таа икона ги привела кон православието и кон духовниот живот.

Се вели дека една жена често сонувала деца, во еден сон таа ги прашала, каде е вашата мајка, на што тие и одговориле, дека нивната мајка е таа самата и дека таму каде што тие се наоѓаат сега им е многу лошо, зашто тие дури немаат име. После кратко време жената случајно дозна дека во црквата се организира Крстна поворка со иконата на Богородица, „Нажалена за бебињата’’; и приоѓајќи во црква и веќе после Крстната поворка, при разговорот со свештеникот, сфати дека нејзините неродени деца ја приведоа неа во храм.


Важно! Иконата исто така помага во простување на гревовите на починати роднини, што значи можно е да се моли не само за своите гревови, но и за гревовите, поврзани со раѓањето, на мајките, бабите и прабабите, за олеснување на другиот живот на блиските на „оној’’ свет.


Источник:  
http://molitva-info.ru/ikony/ikona-presvyatoj-bogoroditsy-skorbyashhaya-o-mladentsah.html

 

Подготви: Снежана Корнет

19-ти септември 2018 лето Господово

 

Друго:

 

За Акатистот

 Bogorodica.Sv.Gora.jpgШто е тоа акатист, и зошто се чита во црквите?


Во овој ден празнуваме неседална песна – Акатист на Пресветата Владичица наша Богородица, од овие причини: Кога Ираклиј управуваше со византиското царство, персискиот цар Хозрој, гледајќи дека моќта на Грците значително ослабела поради тиранијата на императорот Фока, испрати еден од своите велможи, по име Сарвар, со илјадници елитни војници, за да ги покори за себе сите источни земји. Кога велможата Сарвар ги плени сите источни земји, тој стигна и до самиот златен град (Хрисополис), кој сега се именува Скутари. Царот Ираклиј, поради недостатокот на општественото богатство (злато), свештените и црковни сосуди ги претвори во златници, заради поголем и посовршен реванш, употреби бродови на Црното Море, за да ги отфрли на персиска страна; тој ја уништи нивната моќ и Хозрој беше победен со остатокот од неговата војска. Малку подоцна, Сирој, синот на Хозрој, се побуни против својот татко и ја грабна власта. Тој го уби својот татко Хозрој и се здружи со царот Ираклиј. Но, хаганот мисојски и скитски, кога дозна дека царот го минал Црното Море за да се бори со Персијанците, го раскина примирјето со Грците и, на чело со илјадници војници, стигна до Константинопол од западната страна, извикувајќи хулни гласови против Бога. Веднаш морето се исполни со бродови, а копното со пешадија и безбројни коњаници. Тогаш патријархот Константинополски Сергиј, го тешеше народот да не се предава и да не се разочарува, туку сета своја надеж од душа да Му ја предаде на Бога и на Неговата Пречиста Мајка Богородица. Исто и патрицијот Вонос, кој тогаш управуваше со градот, го направи она што беше потребно за да ги одбие непријателските војници. Тој велеше: „Треба и ние, покрај помошта одозгора, да го направиме она што е во наша моќ“. А патријархот, со сиот народ, носејќи ја иконата на Божјата Мајка по бедемите, им даваше подршка. Додека Сарвар од исток, а Хаганот од запад почнаа да ја палат околината на градот, патријархот ја носеше и иконата „Неракотворен Образ Христов“, чесниот и животворен Крст, како и чесната риза на Богомајката, околу градските бедеми. А Хаганот Скитјанин ги напаѓаше градските бедеми од копно со толку големо мноштво, што на еден Грк имаше по десет Скити. Но, непобедливата Војвотка (Богородица), со малиот број војници што се наоѓаа крај нејзиниот храм, наречен Извор, го уништи нивното мноштво. Тогаш Грците, охрабрени и радосни, под водство на непобедливиот Војвода – Божјата Мајка, ги победија до крај и засекогаш. Кога им предложи примирје, граѓаните одбија, а Хаганот им рече: „Не залажувајте се со Бога во кого вие верувате, бидејќи утре секако ќе го освојам вашиот град“. Граѓаните, кога го слушнаа ова, ги пружаа своите раце кон Бога. Откако се договорија, Хаганот и Сарвар нападнаа и од копно и од море, обидувајќи се да го заземат градот со помош на лукавства. Но, толку беа победени од Грците, што преживеаните не беа способни да ги изгорат ни мртвите. Чунови полни со војници, минувајќи низ кривината наречена Рог, се упатија кон Богородичната црква во Влахерна, но една силна бура го разниша морето ненадејно и оваа флота беше разбиена, уништена со сите непријателски бродови. И можеше да се види тоа чудо на Мајката Божја: ги одби од брегот во Влахерна сите напаѓачи. Тогаш народот побрза да ги отвори портите и речиси сите ги испотепаа, па дури и жените и децата се кренаа против непријателот. Нивните началници се вратија, плачејќи и редејќи. А богољубивите луѓе на градот Константинов, оддавајќи и благодарност на Мајката Божја, отпеаја една сеноќна песна, без седење (неседална – Акатист), бидејќи и таа самата не престануваше да бдее за нив, и со натприродна сила таа ги победи непријателите.

Оттогаш, во спомен на тоа толку големо и натприродно чудо, Црквата го прими овој празник во чест на Мајката Божја, во ова време од годината кога се случи таа победа. А се именува Акатист, бидејќи тогаш беше отслужен стоејќи од страна на свештенството и од сиот народ.

Триесет и шест години подоцна, за време владеењето на Константин Погонат, Агарените собраа огромна војска и повторно го нападнаа Константиновиот град и го опседнуваа седум години и, кога тие зимуваа покрај Кизик, тие погубија многу свои (жители). Потоа, откако се откажаа и се вратија со нивната флота, сите тие беа проголтани од морето, покрај Силое, благодарејќи на заштитата на сечистата Богомајка.

И по третпат, за времето на Лав Исавријанин, потомците на Агара, на број повеќе илјади, најнапред го разурнаа Персиското царство, потоа Египет и Либија, ги освоија и Индија, Етиопија и Шпанија. Најпосле го нападнаа и царскиот град со илјада и осумстотини бродови. Тие го опколија и чекаа да го ограбат. Но градските посветени луѓе, носејќи го чесното дрво на чесниот и животворен Крст, и чесната икона на Мајката Божја – Одигитрија (Патеводителка), ги обиколија градските бедеми, молејќи Го Бога со солзи. Тогаш на Агарените им се стори дека е подобро да се поделат на две групи: едните тргнаа против Бугарите и таму загинаа повеќе од дваесет илјади; другите беа оставени околу градот за да го заземат. Бидејќи беа спречени од веригите кои одат од Галата до градските ѕидови, тие допловија некаде до местото кое се именува Состен, но таму почна да дува северен ветар и многу нивни бродови се искршија и се потопија. Преживеаните станаа плен на голем глад, така што почнаа да јадат и човечки тела и кал. Потоа, бегајќи, стигнаа до Егејско Море, но таму се потопија со сите нивни бродови, бидејќи падна силен град од небото и го разбранува морето, така што ја распрсна и смолата на бродовите, и така изгина оваа огромна војска, од која останаа само тројца за да раскажат.

Поради сите овие натприродни чуда на Пречистата Богомајка, ние го празнуваме овој празник. А го именуваме Акатист, бидејќи таа ноќ сиот народ остана стоејќи за да ја пее химната на Мајката на Словото. Ако при пеење други песни може и да се седи, овие на Божјата Мајка сите простум ги слушаме.

По молитвите на Твојата непобедлива Мајка, Христе Боже наш, избави не и нас од неволјите што не притискаат, и помилуј не како единствен Човекољубец.

Извор: Ортодоксија ортопраксија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1888
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2395
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная