логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Имајќи ја во предвид нашата затонатост во гревови, духовниот живот не е нешто самопоимно и лесно. Оној кој што сака да го придобие мирниот дух на спасението, за да им помага и на другите во нивниот пат кон Бога, треба да го постави на здрава основа најпрво својот и сопствен духовен живот.
 Духовнот живот започнува од верата во Бога, Којшто е Дух (Јован. 4, 24). Тој не создал по свој образ и подобие (Бит. 1, 26- 27), Го всадил во нас духовното начало и духовниот стремеж да Го бараме. Со верата во Бога неразделно се сврзани надежта и љубовта кон Него. ,,Без вера не е возможно да Му се угоди на Бога; затоа што оној, којшто приоѓа при Бога, треба да верува, дека Тој постои и ги наградува оние, коишто Го бараат.
 Основата на духовниот живот е смирението. Силата на нашиот враг се крие во гордоста. Но таму е и неговото безсилие. Денница (паднатиот ангел) се издигна раководен од гордоста, но и падна од истата таа гордост. Преку гордоста тој ги измамува и сите луѓе.
 Ако сакаме да го победиме непријателот на нашето спасение, треба најпрво да се облечиме во одбранбениот штит на смирението. Тоа ќе нé направи непобедливи за ѓаволот, затоа што тој е безсилен пред смирението.
 Целиот живот на Спасителот е прекрасен пример на невидено смирение. И Неговото слегување од небесниот престол на оваа грешна земја, и Неговото раѓање во овчарска пештера, и Неговото незабележително детство во непознатиот град Назарет, и беспорното Негово послушание кон Неговите блиски, и Неговото служење на другите до себепожртвување, и миењето на нозете на учениците, и Неговите страданија, и Неговата крстна смрт- сé сведочи за Неговото бескрајно смирение. ,,Затоа  ви дадов пример да правите и вие така, како што ви направив Јас“ (Јован. 13, 15)- им рекол Тој на Своите учениците, откако им ги измил нозете.
 Ако човек се впушти во патот на разните духовни подвизи, но не со смирение, а поттикнат од гордост, тој рано или покасно ќе пропадне. Колку повеќе сакаме да се издигаме кон Бога, толку повеќе треба да се смируваме.
 Со својата гордост ѓаволот е силен, но само пред горделивите, затоа што само над нив тој има власт. Мразот може да биде нешто многу силно, но само при многу силен студ. Ќе огрее ли топлото сонце, тој, силниот мраз, започнува беспомошно да се топи. Така и гордоста на лукавиот е бесилна пред сончевото смирение на вистинските Божји угодници.
 Не случајно Спасителот го поставил како темел на блажениот духовен живот смирението: ,,Блажени се бедните по дух, затоа што е нивно Царството небесно” (Мат. 5, 3). Кон тој мир постојано не поттикнува Спасителот велејќи ни: ,,Поучете се од Мене, затоа што сум кроток и смирен по срце“.
 Второто основно начало на духовниот живот е самоосудувањето. Горделивиот никогаш не се самоосудува. Тој секогаш се смета себе си за прав. Само смирениот е готов да признае пред себе, пред ближните и пред Бога за секоја своја постапка.
 Самоосудувањето се изразува на дело во самосожалувањето за нашите гревови, коешто пак наоѓа израз во нивното исповедување во светата тајна покајание. За да можеш искрено да ги исповедаш своите собствени гревови, треба најпрво да ги видиш, да се погнасиш от нив и да се самоосудиш за нив.
 Но, самоосудувањето не е доволно. Тоа треба да биде придружено со тврда решителност да не ги правиме повеќе претходните безаконија. Инаку нема успех во духовниот живот.
 Ние треба да им забраниме на злите наклонности во нас да го разматуваат кладенецот на нашето срце со поривите на гревот, и тоа ќе се избистри. Дури  тогаш ние ќе ги разбереме навистина Христовите зборови: ,,Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога” (Мат. 5, 8). На тој начин на крајот од двострани луѓе ние ќе можеме да постанеме единствени во нашите души и целиот наш живот на Христа Бога да го предадеме. Така ќе придобиеме мирен дух за нашето сопствено спасение и за спасението на нашите блиски, со кои што Бог не поставил во врска.
 Четвртото основно начало на духовниот живот е ревноста да му угодиме на Бога. Од неа се состои срцевината на духовниот живот. Нема ли во нас ревност за Богоугодување, нема и духовен живот. Ревноста зависи од верата и љубовта кон Бога. Немоќна ли е верата, бледа е и љубовта. Недостасува ли надежта- слаба е и ревноста. Недоволната или малата ревност е како малото пламенче, кое што силните ветрови на животот лесно можат да го угаснат. А силната ревност е како бурните пожари, които не само не угаснуваат, но уште повеќе се разпалуваат при дувањето на бурните ветрови.
 Сите свети маченици и Божји угодници се одликувале со таква ревност за Богоугоден живот. Благодарение на неа тие ги извршувале своите чудни подвизи, коишто и денес будат воодушевување. Од ревност по Бога, отец Јован Кронштадски спиел често пати само по 3- 4 часа во деноноќието, живеел високо духовен живот и бил жртвено готов да ги оддаде и последните сили во служба на малите Христови браќа.
 Петото основно начало на духовниот живот е молитвата. Ревноста и молитвата се тесно сврзани помеѓу себе- толку тесно, што една без друга не можат да постојат. Има ли ревност- има и молитва. Нема ли ревност- нема и молитва. Ако пак молитвата угасне, и ревноста за водење на Богоугоден живот ќе угасне. Оттука доаѓа заклучокот: сакаме ли да збориме од ревност по Бога, требва често да се молиме!
 Молитвениот подвиг е духовниот барометар, којшто покажува какво е времето во нашата душа. Жедни ли сме за молитва- тоа е добар признак. Тоа сочи, дека душата ни е жива и жедна за Бога. Но ако исчезне таа свештена жед за молитен разговор со Бога, тоа е зол (лош) предзнак дека гревот ја исполнил со мрак нашата душа, и дека ние сме близу до онаа плачевна состојба, која што се нарекува духовна смрт. Од таква духовна смрт може да нé возкресне само Бог, преку чудото на нашето лично покајание. Тоа нé враќа одново кон молитвата и ревноста.
 Од искрената молитва се раѓа топлото чувство кон Господа, коешто во почетокот се појавува ретко, а после почесто и почесто, се додека во закрепнатите тоа се претвора во непрекинато чувство за Бога. Тоа чувство е сладостно и блажено и со неговото прво појавување те возбудува да го сакаш и бараш уште повеќе, така што да не го напушта веќе твоето срце, затоа што во него е рајот.
 Кога една облека долго стои под сончевите зраци, таа се нагрејува силно. Така се случува и тука. Кога оној што се моли стои под зраците на свесното комуницирање со Бога, неговото срце се повеќе ќе се згрее со неземната топлина на благодатта, и неговата ревност ќе се воспламенува. Вистинскиот духовен живот започнува, кога човекот ќе ја  прими таа топлина, и тој благословен оган.
 Но ревноста може да намали и да се појави на нејзиното место оладување. Има едно привремено оладување, предизвикано од умор или од боледување. Тоа не е така опасно, затоа што брзо одминува со отпаѓањето на причината, која што го е предизвикала. Но бедно е оладувањето кое што се појавува како последица на доброволното отклонување од Божествената волја. Тоа го убива духот и го пресекува духовниот живот.
 Од тоа оладување ние требва да се плашиме како од смрт. Тоа се појавува како последица на невниманието во духовниот живот. Таа невнимателност пак е сврзана со оддавањето на небогоугодни наклонности со запаѓање во гревови и особено со нивното незаповедување. Секој грев ја прекинува нашата врска со Бога. Единствено преку покајанието и светата тајна Исповед, која што ни дава прошка на гревовите, ние можеме да ја обновиме нашата врзка со небото. Од искрата на тоа доброволно помирување со Бога одново може да се запали огнот на изгасената ревност по Бога!
 Но за секојдневното запазување на Божјата волја, на човекот му е потребна помош, затоа што освен со гревовите и страстите, потребно е да се бори и со предавствата на демоните. Духовниот наставник е водачот во тоа духовно единоборство. Наставникот не секогаш е исповедник. Во женските манастири на пример, е игуманијата или некои од повозрастните сестри коишто имаат задолжение (обврска) да ги упатуваат помладите. В истото време парохиските свештеници кои што исповедуваат, ретко се и духовни наставници, затоа што современите луѓе сé потежко слушаат „туѓи“ совети, а и затоа што малку свештеници имаат дар за упатување (поучување во духовниот живот). По време на исповедтта тој (исповедникот) води разговор така, што човек да може да  ги искаже и најтежките работи за искажување, и надвладувакќи го срамот, да престане да се крие од Бога (Бит. 3, 10). Разрешителната молитва на крајот ги разрешува (опростува) гревовите и ги праќа во небитието- таму од каде што дошле.
 Исповедта е преобратување на нашата внатрешна „зона“ нанадвор, која што постои заради тоа што сме дел од големата зона на паднатиот во грев свет. Во таа смисла таа е средство за самопознание. Воведителната молитва во почетокот на исповедта има за цел да не ослободи од потресот и срамот и да ни помогне да ги изнесеме на ,,бел свет” тие гревови.
 По завршувањето на исповедта, кога изрекувањето, ислушувањето и кажувањето во одговор ќе завршат со молитва, исповедникот го остава Светиот Дух да му помогне на неговото чедо да се „собере”, да го усвои и „намести” во себе чуеното; да „се подреди” уште еднаш на еден нов начин. И колку повеќе тие обиди и сила пуштаат корени во нашата душа, толку помалку немоќта и демоните можат да и наштетат на неа. Така исповедта и покајанието го подготвуваат човекот за највеликиот настан во христијанскиот живот- примањето на Бога со дух и тело во светата тајна Евхаристија.
 Бог ни дал не само разум, чувства и слободна волја, но и средство за да се ослободиме од гревот. На тој начин Тој ја оставил иницијативата за нашето спасение во нашите сопствените раце. Таа започнува со верата, дека Бог има лек за секоја човечка болка, и со знаењето за нашата немоќ, да ја надминеме сами (Псал. 6, 3-6), и со жешката молитва Тој да ни испрати духовник, кој што ќе ни помага и ќе нé води.
 Покајанието од друга страна, е договор на човекот со Бога, според чија што сила човекот ветува да си го поправи својот живот. И штом еднаш тргнал тој по тој пат, треба да оди по него по цената на сé. Навистина по цената на сé и со сознанието, дека немаат крај  богатствата, коишто можат да се добијат со покајанието.
 Бог, Којшто е беспределно верен (1 Кор. 1, 9), сака од нас да се спасиме (Јован. 12, 47). Со Своето распетие, Тој го искупил човечкиот род и го поставил покајанието и исповедта како средство за очистување од гревовите. Тој нé осенува со Својата благодат секој пат кога се каеме за нив и срдечно го молиме да ни прости. Милоста Божија се појавува после секој напад врз човекот од страна на демоните. Исповедта и духовното раководство постепено прават да биде возможно да се поклонуваме на Бога со Дух и вистина (Јован. 4, 23-24). Тие ја враќаат нашата невиност, ја востановуваат изгубената пред илјадолетија врска со Отца и чувството за Неговата секадеприсутност, и таткво присуство.
 Во современиот свет, којшто лежи во зло и силно е опседнат од демоните,  што повеќе можеме да посакаме?

Припремил: проф. м-р Дарко Милев

 

Друго:

АКСИОМИ НА РЕЛИГИОЗНОТО ИСКУСТВО

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная